Connect with us

економија

Народна банка излезе со проекциите: понизок економски раст, од 2,9% и повисока инфлација, од 8,8%

објавено

на

Општо земено, најновите оцени за растот на македонската економија се понеповолни во однос на октомврискиот циклус проекции за оваа и за следната година, под влијание на војната во Украина и енергетската криза. Oцените се проследени со висока неизвесност, при што ризиците се надолни.

Тековните согледувања за растот на македонската економија се понеповолни во однос на октомвриските оценки, се вели во најновиот Квартален извештај на Народната банка. Имено, и оваа, и следната година, се очекува побавен раст на македонската економија отколку во 2021 година. Се очекува економски раст од 2,9% во 2022 година (нешто повисок од прогнозата на Светска банка, од 2,7%) , по што ќе следи раст од 3,6% во 2023 година. И натаму се очекува позитивен, но поумерен придонес од домашната побарувачката, главно поради послабиот придонес од потрошувачката на домаќинствата, додека нето-извозот ќе има негативен придонес. На среден рок, се очекува задржување на солидниот економски раст, со реална стапка од 4% во 2024 година (во согласност со октомвриските оценки).

Најновите проекции упатуваат на просечна инфлација од 8,8% во 2022 година, при очекувања за постепена стабилизација до крајот на годината.  Неизвесноста во однос на идните движења на цените е исклучително висока, но согласно со проекциите на меѓународните финансиски институции, се оценува дека притисоците постепено ќе се стабилизираат кон крајот на годината, така што веќе во следната година се очекува значително забавување на ценовниот раст. Следствено, за 2023 година, се очекува забавување на стапката на инфлација по што би се свела на 3%. На среден рок, се очекува инфлација од околу 2%, во просек, во согласност со октомвриските очекувања.

Во услови на ескалација на геополитичките тензии, нови нарушувања на синџирите на снабдување и натамошен раст на цените на примарните производи на светските берзи, оцените за надворешната позиција на економијата во рамките на овој циклус проекции се понеповолни. Среднорочната проекција на билансот на плаќања упатува на повисок дефицит во тековната сметка за периодот 2022 ‒ 2024 година, главно поради сѐ повисоките цени на сите примарни производи, особено од цените на енергентите. Во рамките на најновите проекции, за 2022 година се очекува продлабочување на дефицитот во тековната сметка на билансот на плаќања до 8% од БДП.

Основен фактор за ваквите поместувања во тековната сметка се движењата во размената на стоки и услуги, конкретно влошувањето на  трговскиот дефицит, со умерен придонес и на намалениот суфицит кај услугите. Согласно со очекувањата за нормализирање на состојбите во глобалната и во домашната економија во 2023 година, предвидено е дефицитот на тековната сметка да се стесни до 4,5% од БДП, согласно со проектираното стеснување на негативното салдо во размената на стоки и услуги. За 2024 година, се очекува дека дефицитот во тековната сметка дополнително ќе се намали и ќе се сведе на 2,3% од БДП, слично ниво како и во претпандемичниот период. Показателите за адекватноста на девизните резерви упатуваат на нивно задржување во сигурната зона во текот на целиот период на проекциите.

Во првиот квартал од годината, кредитната активност на банките имаше важна улога во поддршката на економијата, во услови на натамошен приспособлив карактер на монетарната политика и стабилен банкарски систем. Иако растот на кредитите забрза во првиот квартал од 2022 година, очекувањата за 2022 година се дека растот ќе продолжи до крајот на годината, но поумерено, во услови на нагласена неизвесност, забавен економски раст и поумерен раст на депозитната база. Притоа, за целата 2022 година кредитниот раст би изнесувал 7,7%. На среден рок се очекува солидна кредитна поддршка, па за периодот 2023 ‒ 2024 година би изнесувал 7,6%, во просек (непроменето во споредба со октомвриската проекција). Се очекува поумерен раст на депозитите за целиот период на проекцијата. Така, за 2022 година растот на депозитите ќе изнесува 5,0%, а во следниот период се очекува негово умерено забрзување со што би достигнал 7,5%, во просек, во периодот 2023 ‒ 2024 година.

Општо земено, најновите оцени за растот на македонската економија се понеповолни во однос на октомврискиот циклус проекции за оваа и за следната година, под влијание на војната во Украина и енергетската криза. Oцените се проследени со висока неизвесност, при што ризиците се надолни.

Главен надолен извор на ризик во моментов претставува натамошната ескалација на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина, воведувањето нови, построги санкции и евентуалното дополнително влошување на економските односи помеѓу Западот и Русија. Дополнителен фактор на ризик е и евентуалното посилно затегнување на монетарната политика во развиените земји, како одговор на зголемените инфлациски притисоци и инфлациските очекувања. Во исто време, и натаму постојат ризиците поврзани со понатамошниот тек на пандемијата и можноста за појава на нови, загрижувачки вирусни соеви. Народната банка постојано го следи развојот на настаните, како и потенцијалните ризици за домашната економија како од надворешното окружувањето, така и од домашните фактори, заради соодветна реакција преку приспособување на политиките и преземање други, дополнителни мерки, доколку е неопходно.

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија23 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство