Connect with us

интервју

Наместо планираните 700 милиони евра, Македонија ќе плати една милијарда евра за гасната инфраструктура

Петер Котек и Борбала Такачне Тот, Регионален центар за истражување на енергетски политики – РЕКК

објавено

на

Време е државата, и од економска и од еколошка гледна точка, да ги преиспита своите планови и да ги инвестира средствата за планираната гасификација, во системи базирани на обновливи извори на енергија, посочија унгарските експерти Петер Котек и Борбала Такачне Тот, од Регионалниот центар за истражување на енергетската политика во Унгарија-РЕКК, повикувајќи се на нивната најнова студија која е иницирана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.

Средствата што треба да се издвојат за целата гасификациска мрежа во земјава ќе ги надминат планираните 700 милиони евра, односно ќе чинат над една милијарда евра. Врз основа на ова, ќе се зголемат и трошоците за приклучување на крајните корисници, што го прави гасот неприфатливо скап енергенс. Време е државата, и од економска и од еколошка гледна точка, да ги преиспита своите планови и да ги инвестира средствата за планираната гасификација, во системи базирани на обновливи извори на енергија, посочија унгарските експерти Петер Котек и Борбала Такачне Тот, од Регионалниот центар за истражување на енергетската политика во Унгарија-РЕКК, повикувајќи се на нивната најнова студија која е иницирана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.

Во интервјуто, Котек и Такачне Тот ги објаснуваат заклучоците што произлегоа од студијата „Планови за гасификација и опции за греење во Северна Македонија“, истакнувајќи дека препораките од Европската унија и нестабилноста на цената на природниот гас ги прават плановите за гасификација непривлечни. Иако во минатото имаше неоспорни придобивки од префрлањето на електроенергетскиот сектор од јаглен и нафта на природен гас, сепак инвестирањето во гасификацијата на домаќинствата не е неопходен чекор што треба да се направи за декарбонизирањето на греењето на домаќинствата. Напротив, електрификацијата со топлински пумпи и енергетската ефикасност нудат повеќе придобивки и се поодржливи на долг рок од греењето на гас.

Притоа, тие порачаа дека е крајно време да се преземат конкретни чекори за намалување на аерозагадувањето во земјава и на граѓаните да им се покаже вистинската слика за природниот гас –  иако природниот гас е почисто фосилно гориво од јагленот или цврстите горива, сепак е загадувачко фосилно гориво, а не обновлив извор на енергија што треба да се искористи за да се создава зелената иднина која на сите ни е потребна.

Во последните неколку години има огромен пораст на трошоците за гасната инфраструктура, а според нашите пониски проценки може да се очекува најмалку 35 проценти зголемување на капиталните расходи (CAPEX) во споредба со објавениот план за гасификација на Северна Македонија во 2020 година.

Направивте анализа за планираната гасификација, што покажа студијата во однос на инвестицијата што е потребно да се направи за истата да биде спроведена?

Котек: Во последните неколку години има огромен пораст на трошоците за гасната инфраструктура, а според нашите пониски проценки може да се очекува најмалку 35 проценти зголемување на капиталните расходи (CAPEX) во споредба со објавениот план за гасификација на Северна Македонија во 2020 година. Трошоците на мрежата предвидени во главниот план за гас би можеле да достигнат од 791 до 1086 милиони евра за капитални расходи (MEUR CAPEX), без трошоци за користење на земјиштето и дополнителни инвестиции за компресорски станици, што претставува огромна инвестиција која не одговара на оригиналниот план. Имено, сегашната тарифа за гасоводната мрежа за домаќинствата е шест евра за мегават час, а врз основа на пресметките, студијата покажа дека таа  може да достигне и цени од 12-26,6 евра за мегават час.

Колку е атрактивна моменталната цена на природниот гас за домаќинствата?

Котек: Цените на гасот за домаќинствата обично се регулирани и не секогаш ја отсликуваат реалноста на пазарот. Сепак, на крајот некој треба да ја плати сметката (обично од буџетот и даночните обврзници). Доколку домаќинствата би ја платиле реалната цена на гасот, домаќинствата нема да се префрлат на гас со  нивото на цените во моментот на изработка на студијата (втората половина од 2023 година) од 100 евра за мегават час. Доколку цената на гасот за домаќинствата се менува, домаќинствата би почнале да се префрлаат на гас по цена од 65-90 евра за мегават час – потенцијално тоа би значело дополнителна потрошувачка на гас од 0,5-1 терават часа/годишно за целата земја и би достигнала крајна максимална потрошувачка од два тераватчас/годишно по цена од 65 EUR/мегаватчас. Тоа значи дека нивото на потрошувачка на гас предвидено со планот за гасификација може да се реализира само ако гасот е релативно евтин во споредба со другите горива. Тука би се осврнал и на фактот дека во студијата е создаден уникатен модел за одлучување на ниво на домаќинство. Тој модел им овозможува на домаќинствата да донесат единствена одлука да се префрлат од тековно користениот режим на греење на друг режим врз основа на инвестициските трошоци, вкупните оперативни трошоци и ефикасноста на опремата. Моделот беше прилагоден на реалниот историски енергетски биланс на Македонија. Домаќинствата смеат да преминат на гас само во општините што треба да се приклучат според планот за гасификација. Моделирањето покажа дека доколку домаќинствата и другите корисници би ги платиле вкупните трошоци за инвестирање во мрежата, мрежните тарифи би биле толку високи што ниту едно од домаќинствата нема да се префрли на гас.

Кои се вашите проекции во однос на интересот за приклучок, односно стапката за премин кон користење на природен гас?

Борбала Такачне Тот, РЕКК
Природниот гас е фосилно гориво, а не чиста алтернатива и придонесува кон аерозагадувањето, затоа планираната гасна инфраструктура не е најдобрата опција за Македонија, и од еколошки и од економски причини. Сметаме дека досега природниот гас во Северна Македонија навистина придонел кон зголемување на квалитетот на воздухот, но во моментот нема рационалност во понатамошно градење на мрежата.

Такачне Тот: Нашите резултати беа во голема мера под влијание на нашата претпоставка за трошоците за енергија, инвестициските трошоци, ефикасноста и слично. Во изминатите години, бевме сведоци на огромни промени на пазарот. Затоа, важно е да се направи анализа на сензитивност. Таа анализа се изведува по принципот ceteris paribus (непроменети фактори), односно се менува само еден параметар, додека другите не се менуваат, т.е. остануваат константи. Во однос на стапката на премин на користење на природен гас, ќе напомнам дека таа беше поставена на 100 проценти, што значи дека на сите домаќинства им беше дозволено да ја променат опремата за греење. Сепак, трошоците за опрема и инсталацијата за греење може да бидат премногу високи за многу домаќинства во Северна Македонија. Оттаму, преминот на домаќинствата го ограничивме на 20-40-60-80 проценти (што одговара на квинтилите на приходот) на домаќинствата. При премин на 20 проценти од домаќинствата, побарувачката за гас би достигнала најмногу 0,5 тераватчасови/годишно при релативно ниски цени на гас. Ова значи дека ако се земе предвид и аспектот колку домаќинствата ќе можат тоа да си го дозволат, префрлањето на домаќинствата на гас е повеќе ограничено. Еднократната инвестициска поддршка може да доведе до одредено ублажување на проблемот, но без дополнителни финансиски средства сите домаќинства не би биле во можност да обезбедат нови уреди за греење.

Согласно студијата, кое е вашето гледиште за побарувачката на енергија и користењето на огревно дрво за греење?

Такачне Тот: Во нашата студија побарувачката на енергија на домаќинствата беше поставена да го претставува и да одговара на енергетскиот биланс. Сепак, поради не пазарната набавка на огревно дрво (на пр. собирање на огревно дрво или непријавена трговија), реалната употреба на огревно дрво за греење може да биде потценета во енергетскиот биланс. Ако индивидуалната енергетска потрошувачка се прилагоди така за да подобро ја отсликува потрошувачката на енергија според собраните податоци од други институти, потрошувачката на енергија во домаќинствата значително би се зголемила. Сепак, моделираното однесување при ваков премин е идентично со моделот од нашето основно сценарио, односно домаќинствата би се префрлиле на греење на електрична енергија (топлински пумпи). Мора да се нагласи дека државните шумски стопанства продаваат огревно дрво по релативно ниска регулирана цена во споредба со другите горива. Сепак, огревното дрво неопходно не мора да биде достапно по регулираната цена, а слободната пазарна цена на огревното дрво има тенденција да биде повисока од регулираната. Токму затоа, во анализата предвидовме дека 50 проценти повисока цена на огревното дрво ќе го направи греењето на гас да биде поприфатливо за централно загревање на домаќинствата. Греењето со огревно дрво во повеќето домаќинства би било заменето со топлински пумпи и гасни греалки. Ако цената на огревното дрво е 30 отсто повисока од тековните регулирани цени, ќе дојде до одредена замена на огревното дрво, но во помал степен од нашето основно сценарио.

Во последниот период постојано се истакнуваат придобивките од водородот како енергенс, а и вие го имате опфатено тој сегмент во студијата. Ве молам да ни кажете нешто повеќе околу тоа.

Котек: Зелениот водород е потенцијален дел од решението за декарбонизација. Сепак, поради физичките квалитети на водородниот молекул и поради високите загуби при конверзија на енергијата, не е препорачливо да се користи за греење на домаќинствата (наместо тоа, тој треба да се користи во индустрискиот сектор и оние сектори каде е тешко да се постигне декарбонизација). Поради оваа причина, сценаријата за употреба на водород во зградите треба да се изостават.  Гасоводите за природен гас можат да се пренаменет за пренос на водород па новата инфраструктура може да се пушти во работа бидејќи е подготвена за водород.  Пренамената може да се направи на 15-20 проценти од инвестицијата за нов водороден гасовод, со оглед дека новите водородни гасоводи се нешто поскапи од инфраструктурата за природен гас. Сепак, без доследна стратегија за водород, инвестирањето во такви скапи мрежи се смета за ризично.

Согласно вашите анализи, кои се другите енергетски алтернативи кои би можеле да се развијат со истите средства кои се предвидени за гасификацијата?

Такачне Тот:  Проценетиот трошок на инвестицијата е поделен на три различни инвестиции за енергетска ефикасност во индивидуални и двојни куќи. Ние го проценивме учеството на таквите домаќинства во вкупниот градежен фонд што може да се опфати со финансиска шема од 90 проценти поддршка и од 10 отсто сопствено финансирање. Конечно, 49 проценти од индивидуалните и двојните куќи може да инсталираат соларни фотоволтаици од овие средства. 40 отсто од индивидуалните и двојните домаќинства може да инсталираат топлински пумпи воздух-воздух за да ги заменат неефикасните решенија за греење. За 15 отсто од овие домаќинства можно е да се направи комплексна инвестиција за енергетска ефикасност.

Кои се вашите препораки до државните институции кои се надлежни за оваа област и кон граѓаните?

Котек и Такачне Тот:  Пред сѐ, од клучно значење е да се прикажат долгорочните недостатоци и ризици за безбедноста на снабдувањето поврзани со гасот.

Природниот гас е фосилно гориво, а не чиста алтернатива и придонесува кон аерозагадувањето, затоа планираната гасна инфраструктура не е најдобрата опција за Македонија, и од еколошки и од економски причини. Сметаме дека досега природниот гас во Северна Македонија навистина придонел кон зголемување на квалитетот на воздухот, но во моментот нема рационалност во понатамошно градење на мрежата. На долг рок, изградбата на нова мрежа ќе резултира со неискористена инфраструктура, бидејќи веројатно нема премногу граѓани доброволно да инвестираат во котли за гас кога имаат алтернативи на обновливи извори. Оттука, не треба да се инвестира во системи кои немаат изгледи да ја вратат таа инвестиција во скоро време поради нивната ограничена употреба. Треба да се земат предвид и ризиците поврзани со безбедноста на снабдувањето со овој енергенс. Северна Македонија нема сопствени ресурси, затоа би морала да се потпре на 100 проценти увоз. Од друга страна, вистинска опција е државата да преземе конкретни чекори за инвестирање во енергетски ефикасни згради и домови и да инсталира системи што користат обновливи извори на енергија. Со тоа земјата повеќе нема да биде зависна од увоз, ќе го намали аерозагадувањето кое според сите анализи во голема мера му штети на здравјето на луѓето, ќе ги спроведе препораките на Европската Унија , а ќе им обезбеди на граѓаните зелена иднина.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години