Connect with us

економија

Народната банка ја намали каматната стапка на 1,25% – ќе поевтинуваат кредитите

објавено

на

Ова е четврто намалување на осовната каматна стапка во последнава година, „заради дополнително олеснување на финансиските услови и натамошна поддршка на домашната економија, имајќи го предвид тековниот развој на пандемијата, којашто сѐ уште трае“, како што велат од Народната банка.

На 9 март 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата беше одлучено основната каматната стапка да се намали за дополнителни 0,25 п.п., до нивото од 1,25%. Одлуката за понатамошно монетарно олабавување се носи во услови на стабилни движења на девизниот пазар и умерена динамика на инфлацијата, а додека сѐ уште постои неизвесност за здравствената криза и влијанието врз патеката на закрепнување на економијата. Во прилог на одлуката е и понагласениот приспособлив карактер на ЕЦБ заради одржување на поволните финансиски услови во подолг период. Натамошното олабавување на монетарната политика е заради дополнително олеснување на финансиските услови и натамошна поддршка на домашната економија, имајќи го предвид тековниот развој на пандемијата, којашто сѐ уште трае. Истовремено, на седницата беше оценето дека ослободената ликвидност изминатата година од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

Понатамошното олабавување на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките и натамошна кредитна поддршка на приватниот сектор, заради ублажување на ефектите од пандемијата врз домашната економија.

Според последните расположливи макроекономски показатели за економската активност, и во последниот квартал од 2020 година забавува падот на бруто домашниот производ, согласно со очекувањата, а остварениот пад на економијата за целата 2020 година е главно во рамките на последните  проекции. Имено, бруто домашниот производ во последниот квартал од 2020 година забележа пад од 0,7% на годишна основа, по падот од 3,3% во претходниот квартал. Со тоа, реалниот пад на економијата во 2020 година изнесува 4,5%, што е во согласност со проeкциите на Народната банка за пад од 4,9%. Расположливите високофреквентни податоци за првиот квартал 2021 година се ограничени и засега тешко можат да се извлечат јасни сигнали за економската активност во овој период.

Во однос на инфлациските движења, во првите два месеца од 2021 година ценовните промени се умерени и се во согласност со очекувањата според последната проекција на Народната банка. Во услови на ревизии главно во нагорна насока кај надворешните влезни претпоставки, сѐ уште е нагласена неизвесноста од движењето на светските цени на примарните производи во следниот период и нивното влијание врз домашните цени.

Девизните резерви и понатаму се на соодветно ниво и се одржуваат во сигурната зона. Најновите податоци од надворешниот сектор, за јануари 2021 година засега упатуваат на нешто понизок трговски дефицит од очекуваниот за првиот квартал од годината, додека последните податоци за менувачкото работење не отстапуваат значително во однос на очекувањата согласно со октомвриската проекција. Остварувањата кај билансот на плаќања за целата 2020 година упатуваат на умерено понизок дефицит во тековната сметка и умерено повисоки  финансиски приливи, во споредба со очекувањата со октомвриската проекција.

Во рамките на монетарниот сектор, согласно со првичните податоци за февруари 2021 година,продолжувагодишниот раст на вкупните депозити и кредити, при што растот на вкупните кредити е поумерен од проектираниот за првиот квартал на 2021 година според октомвриската проекција.

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидните средства на банкарскиот систем се одржуваа на солидно ниво, поради што потребата на банките за тргување со краткорочни денарски ликвидни средства на пазарите на пари и натаму е ниска. Пазарните движења, придружени со солидната девизна ликвидност на банките, во февруари, придонесоа за натамошно намалување на износот на интервенции за продажба на девизи од Народната банка за банките, којшто беше најнизок од почетокот на кризата наваму.

Во февруари, со одвивањето на процесот на вакцинирање против корона-вирусот ширум светот, кај инвеститорите на меѓународните финансиски пазари имаше попозитивни очекувања за закрепнување на глобалната економија. Во такви услови, како и поради изгледите за дополнителен фискален стимул во САД, цените на државните обврзници во САД забележаа значителен пад, што придонесе за намалување и на цените на државните обврзници во еврозоната. Пад забележа и валутниот пар евро/САД-долар, којшто во голем дел произлезе од изгледите за побрзо закрепнување на економијата во САД и согледувањата за поскоро започнување на процесот на затегнување на монетарните услови од страна на ФЕД.

Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите во економијата се стабилни, без поголеми отстапувања кај клучните макроекономски показатели во однос на проектираната патека. Неизвесноста и ризиците од пандемијата предизвикана од ковид-19 и натаму постојат, како во глобални рамки, така и во рамките на домашната економија. Народната банка и натаму со голема внимателност ќе го следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето и нивните ефекти врз домашната економија, заради соодветна и навремена реакција преку соодветно приспособување на политиките.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

свет21 час ago

Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, е избрана меѓу 100-те највлијателни луѓе на планетава според магазинот Тајм

македонија23 часа ago

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

економија23 часа ago

Ангеловска – Бежоска: Каматната стапка ќе ја намалиме во втората половина од годинава, доколку не се остварат позначителни ризици

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки5 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија5 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија5 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија5 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

македонија5 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

свет5 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.