Connect with us

економија

Народната банка продолжува со лабавата монетарна политика

објавено

на

Основната каматна стапка останува на 1,25%, инфлацијата во периодот јануари – август изнесувала 2,7%, девизните резерви се во сигурната зона, известуваат од централната банка.

Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25%, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на деновиве одржаната седница на која биле разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во однос на поставеноста на монетарната политика.

На седницата е оценето дека нивото на основната каматна стапка соодветствува на тековните економски и финансиски услови.

„Досегашното намалување на основната каматна стапка, како и позначителното намалување на понудениот износ на благајнички записи придонесоа за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. На седницата беше оценето дека тековната ликвидност на банкарскиот систем е соодветна, при што беше одлучено на аукцијата на благајнички записи што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари“, информира Народната банка.

Во однос на макроекономските показатели во домашната економија не се забележани позначителни отстапувања, но, како што велат од Народната банка, неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од ковид-19 и понатаму постојат.

Позитивниот раст на Бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал, според Народната банка, произлегува од позитивниот придонес на домашната побарувачка, при негативен придонес на нето-извозот, што е во согласност со очекувањата.

„Високофреквентните податоци за третиот квартал од 2021 година со кои се располага во моментов се делумни и се недоволни за согледување на состојбите во целина. Имено, податоците за јули покажуваат натамошен значителен реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, при извесно стабилизирање на движењата кај индустриското производство на годишна основа“, велат од Народната банка.

Во однос на инфлациските движења, во периодот јануари ‒ август, во просек годишниот раст на цените изнесувал 2,7%. Во овој период, позначителен раст е забележан кај цените на маслото и цените на нафтените деривати, што е предизвикано од движењата на светските берзи, а дополнително влијание имале и зголемувањата од административната и регулаторната природа, како и повисоките цени во рестораните и хотелите, што делумно било поврзано и со мерките за спречување на ширењето на ковид-19.

„Остварувањата кај инфлацијата се нешто повисоки од очекувањата, при што и натаму е нагласена неизвесноста во движењето на светските цени на примарните производи во следниот период“, наведува НБ.

Девизните резерви, според НБ, се на соодветното ниво и во сигурната зона. Во периодот јули – август, остварен е откуп на девизи од страна на Народната банка согласно со поволните движења на девизниот пазар, отплатена е еврообврзницата издадена во 2014 година и распределени се 160 милиони евра од специјалните права на влечење од страна на ММФ. На збирна основа, растот на девизните резерви од почетокот на годината е нешто повисок од очекуваниот според априлските проекции.

Трговскиот дефицит во јули е нешто повисок од очекуваниот за третиот квартал од годината, но периодот на оцена, велат од НБ, е премногу кус за носење попрецизни заклучоци.

„Последните расположливи податоци за менувачкото работење укажуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи од приватни трансфери од очекуваните за третиот квартал од 2021 година“, велат од централната банка.

Движењата во рамки на монетарниот сектор се солидни, а според првичните податоци за август, годишните стапки на раст на вкупните депозити и на вкупните кредити се над проектираните за третиот квартал на 2021 година, согласно со априлската проекција.

Ликвидноста на банкарскиот систем во домашна валута е на релативно стабилно и високо ниво.

„Показателите за остварувањата на девизниот пазар упатуваат на натамошно нормализирање на понудата на девизи од менувачниците и физичките лица на преткризните нивоа. Овие пазарни движења, придружени со солидната девизна ликвидност на банките во август, придонесоа за зголемување на понудата на девизи и следствено, за интервенции на Народната банка за откуп на вишокот девизи од банкарскиот систем, во износ од 30,7 милиони евра“ , информира Народна банка. 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите