Connect with us

македонија

Намалување на корупцијата во приватниот и државниот сектор

Завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ

објавено

на

Регулативи и механизми има, но фали имплементација на политиките за намалување и сузбивање на корупцијата. Борбата против корупцијата  мора да бидат резултат на синергија и соработка помеѓу сите засегнати страни – бизнис секторот (приватен и државен), државните институции и граѓанскиот сектор. Сепак, корупцијата е “двонасочна улица“ и сите во општеството, почнувајќи од поединечно кон колективно ниво, мора да го смениме сопствениот мајндсет и перцепцијата за корупцијата и заеднички да придонесеме во искоренување на овој феномен којшто ја подјадува економијата и општеството генерално. Ова беа само некои од клучните поенти изнесени пред неколку денови на конференцијата „Бизнис без корупција“ што се одржа онлајн, како завршен настан во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис сектор“ финансиран од Европската унија и спроведен од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со граѓанската организација „Конект“ и Здружението на даночни советници. 

Регулативи и механизми има, но фали имплементација на политиките за намалување и сузбивање на корупцијата. Борбата против корупцијата  мора да бидат резултат на синергија и соработка помеѓу сите засегнати страни – бизнис секторот (приватен и државен), државните институции и граѓанскиот сектор. Сепак, корупцијата е “двонасочна улица“ и сите во општеството, почнувајќи од поединечно кон колективно ниво, мора да го смениме сопствениот мајндсет и перцепцијата за корупцијата и заеднички да придонесеме во искоренување на овој феномен којшто ја подјадува економијата и општеството генерално.

Ова беа само некои од клучните поенти изнесени пред неколку денови на конференцијата „Бизнис без корупција“ што се одржа онлајн, како завршен настан во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис сектор“ финансиран од Европската унија и спроведен од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со граѓанската организација „Конект“ и Здружението на даночни советници. 

Конференцијата со поздравно обраќање ја отвори Љупчо Николовски, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, којшто истакна дека транспарентноста и отчетноста се основата на борбата против корупцијата и криминалот.

„Институциите мора да покажат ред, дисциплина бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Само со сузбивање на корупцијата ќе го поттикнеме економскиот развој, кој денес е силно потиснат од глобалната пандемија “, рече Николовски. Тој нагласи дека Владата продолжува  со активно спроведување на системските мерки за борба против корупцијата, на коишто е работено целиот изминат период:  Интероперабилност меѓу антикорупциските институции – безбедна и ефикасна размена на податоци за предмети поврзани со корупција;  Електронски систем за инспекција ‘Е-инспектор’ – намалување на субјективното влијание на инспекторот за време на надзорите;  Платформа за евидентирање на издадени лиценци и дозволи кои би биле интегрирани во тековната состојба на фирмите, заедно со Централниот регистар;  Воведување нов повикувачки (кол) центар – преку кој правните и физичките лица ќе можат да пријават ненавремено постапување на надлежните институции по однос на нивните поднесени барања.

Борбата против корупцијата не може да ја води само една засегната страна

Компаниите чувствуваат дека корупцијата им пречи во водењето бизнис, особено на оние кои навистина сакаат да се пласираат на пазарот со квалитет и продуктивност, а не преку коруптивни делувања. Сепак, чувствуваат дека индивидуално немаат моќ да ги променат работите. Потребна е заедничка борба и залагање на сите засегнати страни за да се изгради општество со нула толеранција за корупцијата, беше истакнато од учесниците на конференцијата.

Директорката на здружението „Конект“,  Никица Кусиникова, се осврна на резултатите на Проектот за борба против корупцијата, којшто траеше три години и опфати   активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.

„По примерот на добрата европска и светска пракса развивме платформа за бизнис интегритет којашто се состои од обуки, алатки за самопроценка, советување и консултации за компаниите да ги унапредат своите политики и процедури, споделување на искуства, како и понатамошна проверка (како еден вид сертифицирање) на програмите на компаниите за спречување на корупција. Преку 200 компании учествуваа на обуките и научија како да се справат и штитат од корупција во сопствените редови, но и корупцијата на релација бизнис – државни институции и бизнис – бизнис. Иако Проектот финишира, ние не застануваме тука, борбата против корупцијата е долг и трнлив пат, на којшто само со заеднички сили на сите засегнати страни можеме да оствариме значителни резултати.“, истакна Кусиникова.

На конференцијата свое обраќање имаа врвни учесници од странство, како претставникот од Делегацијата на ЕУ, ЕБОР, Швајцарската мрежа на Глобалниот договор, владини претставници, но и од домашни лидерски компании кои применуваат системи за интегритет штитејќи се од корупција и нејзините неповолни влијанија на бизнисот.

Претставникот на Европската делегација во земјава, Фрик Јанмат, истакна дека ефективната борба против корупцијата е клучен предуслов за ЕУ интеграциите. Дека тоа не е само задача на властите, туку задача за целото општество, а особено приватниот сектор.

„Бизнис секторот и државните претпријатија треба да обезбедат интегритет и усогласеност во рамки на сопствената организација, како и да развијат внатрешни механизми за спречување на корупцијата. Проектот, којшто не’ собра овде денес, беше успешен во идентификувањето на слабостите и обезбедувањето препораки за зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија. Има развиено алатки за проценка на корупција на ризик за јавниот и приватниот сектор. Успешно се зајакна капацитетот на приватните бизниси во спречување и борба против корупцијата и подобрување на интегритетот.“, истакна Јанмат.

Но, работата не завршува тука, додаде тој. „Борбата против корупцијата е исклучително тешка. Бара време и посветеност. Оваа битка и подобрувањето на интегритетот бара ангажман и од медиумите, граѓанското општество, приватниот сектор и сите граѓани, генерално. Сите треба гласно да проговорат за конфликтот на интереси, корупцијата, злоупотребите, непотизмот, итн. Затоа што секој чин на корупцијата не е само штета врз државата, туку и врз сите граѓани“.

Ниската транспарентност кај државните претпријатија само ја стимулира корупцијата

Сабина Факиќ, програмски директор во Центарот за граѓански комуникации, којшто е инаку носител на погоре споменатиот Проект за борба против корупцијата, рече дека истражувањата направени за време на проектот покажале  исклучително ниска транспарентност кај јавните претпријатија кои имаат вкупно приходи од 800 милиони евра годишно и во БДП учествуваат со повеќе од 7%.

„Триесетте најголеми државни претпријатија објавувале само 28% од информациите кои се достапни за граѓаните. Не се спроведувала постапка за избор на членови на управни и надзорни одбори, а одредени претпријатија имале и загрижувачка финансиска состојба. Отсуствувал и ефикасен надзор над овие претпријатија, односно само 9%, од сите државни ревизии направени во последните 15 години, биле спроведени во овие претпријатија, а во најголемото претпријатие не е направена ревизија од 2007 година. Мораме да ги натераме и самите државни претпријатија да развиваат политики за интегритет“, истакна Факиќ.

Претставникот на бизнис секторот, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, смета дека ефектот на корупцијата врз бизнисот и економијата е повеќедимензионален – зголемување на нелојалната конкуренција, слабеење на квалитетот на конкурентноста на компаниите, немање јасна слика од конкуренцијата,  елиминација на квалитетниот кадар, привлекување нереални инвестиции итн.

„ Треба да се зголеми свесноста за тоа што е и како се идентификува корупцијата. Бизнис заедницата како главен двигател на економијата, со подобрување на условите за водење и правење бизнис, ќе придонесе уште повеќе кон искоренувањето на оваа појава. “, истакна Хоџа.

Според него, бизнис заедницата како главен двигател на економијата, која го  апсорбира поголемиот дел од работната сила во  земјата, со подобрување на условите за водење и правење бизнис, ќе придонесе уште повеќе кон искоренувањето на оваа појава. Според Индексот за перцепција на корупцијата на Трансперенси интернешнл, додаде Хоџа, може да се забележи  дека земјите каде ова појава е почеста и поистакната, имаат и послаба економија,  но и голема стапка на невработеност.

На конференцијата што се одржа онлајн, свое обраќање имаа врвни учесници од странство, како претставникот од Делегацијата на ЕУ, ЕБОР, Швајцарската мрежа на Глобалниот договор, владини претставници, но и од домашни лидерски компании кои применуваат системи за интегритет штитејќи се од корупција и нејзините неповолни влијанија на бизнисот.

Конкретни чекори што може да помогнат во сузбивање на корупцијата

  • Јавна осуда на компаниите компромитирани со корупција и издвојување на добрите примери во рамки на самиот бизнис сектор;
  • Механизми за стимули и санкции во соработка со сите засегнати страни;
  • Граѓаните и самите може да ја спречат корупцијата купувајќи од компании коишто немаат досие за учество во коруптивни јавни набавки;
  • Бизнисите да не соработуваат со други бизниси коишто се вклучени во коруптивни активности;
  • Да профункционираат судовите на честа во рамки на бизнис коморите, со конкретни мерки што може да бидат изречени, повикување на морална одговорност и сл.

Continue Reading
економија2 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

банки3 дена ago

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

економија2 дена ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

македонија5 дена ago

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

економија3 дена ago

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

интервју22 часа ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари22 часа ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

економија22 часа ago

Македонската економија на среден и долг рок (5)

економија22 часа ago

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

економија22 часа ago

Кои се најголемите ризици за финансиските компании