Connect with us

економија

Најголемиот ризик за светската економија за којшто никој не зборува

објавено

на

Третина од Кина заглавена во карантин деновиве, нејзината економија страда, а последиците по светската економија ќе бидат пострашни одошто многумина перцепираат во моментов.

Околу 400 милиони луѓе во 45 градови во Кина се во целосен или делумен локдаун, како дел од кинеската ригорозна нула-ковид стратегија. Во моментов овие луѓе сите заедно претставуваат околу 40% или 7,2 илјади милијарди долари од бруто домашниот производ на Кина, втората најголема економија во светот, според податоците на јапонската финансиска куќа Nomura Holdingds, коишто ги пренесува CNN Business.

Аналитичарите се обидуваат деновиве да го вклучат алармот, но велат дека инвеститорите како да не согледуваат колку серозен ефект врз целата светска економија може да имаат овој пролонгиран карантин во кинеските градови.

„Глобалните пазари веројатно се’ уште го потценуваат овој ефект, бидејќи повеќе се фокусирани на руско-украинскиот конфликт и покачувањето на каматните стапки од страна на Федералните резерви во САД“, напиша  Лу Тинг,  главниот економист на  Nomura за Кина, во обраќањето минатата недела.

Најалармантен е локдаунот на Шангај, којшто не се знае кога ќе заврши, а градот има 25 милиони жители и еден е од најголемите производни и извозни хабови на Кина.

Карантините во овој град веќе доведоа до недостиг на храна, неможност да се дојде до медицинска помош, па дури се пријавени и усмртувања на домашни миленици. Исто така, најголемото пристаниште во светот остана со недоволно персонал периодов.

Пристаништето во Шангај, коешто покри преку 20% од кинескиот бродски транспорт во 2021 година, практично е во застој. Прехранбените стоки заглавени во бродските контејнери стојат со денови без можност за складирање во ладилници и скапуваат.

Она што доаѓа како увоз сега е заглавено во шангајските пристанишни терминали во просек во осум денови пред да биде транспортирано понатаму, што е 75% зголемување на времетраењето откако почна локдаунот. Времето на складирање на извозните стоки се намали, но тоа е веројатно поради фактот што не се испраќаат нови контејнери од магацините кон пристанишните докови.

Карго авио компаниите ги откажале сите летови кон и  од Шангај, и повеќе од 90% од камионите што го опслужуваат синџирот на извоз и увоз во моментов не се оперативни.

Sony, Apple, Tesla…низата на светски брендови што зависат од Кина е долга

Шангај произведува 6% од кинескиот извоз, според кинескиот државен завод за статистика, и затворањата на фабриките во и околу градот само дополнително ги загрозуваат синџирите на снабдување во земјата и глобално.

Фабриките што прават делови за Sony и Apple во и околу Шангај сега не се оперативни. Quanta, најголемиот производител на лаптопи којшто работи за повеќе светски брендови, а од неговите погони излегува и MacBook на Apple, целосно го сопре производството во фабриката во Шангај. Овој капацитет покрива околу 20% од целото производство на Quanta, a компанијата претходно имаше соопштено дека годинава ќе испорача 72 милиони лаптопи. Tesla, исто така, ja затвори својата фабрика во Шангај, од каде што излегуваат 2.000 електрични автомобили дневно.

Пред неколку дена, кинеското Министерство за индустрија и ИТ изјави дека праќа екипа во Шангај да работи на планот за продолжување на производството во 666 клучни капацитети во градот што е под карантин. Менаџментот на фабриката на Tesla се надева дека деновиве ќе го продолжат производството, со што би завршил најдолгиот застој откако фабриката е отворена во 2019 година. Досега, производителот на електрични возила загуби преку 50.000 возила, според податоците на Reuters.

„Ефектот врз Кина од овие затворања на градовите е огромен, како и на целата светска економија. Сметам дека најмалку следните шест месеци ќе бидеме сведоци на уште поголема нестабилност на пазарите и социјални последици“, вели Мајкл Хирсон, шеф за пазарите на Кина и Североисточна Азија во Eurasia Group, глобална консултантска куќа специјализирана за проценка на политички ризици.

Продолжените прекини на кинеското производство и транспортот  би можеле да помогнат да се забрза клучната иницијатива на администрацијата на Бајден, чија цел е да се намали зависноста на САД од кинеските производи и синџирите на снабдување. Но, оваа задача доаѓа со сериозни непосредни економски реперкусии.

Пристаништето во Шангај, коешто покри преку 20% од кинескиот бродски транспорт во 2021 година, практично е во застој. Прехранбените стоки заглавени во бродските контејнери стојат со денови без можност за складирање во ладилници и скапуваат.

Во извештајот објавен минатата недела, Светската трговска организација предупреди на најлошото сценарио кое вклучува тотална поделба на глобалните економии на два блока, поттикнато од руската инвазија на Украина, што може да го намали долгорочниот глобален БДП за 5%.

Тоа е многу малку веројатно со оглед на длабоките финансиски врски меѓу Кина и САД. Инвестициите меѓусебно во акции и обврзници достигнаа 3,3 трилиони долари на крајот на 2020 година, според податоците на Rhodium Group.

„Ова се сè уште многу испреплетени економии“, вели  Хирсон. „Таа интеграција не е нешто што лесно ќе се смени бидејќи би било неверојатно скапо за САД и за глобалната економија.“

Крај на глобализацијата каква што ја знаеме три децении

Шефот на инвестицискиот гигант Blackrock, Лери Финк, го рефлектираше овој сентимент  во писмо до акционерите на компанијата. „Руската инвазија на Украина“, напиша тој, „ стави крај на глобализацијата што ја доживеавме во последните три децении.“

Во говорот пред Атлантскиот совет минатата недела, американскиот секретар за финансии Џенет Јелен рече дека САД внимателно ги следат политичките и економските врски на Кина со Русија. „Како што ќе минува времето, ќе биде сè потешко да се одделат економските прашања од пошироките размислувања за националниот интерес, вклучително и националната безбедност“, рече таа.

Иако таа рече дека се надева дека може да се избегне „биполарен раскол“ меѓу Кина и САД, „односот на светот кон Кина и нејзината подготвеност да прифати понатамошна економска интеграција може да бидат погодени од реакцијата на Кина на нашиот повик за решителна акција кон Русија“.

Третина од Кина, во меѓувреме, е заглавена во карантин, а нејзината економија страда.

Неодамнешниот одговор на пандемијата на Кина веројатно ќе чини најмалку 46 милијарди американски долари изгубено економско производство месечно, или 3,1% од БДП, според истражувањето на Кинескиот универзитет на  Хонг Конг.

Аналитичарите повеќе не веруваат дека целта на Кина за 5,5% економски раст во 2022 година, најмалку амбициозната цел на земјата во последните три децении, е реална. Светската банка ги ревидираше своите проценки за кинескиот економски раст оваа недела на 5 отсто, но истакна дека ако продолжи нејзината рестриктивна политика за ковидот, тоа би можело да падне на 4 отсто.

Економските тешкотии  доаѓаат во политички чувствителен  момент. Оваа есен, кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе поднесе барање  за трет мандат како лидер на нацијата, кршејќи ја традицијата на максимум за два мандати.

македонија7 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија10 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје