Connect with us

економија

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

Подобри даночни и царински системи за посилна регионална интеграција

објавено

на

Излегување од т.н. „трка кон дното“ кај директните даноци и креирање на политики со кои ќе се привлече висококвалификуван кадар. Намалување на сивата економија преку дестимулирање на трансакции во готово и намалување на готовинските плаќања. Ова се дел од мерките што експертите ги предложија за подобрување на даночните и царинските системи на земјите од регионот, презентирани  на конференцијата во организација на ЗМАИ.

Ксенија Поповиќ Коцевски, истражувачка од ЗМАИ рече дека има неколку сегменти кои би можеле да се подобрат во областа на царинските политики. Една од нив е целосното бесхартиено работење, односно дигитализација на сите внатрешни и надворешни царински процеси. На тој начин би се намалила можноста за поткуп и корупција и би се поедноставило и забрзало работењето на границите.

Слободното движење на стоки и услуги и развојот на регионалните економии се тесно поврзани со даночните и царинските системи на земјите, покажува анализата на Здружението за истражувања и анализи – ЗМАИ, чии наоди беа презентирани и коментирани на конференција одржана деновиве во Скопје. На Конференцијата се зборуваше за даночната и царинската политика на земјите од регионот, со фокус на трите земји – Р.С. Македонија, Р. Србија и Р. Албанија.

За време на настанот  беа презентирани наодите од анализата на даночните и царинските системи на трите земји. Посебен акцент беше ставен на препораките за  подобрување на даночните и царинските системи на земјите, со цел овозможување на поуспешна регионална интеграција. Ова е важен чекор, доколку земјите сакаат да се насочат кон Европската Унија и еден ден да станат дел од слободниот пазар.

Главна битка на државите треба да е со сивата економија

За прв пат на ваков тип на настан говореше и главниот истражувач, екс министерот за финансии, проф. Драган Тевдовски. Според него, земјите од регионот мораат да креираат политики кои ќе значат вложување во човечкиот капитал. Тој предлага излегување од т.н. „трка кон дното“ кај директните даноци и креирање на политики со кои ќе се привлече висококвалификуван кадар. Сѐ поголемата миграција ќе бара од земјите да вложуваат повеќе во човечкиот капитал.

Даночниот експерт Павле Гацов, напомена дека главна битка на државите од регионот треба да биде сивата економија. Таа овозможува нелојална конкуренција и истата го забавува развојот на приватниот сектор, но и на човечкиот капитал. Сивата економија, според Гацов, најдобро се намалува преку дестимулирање на трансакции во готово и намалување на готовинските плаќања. Овие мерки веќе функционираат во речиси сите европски држави кои имаат успех во борбата против сивата економија.

Ксенија Поповиќ Коцевски, истражувачка од ЗМАИ рече дека има неколку сегменти кои би можеле да се подобрат во областа на царинските политики. Една од нив е целосното бесхартиено работење, односно дигитализација на сите внатрешни и надворешни царински процеси.

„На тој начин би се намалила можноста за поткуп и корупција и би се поедноставило и забрзало работењето на границите. Во однос на намалувањето на царинските давачки и бариери, таа вели дека треба да се движиме во насока на нивно отстранување. Сепак клучно е заштитните механизми да се отстрануваат заеднички, од страна на сите земји во регионот.“, смета Поповиќ Коцевски.

Преку регионална електронска размена на документација кон побрз проток на добра и услуги

Од страна на институциите и бизнис секторот, се обратија директорката на УЈП г-ѓа Сања Лукаревска, претседателот на трговската комора при ССК г-дин Сашо Дуковски и советникот на директорот на Царина г-дин Митко Димитровски.

Директорката на УЈП,  Лукаревска,  посочи дека преку здружени експерти, со засилена, системска, дигитализирана, економска соработка можеме да придонесеме кон намалување на бариерите и сивата економија.

Преку регионална електронска размена на документација кон побрз проток на добра и услуги, нови соработки и поконкурентни компании. Партнерски да создадеме услови за зголемување на даночната база, раст на БДП и економиите во регионот. Искуствата од земјите во регионот, поддршката која ја добиваме од меѓународните организации се од огромно значење за УЈП и истите придонесуваат за спроведување на најдобрите практики во делот со  Е – фактура, Е – фискализација, модерни услуги за даночните обврзници, намалување на неформални бизниси и економија кои поволно ќе се одразат врз приходната страна на  Буџетот. Благодарам што и бизнис и невладиниот сектор и граѓаните постојано ни алармираат како да бидеме уште подобри и да создаваме поволни услови за раст и развој на економијата“, истакна Лукаревска.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија