економија
Народна банка: Се’ што се сакале да знаете за крипто – средствата
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Вложувањето во крипто – средства не е регулирано, што не значи дека е забрането, велат од Народната банка. Во секој случај, оттаму предупредуваат дека вложувањето во биткоин, етериум и останатите криптовалути или крипто – средства како што ги дефинираат, е високо ризично, пред се’ поради високата волатилност на нивната цена. Вложувањата во крипто-средства не се гарантирани и не постои механизам преку кој лицата ќе бидат обесштетени. Оттука, ако пропадне платформата преку која се врши тргувањето или субјектот кој издал некое крипто-средство, не постои механизам за обесштетување на имателите на крипто-средства.
Од Народната банка велат дека постојано ги разгледуваат релевантните прашања во врска со крипто-средствата, вклучително и нивниот третман во глобални рамки. Имајќи ја предвид и актуелноста на оваа тема на глобално ниво, во изминатиот период, тимот на Портата за иновации на Народната банка се осврна и на најчесто поставуваните прашања во јавноста, со цел да им даде соодветни препораки на сите лица од нашата земја коишто се интересираат за крипто-средствата.
Денес, на својата веб-страница, Народната банка објави одговори на најчесто поставуваните прашања во јавноста. Одговорите се достапни на следнава врска: http://nbrm.mk/prashanja-i-odgovori-za-kripto-sredstvata.nspx
И додека вредноста на биткоинот, најпопуларната криптовалута, постојано расте и во моментов е на чекор до 50.000 долари, еве ги најважните укажувања на Народната банка во врска со крипто – средствата:
– Како и во други земји, така и кај нас, нема општо прифатена дефиниција за крипто-средствата. Во основа, крипто-средствата се сметаат за специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, коешто не е издадено, ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка или друг регулаторен орган, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем.
– Крипто-средствата не претставуваат законско средство за плаќање во нашата земја. Согласно со постојната регулатива, плаќањата во земјата можат да се вршат во домашната валута ‒ денарот.
– Како и во многу други земји, така и кај нас, не постои регулатива со која се регулираат издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средствата. Прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство. Сепак, ова не значи дека работењето со крипто-средствата е недозволено, туку во моментов тоа е нерегулирано.
– Вложувањето во крипто-средства се смета за високо ризично. Сите коишто вложуваат или имаат намера да вложат во крипто-средства треба да бидат исклучително внимателни и добро да се информираат за потенцијалните ризици на кои се изложени и ефектите од таквите вложувања.
‒ Високиот ризик што го преземаат лицата кои вложуваат во крипто-средства произлегува од исклучително високата променливост на нивната пазарна цена, што значи дека за краток временски период се можни исклучително високи промени во пазарната цена на крипто-средствата (како во нагорна, така и во надолна насока). Сите кои вложуваат треба да бидат свесни дека вредноста на крипто-средствата може да биде и нула.
‒ При вложувањето во крипто-средства, лицата се изложуваат и на бројни оперативни ризици и други ризици од загуба на нивниот имот,посебно во услови на развој на голем број децентрализирани инфраструктури врз коишто се заснова поседувањето на крипто-средствата и нивната нерегулираност во глобални рамки. Со оглед на тоа дека издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средствата зависат од компјутерски системи и софтвери, во оваа сфера многу големо значење имаат ризиците поврзани со дигиталниот простор и можноста за т.н. хакерски напади и губење имот.
‒ Финансиските институции можат да одбијат спроведување платежни трансакции што се поврзани со вложување во крипто-средства, доколку оценат дека таквите трансакции ги изложуваат нив или нивните клиенти на високо ниво на ризик од перење пари или финансирање тероризам.
‒ Вложувањата во крипто-средства не се гарантирани и не постои механизам преку кој лицата ќе бидат обесштетени. Оттука, ако пропадне платформата преку која се врши тргувањето или субјектот кој издал некое крипто-средство, не постои механизам за обесштетување на имателите на крипто-средства.
Одговорите на најчесто поставуваните прашања во јавноста во врска со крипто-средствата, објавени од Народната банка, ги претставуваат ставовите засновани на тековно расположливите информации.
Со оглед на тоа дека тематиката поврзана со крипто-средствата на глобален план е во постојан развој, постои веројатност од понатамошно менување и дополнување на искажаните ставови, во зависност од тоа какви стандарди ќе се развиваат во врска со крипто-средствата на глобално ниво.
Прочитај Уште...
A1 со нова понуда: 30 GB мобилен интернет за нов постпејд договор
Годината почнала со поголем извоз за 15,4% и увоз за 5,3%
„Џонсон Мети“ во Македонија доби нов директор
Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации
Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега
Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020



A1 со нова понуда: 30 GB мобилен интернет за нов постпејд договор

Годината почнала со поголем извоз за 15,4% и увоз за 5,3%

„Џонсон Мети“ во Македонија доби нов директор

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Стравот од инфлација им пресуди на акциите

Македонската економија на среден и долг рок (6)

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.
