банки
Народна банка: Еуростандард беше слаба алка во банкарскиот систем и не можеше да се санира
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
„Kако регулатор и супервизор на банкарскиот систем не смее и нема да дозволи банка да работи спротивно на закон со тоа доведувајќи ја во прашање и стабилноста на целиот банкарски и финансиски систем. Секоја слаба алка во системот мора да се санира или доколку тоа не е можно мора да се отстрани од системот за да нема негативни ефекти врз останатиот дел од финансискиот систем.“, регираат од Народната банка по повод наводите на Трифун Костовски околу пропаѓањето на неговата банка Еуростандард.
Во врска со настапот на Трифун Костовски, еден од доминантните сопственици на „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај, во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24, од Народната банка ја испратија следнава реакција:
- Народната банка ги отфрла како целосно неточни обвинувањата и инсинуациите на еден од доминантните сопственици на „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај, упатени кон Народната банка и нејзиното раководство.
- Народната банка е независна институција и во своето постапување се води исклучиво од законите, кои подеднакво важат за сите. Kако регулатор и супервизор на банкарскиот систем не смее и нема да дозволи банка да работи спротивно на закон со тоа доведувајќи ја во прашање и стабилноста на целиот банкарски и финансиски систем. Секоја слаба алка во системот мора да се санира или доколку тоа не е можно мора да се отстрани од системот за да нема негативни ефекти врз останатиот дел од финансискиот систем.
- Со оглед на тоа што сопствениците на „Еуростандард банка“ не ја исполнија својата законска обврска за докaпитализација на Банката, единственото што Народната банка остануваше да го направи за да се заштити билансот на банката од натамошно влошување беше да ја исполни својата законска обврска и да ја укине дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, и на тој начин да ги стави средствата и имотот на располагање на доверителите.
- На преземањето на ваквата мерка претходеше интензивна комуникација со сопствениците, во која Народната банка постојано укажуваше на сериозноста на состојбата во којашто се наоѓаше Банката и инсистираше на итна докапитализација, потенцирајќи ги јасно последиците од неисполнувањето на нивната законска обврска за санација на Банката со дополнителна уплата на капитал.
- Уште еднаш нагласуваме дека согласно со своите законски надлежности, Народната банка ги има преземено сите соодветни мерки, вклучително и законската обврска за поднесување кривична пријава за предизвикување стечај и штета на доверителите на „Еуростандард банка“ АД Скопје, со предлог за преземање и други мерки за натамошна заштита на интересите на доверителите.
Прочитај Уште...
-
Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции
-
Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини
-
Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани
-
ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање
-
Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер
-
Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

Столб на срамот, наместо на демократијата

Потрошувачки и станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки на пазарот

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

ЕЦГалерт – „доктор во вашиот џеб“ и Глуко – мерење на шеќер во крвта без боцкање

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

Столб на срамот, наместо на демократијата

Мишко Ралев: Пандемијата ги обликува работните простори