Connect with us

македонија

Народната банка и Централната банка на Холандија ја организираат Тринаесеттата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

објавено

на

Во текот на Конференцијата, носителите на политиките и експертите ќе ги споделат мислењата и ќе разговараат за најновите трендови и предизвици коишто произлегуваат од влијанието на новите технологии врз пазарот на платежни услуги, промената во навиките за плаќање во дигиталната ера, можностите и предизвиците од отвореното банкарство, трансформациите водени од финтек-компаниите, отпорноста на дигиталниот простор, како и дигиталните валути издадени од централни банки.

Народната банка во соработка со Централната банка на Холандија ја организира Тринаесеттата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура: „Плаќањата во дигиталната ера: од внатре кон надвор“, којашто ќе се одржи на 9. и 10 декември 2021 година. Конференцијата за првпат ќе се одржи во виртуелен формат, поради пандемијата на ковид-19.

Конференцијата има меѓународен карактер, со присуството на претставници на Европската централна банка и националните централни банки од Европската Унија, Федералните резерви на САД, централните банки на земјите од регионот, Светската банка, Европската комисија, странските деловни банки, домашните регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните и странските небанкарски институции коишто се засегнати страни во доменот на платежните услуги.

Во текот на Конференцијата, носителите на политиките и експертите ќе ги споделат мислењата и ќе разговараат за најновите трендови и предизвици коишто произлегуваат од влијанието на новите технологии врз пазарот на платежни услуги, промената во навиките за плаќање во дигиталната ера, можностите и предизвиците од отвореното банкарство, трансформациите водени од финтек-компаниите, отпорноста на дигиталниот простор, како и дигиталните валути издадени од централни банки.

Програмата за Конференцијата е достапна тука.

Oтворањето на Конференцијата ќе се пренесува и преку каналот на Народната банка на „Јутјуб“, во четврток, 9 ноември 2021 година, со почеток во 9 часот. На отворањето се предвидени поздравни обраќања од гувернерите на двете централни банки организаторки на Конференцијата, Анита Ангеловска-Бежоска и Клас Кнот и министерот за финансии, Фатмир Бесими. Работен јазик на Конференцијата, вклучително и на отворањето е англискиот јазик.

свет5 дена ago

Најголемите технолошки компании загубија 1.000 милијарди долари пазарна вредност за само три дена

македонија4 дена ago

AETM лансираше ‘Алијанса за родова еднаквост на работното место’

интервју2 дена ago

Со нашиот извонреден тим ќе бидеме партнер  и  движечка  сила на македонската економија

свет6 дена ago

„Ако умрам под мистериозни околности…“ – дали Илон Маск се плаши од руска одмазда поради помошта на Украина или пак си игра мајтап?

економија4 дена ago

Инфлацијата прави проблеми, Народната банка ја зголеми повторно каматната стапка за 0,25 п.п.

регион2 дена ago

Мукаетов од бизнис конференција во Белград: Мораме да ги задржиме талентите во регионов!

македонија5 дена ago

Вселенската патријаршија ја призна МПЦ за канонска

економија4 дена ago

Важно за мали и средни компании: Oд денес почна аплицирањето за новата бескаматна кредитна линија од Развојната банка

технологии / компании2 дена ago

Откриена можност за поевтино производство на микрочипови

македонија2 дена ago

Отворена најмодерна фабрика за концентрати за хемодијализа