Connect with us

економија

Народна банка: Раст од 3,9% и инфлација од 3,1% годинава

објавено

на

Не се очекуваат позначителни пренесени ефекти од моменталниот раст на цените, со оглед на оцените за умерено закрепнување на побарувачката. Под влијанието на пролонгираното траење на пандемијата, на меѓународните пазари и понатаму постои голема променливост на цените на примарните производи, а со тоа и неизвесност околу движењето на увозните цени, како на краток, така и на подолг рок.

Најновите очекувања за економскиот раст се непроменети во однос на априлските проекции, при што за следната година и натаму се очекува целосно враќање и надминување на преткризното ниво, соопштија од Народната банка денеска, на претставувањето на макроекономските проекции.

Во согласност со вградените претпоставки за надворешното окружување и домашните фактори, во оваа и следната година, економската активност ќе расте со идентична стапка на раст од 3,9% и постепено ќе достигне стапка од 4%, на среден рок, истакна гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска. Во целиот период на проекциите, се очекува дека растот и натаму ќе произлегува од домашната побарувачка, додека нето-извозот ќе има негативен придонес кон растот во периодот на проекции. Имено, закрепнувањето на странската побарувачка би делувало стимулативно на извозната активност, но со оглед на високата увозна компонента на извозот, но и побрзото закрепнување на домашната побарувачка, се очекуваат и поголеми увозни притисоци.

Инфлацијата останува во контролирани рамки. Најновите проекции упатуваат на умерена инфлација од 3,1% во 2021 година. Најголемиот дел од тековните нагорни притисоци се должат на фактори на страната на понудата, поврзани со движењата на цените на примарните производи на светските берзи, со пренесениот ефект од минатогодишното зголемување на цените од регулаторна природа, како и од одредени фактори специфични за пандемиската криза, а во услови на олабавување на рестриктивните мерки. Следната година се очекува нормализација на овие фактори и забавување на инфлацијата, при што би се свела на 2,4%, а потоа постепено на околу 2% на среден рок. Истовремено, не се очекуваат позначителни пренесени ефекти од моменталниот раст на цените, со оглед на оцените за умерено закрепнување на побарувачката. Под влијанието на пролонгираното траење на пандемијата, на меѓународните пазари и понатаму постои голема променливост на цените на примарните производи, а со тоа и неизвесност околу движењето на увозните цени, како на краток, така и на подолг рок.

Дефицитот на тековната сметка и натаму би бил во умерени рамки, но на нешто повисоко ниво од минатата година (3,8% од БДП), а на среден рок би изнесувал околу 2% од БДП, слично на преткризното ниво. Проширувањето на дефицитот е пред сѐ одраз на повисокиот трговски дефицит при пораст на светските цени на храната и енергијата, привремен застој кај синџирите за снабдување којшто го забавува извозот и на постепеното закрепнување на домашната побарувачка. Овие ефекти се во голема мера неутрализирани со побрзото закрепнување на приватните трансфери, како и подобриот нето-извоз на услуги. Дефицитот на тековната сметка, како и во преткризниот период, ќе биде во целост финансиран од приливите во финансиската сметка, што ќе овозможи натамошен раст на девизните резерви на среден рок.

Показателите за адекватноста на девизните резерви упатуваат на нивно задржување во сигурната зона во текот на целиот период на проекции, што дополнително упатува на стабилноста на домашната валута – денарот.

Кредитната активност на банкарскиот систем и натаму е еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст. Во периодот на проекции се очекува солиден кредитен раст, којшто оваа година ќе изнесува 7,1% и постепено ќе забрза достигнувајќи околу 8% на среден рок. Слични се очекувањата и за движењето на депозитите во периодот на проекции, како главен извор на финансирање на банките.

Општо земено, најновите оценки за четиригодишниот период 2021 ‒ 2024 гoдина ги потврдуваат очекувањата за закрепнување на домашната економија од пандемијата и во основа се непроменети во однос на априлските проекции. Oценките се проследени со висока неизвесност, при што ризиците се претежно надолни и се поврзани пред сѐ со натамошниот развој на пандемијата и нарушувањата во глобалните синџири на снабдување и производство. Народната банка продолжува со внимателно следење на движењата и ризиците од домашното и надворешното окружување, заради соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика.

свет3 часа ago

Русија касни со плаќање на долгот кон странство. Министерот за финансии: тоа е фарса

економија3 дена ago

Развојната банка воведе нова кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Рекоа за…продуктивноста

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Зошто предолгото работење од дома може да е штетно за вашата кариера?

менаџмент / маркетинг3 дена ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

технологии / компании3 дена ago

Инженер на Google откри дека компанијата поседува вештачка интелигенција што станала свесна, па го пратија дома

свет3 дена ago

Ако пукне балонот со недвижности во Кина, ќе се оствари кошмарот на сите економисти

македонија3 дена ago

Виталиа е единствениот производител  со оцена А на престижниот BRC сертификат за квалитет

start up3 дена ago

Запознајте ги „ангел – инвеститорите“ што ги поддржаа наградените стартапи

македонија4 дена ago

За македонските граѓани најсигурна инвестиција е во станови, нивната цена пораснала за 20% за 3 години и нема да се намалува

start up5 дена ago

Македонскиот стартап Qpick започнува интернационална експанзија!

интервју3 дена ago

Роза Балфур: Условот за добрососедство мора да важи и за членки  – не може со вето да решаваат билатерални проблеми

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

македонија4 дена ago

Ковачевски во Брисел го отрфли францускиот предлог

економија3 дена ago

Од висока инфлација и економска стагнација добиваме стагфлација

економија3 дена ago

Акциските фондови со пораст од 57% и покрај хаосот на светските берзи

економија3 дена ago

Развојната банка воведе нова кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

свет3 дена ago

Ако пукне балонот со недвижности во Кина, ќе се оствари кошмарот на сите економисти

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Зошто предолгото работење од дома може да е штетно за вашата кариера?