Connect with us

економија

Народната банка ја намали задолжителната резерва кај банките за да стимулира денарско штедење

објавено

на

Народната банка ја намали задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5% на 5%, а истовремено ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска валута од 16,5% на 18%.

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, заради стимулирање на штедењето во домашна валута. Народната банка ја намали задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5% на 5%, а истовремено ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска валута од 16,5% на 18%. Оваа мерка, којашто е втора по ред по мартовската промена на стапките на задолжителна резерва, е наменета за натамошно поттикнување на денаризацијата на билансите на банките, што би се постигнало преку промени во каматната политика на банките, поточно преку понуда на релативно поповолни камати на денарските депозитни производи.

Воедно, како дополнително зајакнување на ефектот од промените на стапките за издвојување задолжителна резерва, Народната банка го зголеми и делот од задолжителната резерва во странска валута којшто банките го исполнуваат во евра, од тековните 70% на 75%. Пакетот измени кај системот на задолжителна резерва вклучува и зголемување на делот од задолжителната резерва во евра којшто банките го исполнуваат на просечна основа, од 5% на 10%, што создава услови за пофлексибилно управување со девизната ликвидност на банките на дневна основа. Примената на новите услови на издвојување задолжителна резерва ќе започне во августовскиот период на задолжителната резерва, односно од 10 август 2022 година.

Измените направени кај инструментот задолжителна резерва се во согласност со Стратегијата за намалување на евроизацијата на домашната економија, што е значајно за натамошното одржување на макроекономската стабилност.

На Советот беше разгледан и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Северна Македонија за првиот квартал од 2022 година. Со почнувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина, неповолниот амбиент имаше одредено неповолно влијание и врз динамиката на активностите на банкарскиот систем, којшто сепак како и при претходни кризни епизоди, успешно се справува со предизвиците. Депозитите од нефинансиските субјекти, во првиот квартал од 2022 година, забележаа годишен раст од 4,6%. Во првиот квартал се почувствуваа влијанијата на сезонските фактори, но и негативните ефекти од руско-украинскиот конфликт, којшто предизвика уште поголема неизвесност и влошени очекувања. Пласманите во кредити на нефинансиските субјекти солидно растат и во првиот квартал, со годишен раст од 10,1%. Поголемиот дел од кварталниот раст на кредитите беше насочен кон претпријатијата, но се забележува раст и кај кредитите на домаќинствата.

Во првото тримесечје, солвентноста на банкарскиот систем се задржа на стабилно и солидно ниво, со стапка на адекватност на капиталот од 17%. Показателите за ликвидноста и натаму се на задоволително ниво и упатуваат на соодветно управување на банките со ликвидносниот ризик. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор се сведе на историски најниското ниво од 3,1%, односно пониско и од претпандемичното ниво, со што квалитетот на кредитното портфолио на банките и натаму е солиден.

Неизвесноста околу натамошниот тек на настаните поврзани со пандемијата на ковид-19 којашто сѐ уште е присутна, зголемените цени на енергентите и фрагментираните и нарушени синџири на снабдување заради конфликтот во Украина, како и строгите рестриктивни мерки воведени во Кина, се најзначајните фактори на ризик коишто ќе влијаат врз идната динамика на растот на економската активност и на активностите на банкарскиот систем, се наведува во Извештајот.

македонија2 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија3 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија4 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија4 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки4 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија4 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија3 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

свет6 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост