Connect with us

банки

Народната банка и МБА донесоа Насоки за банките и штедилниците – за поголема транспарентност и стандардизација при објавувањето информации за депозитите и кредитите за населението

објавено

на

Со Насоките се пропишуваат формата, начинот и податоците коишто се објавуваат за банкарските производи за населението, одделно, од страна на секоја банка и штедилница за нивните производи.

Поголема транспарентност и достапност на податоците за банкарските производи за граѓаните, а со тоа и поголема заштита на потрошувачите, се предвидува со Насоките коишто беа донесени вчера, за содржината, обликот и начинот на објавување на податоците за најрепрезентативните кредитни и депозитни производи на банките и штедилниците за физички лица. Насоките беа потпишани од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Македонска банкарска асоцијација (МБА), Маја Стевкова-Штериева.

Потпишувањето на овој документ во доменот на банкарскиот сектор е прв и значаен чекор од спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто неодамна беше усвоена од страна на финансиските регулатори. Имено, во Стратегијата, во рамките на делот за финансиска инклузија е предвидено зголемување на транспарентноста во работењето и објавувањето податоци за финансиските услуги од страна на приватниот финансиски сектор, вклучително и стандардизација на објавените податоци за ист вид услуга.

„Преку спроведувањето на Насоките, коишто ги потпишавме со МБА, банките и штедилниците ќе почнат да ги објавуваат податоците за одделните банкарски производи во една стандардизирана форма, којашто ќе обезбеди поголема прегледност, споредливост на производите и воедно, поголема информираност на граѓаните. На овој начин, дејствуваме кон поголема заштита на потрошувачите, како и нивна едукација за одделни видови кредитни и депозитни производи, што ќе придонесе кон издржани одлуки за избор на производи коишто најдобро им одговараат на потребите на физичките лица“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

„Банките и штедилниците коишто се членки на Македонската банкарска асоцијација се транспарентни економски субјекти коишто редовно објавуваат податоци за своето работење. Со воспоставувањето стандардизиран пристап при објавувањето информации за депозитните и кредитните производи за населението, во согласност со Насоките коишто ги потпишавме, ќе се придонесе за уште поголема транспарентност и најважно, полесна споредливост на банкарските производи.“, истакна претседателката на МБА, Стевкова-Штериева.

Со Насоките се пропишуваат формата, начинот и податоците коишто се објавуваат за банкарските производи за населението, одделно, од страна на секоја банка и штедилница за нивните производи. Предвидено е условите да се објавуваат на видно назначено место на веб-страниците на банките и штедилниците, како и централизирано на веб-страницата на Народната банка и да се ажурираат редовно од страна на банките и штедилниците, а најмалку еднаш во тримесечјето. Објавата ќе ги опфати најрепрезентативните видови потрошувачки и станбени кредити за населението, како и најрепрезентативните видови депозити за населението кај банките и штедилниците. Покрај основните информации за банкарските производи, како рочноста, валутата и каматната стапка, предвидено е објавите да вклучуваат и дополнителни подетални информации (како што се висината на стапката на вкупните трошоци кај потрошувачките кредити и трошоците коишто не влегуваат во оваа стапка, видот на обезбедувањето и минималниот сооднос обезбедување/кредит кај станбените кредити, можноста за предвремено разрочување кај депозитите и други). Следствено, објавените податоци треба да овозможат подобар увид во понудените услови од страна на одделните банки и штедилници, како основа за носење одлука за избор на најсоодветен производ, согласно со можностите и склоностите на потрошувачите.

Насоките коишто ги донесоа Народната банка и МБА ќе почнат да се применуваат од банките и штедилниците од почетокот на август.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка