Connect with us

политика

Наместо да се караат како да работат можеа просто – да работат!

Неподносливата способност на Парламентот да заглави во толкувања

објавено

на

Нема ништо ново во фактот што власта и опозицијата во собраниските клупи не можат да најдат заеднички јазик за ниту едно прашање освен за оние со кои се зголемуваат или штитат личните бенефиции на функционерите или на самите пратеници. Но, тоа што во ек на пандемија наместо да се фокусираат на брза и ефикасна организација за непречено функционирање во интерес на граѓаните, тие сега се расправаат дали седниците да бидат со физичко присуство или онлајн, тоа навистина ги изненадува дури и оние кои секако одамна кренале раце од надежта дека конструктивната политика ќе ги победи евтините партиски калкулации.

А како воопшто дојде до овој хаос? Додека едни пратеници (тие од власта) тврдат дека во интерес на општата безбедност најпрактично и несериозно е пратениците да работат преку онлајн седници, оние на власта велат дека тоа е безобразен предлог, оти во државата дури и хронично болните одат на работа. Од власта велат дека идејата на опозицијата е да се минира парламентарното мнозинство, оти тоа секако е тенко, па доколку немој пратеник се разболи практички ќе има застој на потребните законски измени и сл. Од опозицијата велат дека тоа е проблем на власта. Од власта велат дека опозицијата сака Парламентот да биде блокиран за да нема можност да се решава кризата со пандемијата и да има што поголем број на заразени и починати за тоа да се препише како владин неуспех, итн., итн…

Нема ништо ново во фактот што власта и опозицијата во собраниските клупи не можат да најдат заеднички јазик за ниту едно прашање освен за оние со кои се зголемуваат или штитат личните бенефиции на функционерите или на самите пратеници (Закон за државни службеници, апанажи, патни трошоци…). Но, тоа што во ек на пандемија наместо да се фокусираат на брза и ефикасна организација за непречено функционирање во интерес на граѓаните, тие сега се расправаат дали седниците да бидат со физичко присуство или онлајн, тоа навистина ги изненадува и дури оние кои секако одамна кренале раце од надежта дека конструктивната политика ќе ги победи евтините партиски калкулации. Ако се има предвид дека се организираа предвремени парламентарни избори токму за да се надмине ситуацијата со техничката Влада што се покажа како катастрофално решение оти беше поле за меѓупартиски мегдан навистина безобразно изгледа ситуацијата во којашто повторно се наоѓаат оправдувања за фактот што во вакви услови Парламентот, како клучна институција во државата, не е функционален. Граѓаните со право се револтирани и реагираат на овие бесмислици – поентата е проста и една, пратениците треба да работат и фокусот е тој, а не формата во којашто ќе си ги извршуваат задачите за коишто се платени од граѓаните.

Парламентот мора да функционира 

А како воопшто дојде до овој хаос? Додека едни пратеници (тие од власта) тврдат дека во интерес на општата безбедност најпрактично и несериозно е пратениците да работат преку онлајн седници, оние на власта велат дека тоа е безобразен предлог, оти во државата дури и хронично болните одат на работа. Од власта велат дека идејата на опозицијата е да се минира парламентарното мнозинство, оти тоа секако е тенко, па доколку немој пратеник се разболи практички ќе има застој на потребните законски измени и сл. Од опозицијата велат дека тоа е проблем на власта. Од власта велат дека опозицијата сака Парламентот да биде блокиран за да нема можност да се решава кризата со пандемијата и да има што поголем број на заразени и починати за тоа да се препише како владин неуспех, итн., итн…

ДУИ на пример својот предлог за собраниските седници да може да се одржуваат и од далечина, го правда со објаснување дека не треба да се малтретираат пратеници што се веќе заболени да одат во Собранието само за гласање. 

Од партијата на Али Ахмети, како што наведоа и во партиско соопштение, сметаат дека Собранието треба да ја разгледа можноста за изменување и дополнување на Деловникот, во насока на прецизирање што всушност се подразбира со зборот „присуство“ на пратеници, без разлика дали е тоа физичко или онлајн. ДУИ бара од опозициските партии да го разгледаат овој предлог, со цел, како што велат, да се да се заштити здравјето на пратениците и администрацијата, а истовремено да не се блокираат важните процеси за Северна Македонија.

„Во сегашната регулатива на Собранието стои реченицата ’присуство’. ДУИ сака да прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од ковид-19, да не ги тераме преку посебен третман да доаѓаат на седници и потоа да ги загрозуваат сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси“, се посочува во партиското соопштение.

Од Демократската унија за интеграција бараат опозицијата да ја земе предвид компаративната анализа на состојбата во регионот и пошироко во ваква ситуација со ковид-19 и потсетуваат дека Владата веќе почна да ги одржува своите седници преку интернет. 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити смета дека всушност потребна е само мала промена, поточно прецизирање во Деловникот што се подразбира под зборот „присуство“ – дали само физичко присуство или и онлајн.

„Да не ги измачуваме тие што се пациенти во моментот, да не ги носиме, со посебен третман, па да ризикуваме. Не сакаме да дојдеме во ситуација да блокираме битни процеси”, изјави Меџити, нагласувајќи дека е можно е во следниот период да се зголеми бројот на пратеници инфицирани со Ковид-19, и затоа не смее да се дозволи блокада на сите процеси“ вели тој. 

Со свои изјави околу функционирањето на парламентот во услови на епидемија денеска излегоа и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Заев уште еднаш апелираше да се изнајде решение за законодавниот дом да може да работи онлајн и Собранието да не остане надвор од системот.

„Собранието е столбот на демократијата. Парламентот да биде надвор од системот ќе значи да не можат да се носат одлуките“, рече Заев.

Министерот Филипче, пак, рече дека препораката законодавниот дом да работи онлајн не треба да се сфати како обид да се компромитира демократскиот или функционалниот капацитет на Собранието.

„Искрено, сметам и мислам дека од технички аспект тоа може да се изведе, нека утврдат службите и нека кажат и од законодавно – правен аспект дали може да се спроведе тоа. Исто така, верувам дека се сите свесни оти во периодот што доаѓа приоритет ќе биде заштита на здравјето“, вели Филипче.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вели дека се работи за предлог за таканаречен комбиниран пристап. Така тој на координативната средба во Собранието ја објаснил потребата од промена на Деловникот, со цел да се воведе и работа од далечина. Негов предлог било тоа да се однесува по исклучок.

„Тоа значи дека само оние пратеници кои се заболени или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, присуството на седниците на Собранието и на работните тела, да можат да ги извршуваат онлајн. И други парламенти во Европа усвоиле комбиниран пристап за работа во време на пандемијата. За да се воведе новина според која пратеници кои се во изолација ќе може да гласаат онлајн, не се потребни уставни измени, додека за измените што треба да се направат во Деловникот очекувам консензус со опозицијата. На граѓаните и во време на пандемија им се потребни институции со целосен капацитет“ вели тој, додавајќи дека

„Како одговорни пратеници и како владејачко мнозинство нема да дозволиме нефункционалност на државата во борбата со Ковид-19. Не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, потоа без донесен Буџет за 2021 година или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите во вакви тешки моменти и за нас и за светот“. 

А се работи ли  воопшто на техничките подготовки?

За опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса-Алтернатива, пак, не е прифатливо да се воведат алтернативни модели за функционирање на законодавната власт во периодот на епидемија – сметаат дека е неодговорно.

Поради кревкото мнозинство од 62 пратеници, со кое располагаат во Собранието, СДСМ и ДУИ предупредуваат дека може да биде доведено во прашање донесувањето на ребалансот на буџетот, но и мерки поврзани со битката против коронавирусот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски повика на почитување на уставната норма, и на разлика меѓу термините „учество“ и „присуство“.

„Од уставно – правен аспект Собранието не може да работи и одлучува преку онлајн апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници (ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество, а не присуство, како што прецизно е утврдено и со член 29 од Деловникот: Пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето)“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Тој смета дека од етички аспект би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за са си ја заработат платата.

Милошоски смета дека со онлајн седници се воведува правна несигурност.

„Кои било закони што би се изгласале на онлајн седници, а Уставот предвидува присуство, порано или подоцна може да паднат на Уставен суд“, порача тој.

И додека пратениците се расправаат на новата хит – тема за поделби, дел од експертите сметаат дека дури и да постои согласност за начинот на работа, треба да се има предвид едно друго прашање, а тоа е дали има технички услови за тоа, односно дали е обезбедена соодветна информатичка и друг вид на потребна технологија.

Калкулации и за суштински прашања

„Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот.“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Во меѓувреме, бројот на новозаразени и починати постојано расте. Министерот за здравство Венко Филипче повика дека мерките за заштита од Ковид-19 што се во Собранието мора итно да се донесат.

„Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави“, потенцира министерот Филипче.

Тој смета дека нема повеќе време за одлагање и оти состојбата со вирусот е сериозна. 

„Истовремено им порачувам на граѓаните дека и постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секој од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата. Следат ризичните есенски и зимски месеци и барам високо ниво на свест и почит кон трудот на здравствените работници“, посочува министерот. 

економија2 days ago

Одржана онлајн конференцијата „Бизнис без корупција“

македонија3 days ago

„Зелена машина“ на Брако ја чистеше Белата куќа пред инаугурацијата на Бајден

македонија3 days ago

Македонски ученици ќе учествуваат на Европскиот квиз на парите

свет4 days ago

Трамп му остава на Бајден берза во супер кондиција

економија5 days ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија6 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

банки6 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија1 week ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју1 week ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет1 week ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“