Connect with us

економија

Народна банка: зголемен ризик за инфлација и за понизок економски раст

објавено

на

Одлучено е основната каматна стапка засега да остане иста, на нивото од 1,25% и да се понуди непроменет износ на благајнички записи од 10 милијарди денари.

На вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка беше заклучено дека последните случувања во Украина значително го менуваат глобалниот економски контекст и делуваат врз домашната економија. Тие во основа значат нагорен ризик за инфлацијата, а надолен ризик за економскиот раст. Од една страна видливи се ефектите врз инфлацијата, а од друга страна веќе се извесни ризиците за забавување на побарувачката поради зголемена неизвесност, воздржаност на домашните субјекти и намалена побарувачка од нашите трговски партнери. Во околности кога инфлацијата претежно е предизвикана од надворешни фактори на понудата, а ризиците за економскиот раст (побарувачката) се надолни, беше одлучено основната каматна стапка засега да остане иста, на нивото од 1,25% и да се понуди непроменет износ на благајнички записи од 10 милијарди денари. Тековната монетарна поставеност го поддржува кредитирањето на компаниите и граѓаните, односно обезбедува поддршка за натамошно закрепнување на економијата.

Сепак,ќе продолжиме со реоценување на поставеноста на монетарната политика, имајќи ги предвид најновите информации за конфликтот, како и фискалните мерки и последиците од нив врз домашната економија.Всушност, веќе е започнат новиот циклус на макроекономски проекции во чии рамки ќе се направи сеопфатно реоценување на поставеноста на монетарната политика. Доколку се оцени дека е потребно, централната банка ќе реагира и побрзо.

Во однос на инфлацијата во домашната економија, има нагорни ценовни движења, како и во сите земји во моментов. Така, во првите два месеца од 2022 година е остварена просечна годишна стапка на инфлација од 7,1%. Забрзувањето на инфлацијата е главно одраз на растот на светските цени на примарните производи (храна и енергија), но и општо на увозните цени. Ова доаѓа до израз особено во економиите коишто зависат од увоз, односно каде што значителен дел од потрошувачката е увезен, како што е случајот и со нашата економија, како една од трговски најотворените економии во регионот. Најновите проекции на ЕЦБ за инфлацијата во ЕУ, како наш најзначаен увозен партнер, како и нагорните ревизии на светските цени на енергентите и на храната упатуваат на повисока инфлација во однос на проектираната според есенските проекции и кај нас оваа година, а потоа постепено намалување наредната година. Исто така, се следат и домашните фактори, особено состојбите на пазарот на труд и нивното можно влијание во претстојниот период. Неизвесноста поврзана со ценовните промени и понатаму е нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со развојот и справувањето со пандемијата и актуелните геополитички тензии. Народната банка, внимателно ги следи сите промени и доколку растот на цените е од продолжен карактер и ако се забележат поизразени притисоци од побарувачката и позначително влијание врз инфлациските очекувања, таа е подготвена за соодветна реакција со сите инструменти со кои располага.

Нивото на девизните резерви и анализата на показателите за нивната соодветност покажува дека тие и понатаму се во сигурната зона. Неизвесниот амбиент, поради појавата на новите надворешни шокови, но и неоснованите шпекулации во јавноста околу стабилноста на девизниот курс имаат неповолни влијанија врз побарувачката за девизи во економијата. Стабилноста на девизниот курс е загарантирана и не треба да се доведува во прашање. Во овој контекст, на седницата на Комитетот беа разгледани промените во валутната структура на штедењето, како и однесувањето на субјектите на девизниот и на менувачкиот пазар. Притоа, беше заклучено дека одредени целни мерки, како што е промената во задолжителната резерва, може да се употребат како реакција на ваквите тенденции.

          Во однос на движењата во реалната економија, во четвртиот квартал од 2021 година реалниот БДП бележи раст од 2,3% на годишна основа, којшто е поумерен во однос на очекувањата според октомвриската проекција. Со овие остварувања продолжи натамошниот раст на домашната економија, но побавно, во услови на ширење на петтиот бран од пандемијата поврзан со сојот „омикрон“ на вирусот ковид-19, нарушувањата на глобалните синџири на снабдување и појавата на првите ефекти од нарушувањата на пазарот на енергија. Гледано за целата 2021 година, економијата бележи реален раст од 4%, што е во рамките на очекувањата од октомвриската проекција на Народната банка (3,9%).Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2022 година се делумни и недоволни за согледување на состојбите во целина, а оцената е дополнително отежната и поради кризата во Украина. Податоците за јануари покажуваат натамошен реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, како и мал раст на индустриското производство на годишна основа, по падот во претходниот квартал. Имајќи ги предвид најновите геополитички случувања, ризиците околу проекцијата на растот и економските изгледи за оваа година се во надолна насока.

Солидните движења во монетарниот сектор продолжија и во февруари. Според првичните податоци, во февруари 2022 година, кредитите и депозитите бележат солидни стапки на годишен раст. Растот на кредитирањето на корпоративниот сектор забрзува, при што и понатаму е поизразен во однос на кредитирањето на населението.

Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од ковид-19 се значително нагласени од ескалацијата на геополитичките тензии и од нивните потенцијални ефекти, пред сѐ, врз глобалниот раст на цените, но и врз трговските текови и побарувачката, што налага внимателно следење на состојбите. Народната банка продолжува со внимателното следење на движењата, ризиците и промените на глобалните и на домашните услови и е подготвена за соодветна реакција преку расположливиот инструментариум.

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија24 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство