Connect with us

политика

Напредокот умерен, проблемите исти

Извештај за напредокот на Македонија

објавено

на

Вордингот во целиот текст е очекуван – и во делот на пофалбите и во однос на критиките нема големи поместувања од оние нотирани пролетта. Најголеми забелешки се’ уште има во однос на најголемата битка –  борбата против корупцијата и криминалот, но и во однос на контролата на полицијата, состојбите во јавната администрација, а се споменува и борбата против дискриминацијата.

Умерено подготвени за ЕУ – вака не’ оценува Брисел во последниот Извештај за напредокот на земјава што се објави во вторникот. Вордингот во целиот текст е очекуван – и во делот на пофалбите и во однос на критиките нема големи поместувања од оние нотирани пролетта. Најголеми забелешки се’ уште има во однос на најголемата битка –  борбата против корупцијата и криминалот, но и во однос на контролата на полицијата, состојбите во јавната администрација, а се споменува и борбата против дискриминацијата. Умерен напредок се бележи во делот на правосудните и реформите на разузнавачките служби, со забелешки дека треба да се засили парламентарниот надзор врз службите и да се спроведе акцискиот план на судската стратегија.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји  во неколку наврати спомена дека очекува првата меѓувладина конференција (што значи и официјален почеток на преговорите) да се случи до крајот на годинава и дека само месеци ја делат Македонија од преговарачкиот процес. За тоа навистина да се случи, се чини клучна ќе биде разрешницата на спорот со Бугарија којашто по сите канали и на сите начини се обидува билатералните несогласувања со Македонија да ги вметне во Преговарачката рамка. Притоа, суштината на бугарските позиции (особено во делот на македонскиот јазик) се контроверзни и спротивни на европските основни вредности и засега наидоа на сериозни и остри реакции како од европската политичка, така и од домашната, бугарска експертска јавност, но неизвесноста дали Софија ќе ги блокира преговорите е присутна. 

Сепак, амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, на прес – конференцијата на којашто се презентираше новиот Извештај нагласи дека не треба да се изумат домашните реформски задачи што Македонија ги има – особено во делот на правосудството:

„Владеењето на правото е почеток и крај на патот кон ЕУ“ порача тој со став дека :

„Усвојувањето на законодавството согласно ЕУ стандардите мора да продолжи. Тоа е нешто на што сите треба да се фокусираме, административниот капацитет мора да е на место да испорачува, а институциите да се оперативни. Унапредувањето на правото е критична област. Ефективно владеење на правото е неопходно не само за да се обезбеди заштита на граѓаните, туку и за да дојдат инвеститори. Ако тие знаат дека постои правна сигурност и дека можат да се потпрат на системот, ќе се охрабрат и ќе дојдат, ќе ги реализираат вложувањата“

Бугарија по сите канали и на сите начини се обидува билатералните несогласувања со Македонија да ги вметне во Преговарачката рамка. Притоа, суштината на бугарските позиции (особено во делот на македонскиот јазик) се контроверзни и спротивни на европските основни вредности и засега наидоа на сериозни и остри реакции како од европската политичка, така и од домашната, бугарска експертска јавност, но неизвесноста дали Софија ќе ги блокира преговорите е сепак присутна. 

Потребен е сеопфатен закон против дискриминација

Гир исто така порача дека треба да сме свесни оти европските интеграции се општествен, национален проект, процес во којшто треба да учествуваат сите политички актери и дека тој не припаѓа на само една партија или коалиција.  

Вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров го оцени извештајот како сеопфатен и објективен и рече дека земјата забележала напредок во однос на претходниот. Димитров рече дека треба да се земат предвид и отежнувачките околности поради пандемијата на коронавирусот и техничката влада до изборите:

„Ние во СЕП сме свесни дека со новата методологија за пристапување и почетокот на преговори, фокусот на Европската комисија и земјите членки ќе биде зајакнат и очекувањата за исполнување на обврските ќе бидат зголемени. Северна Македонија во изминатите години докажа дека не се плаши и не се повлекува пред предизвиците и оттаму, подготвени сме во партнерски однос со Европската комисија, со Делегацијата на ЕУ, со амбасадорот Гир, да одговориме на сите задачи до одлучно остварување на заедничката цел – членство во Европската Унија и носење на европските стандарди и принципи дома“, порача тој.

Како „голема слабост“ на земјата се оценува недостатокот на сеопфатен закон против дискриминација, откако претходниот беше поништен од Уставниот суд од процедурални причини. ЕК бара овој проблем брзо да се коригира во парламентот.

Проблематичен за Северна Македонија е и недостатокот на независни истражители кои би вршеле надзор врз работата на полицијата што пак, го става во прв план проблемот со неказнивост во полицијата. Хронична болка останува и состојбата во затворите.
Умерен напредок има и во делот на слободата на медиумите, но ЕК бара да се унапредат и професионалните стандарди и квалитетот на новинарството, и да се зголеми транспарентноста во делот на државното, јавното и партиското рекламирање во медиумите.
ЕК очекува да се продолжи со негување на добри односи со соседните земји и почитување на билатералните договори.


Германија бара почеток на преговори 

Во меѓувреме, „Дојче Веле“ јави дека актуелниот претседавач со ЕУ, Германија експресно го поздрави Извештајот и порача дека очекува наскоро да започнат и преговорите.
Шефот на германската дипломатија Хајко Мас изјави дека двете балкански земји одново „добиле добри оценки“.
„Постои јасен напредок, пред се во реформата на судскиот систем и борбата против организираниот криминал и корупција“, соопшти Мас.
Германија ја споделува „позитивната оценка на Европската комисија“ и се залага за „брз почеток на преговорите за членство“.

Во денеска објавениот мини-извештај на шест страници, Европската комисија оценува дека Северна Македонија постигна „значителен напредок“ и ги исполни условите кои и беа наметнати од Советот на ЕУ за почеток на преговорите.

Генералната оценка на Брисел е дека „Северна Македонија ги зголеми своите напори и испорача опипливи и одржливи резултати во клучните области“. Во тој контекст наведени судските реформи, случаите на висока корупција, безбедносните реформи и реформите во јавната администрација.


Одврзано ќесе  –  9 милијарди евра европски инвестиции за Западен Балкан 

Најмалку 9 милијарди евра најави Европската Комисија за земјите од Западен Балкан. Парите се планирани како инвестиции во областите на енергетската и транспортна инфраструктура и забрзување на економскиот развој. Овие пари наменети се за Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и Србија во периодот од 2021 до 2027 година и нивна клучна цел е да се приближат овие домашни економии со европските. 

Средствата ќе бидат распоредени во 10 главни сектори меѓу кои во: патишта и железници, обновлива енергија, намалување на аерозагадувањето, подобрување на менаџирањето со отпад и вода, реновирање на јавни објекти и широкопојасен интернет, но треба да се има на ум оти за ова да се реализира потребно е реформите да течат:

„Овој план оди рака под рака со имплементацијата на реформите затоа што без реформи не е можно да се креира вистинско бизнис опкружување за инвеститорите“, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
„Тоа значи дека на земјите ќе им биде потребен функционален систем на владеење на правото, независно судство и ефикасен даночен систем што ќе ги убеди компаниите да инвестираат во регионот“, рече Вархеји.

Дополнително, земјите од регионот можат да се надеваат и на уште 20 милијарди евра инвестиции кои ќе се генерираат преку фондови на ЕУ и приватни инвеститори. Сето тоа, според Вархеји, треба да донесе раст на регионалниот БДП за 3,5 проценти.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“