Connect with us

економија

Народната банка ќе продолжи со водењето олабавена монетарна политика

објавено

на

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вчера, на панел-дискусијата на тема „Макроекономските политики и јавните финансии во време на постпандемија“, на Првата годишна конференцијa на Министерството за финансии – „Економско заздравување и раст по ковид“, во рамките на Економскиот и финансиски форум.

Една од лекциите научени од Големата финансиска криза од 2008/9 година е дека поддршката за економијата од носителите на политиките, вклучително и од централните банки, не треба да запре пред време, пред да има солидна и одржлива динамика на обновување на економскиот раст.

Закрепнувањето од досегашните шокови од корона-кризата е во тек, но неизвесноста во врска со пандемијата и нејзините влијанија врз динамиката на економското заздравување сѐ уште постои и потребна е натамошна поддршка од носителите на политиките. Користејќи го сѐ уште расположливиот простор за монетарен стимул, Народната банка ќе продолжи со водењето олабавена монетарна политика, со тоа давајќи поддршка за македонската економија во нејзиното закрепнување.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вчера, на панел-дискусијата на тема „Макроекономските политики и јавните финансии во време на постпандемија“, на Првата годишна конференцијa на Министерството за финансии – „Економско заздравување и раст по ковид“, во рамките на Економскиот и финансиски форум.

Во дискусијата, гувернерката истакна дека сепак, просторот за водењето олабавена монетарна политика не е неограничен и дека воопшто, централните банки секогаш мора да внимаваат и на можните несакани ефекти и ризици од предолг период на олабавување на монетарната поставеност. 

„Накусо, иако преку монетарната политика се обезбедува дополнителен стимул за економијата, за да се постигнат долгорочни позитивни ефекти, потребно е да се задржи вниманието и на структурните и на трансформациските политики, коишто се клучни за зголемување на потенцијалот за раст.“ – посочи Ангеловска-Бежоска.

Во однос на поставената на монетарната политика, таа нагласи дека со оглед на монетарната стратегија за де факто фиксен девизен курс, просторот за приспособување на политиката зависи првенствено од два клучни фактора: официјалните девизни резерви и ценовната стабилност. Притоа, се осврна на актуелните состојби и меѓу другото посочи дека според сите стандарди, девизните резерви остануваат соодветни за стабилност на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

На панел-дискусијата, којашто ја водеше шефот на Одделот за економија, градење на институциите и прекугранична соработка при Делегацијата на ЕУ, Фрек Јанмат, гувернерката Ангеловска-Бежоска говореше и подетално за мерките на Народната банка и ефектите од нив од избувнувањето на ковид-кризата наваму, како и за кондицијата во којашто се наоѓа банкарскиот систем според најновите показатели. Притоа, нагласи дека показателите укажуваат на простор и за натамошна кредитна поддршка за економијата од страна на банкарскиот сектор, при што секако треба да се има предвид и потребата од негова претпазливост.

На панел-дискусијата, покрај гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваа и  министерот за финансии, Фатмир Бесими, директорот на Одделот за Европа во ММФ, Алфред Камер, регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, министрите за финансии на Косово и на Албанија, Хекуран Мурати и Анила Денај и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РСМ, Тимчо Муцунски.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија