Connect with us

македонија

Најголем проблем е културата на клиентелизам

Македонските бизниси учат како да се борат против корупцијата

објавено

на

Досега над 130 претставници од македонски бизниси ги завршиja обуките за откривање и борба против корупцијата во организација на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Конект и Здружението на даночни советници. Во уште пет наврати бизнисите ќе имаат уникатна можност ваквите специјализирани обуки да ги следат бесплатно благодарение на поддршката на ЕУ, која го финансира проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“.

Корупцијата со којашто се соочуваат во јавните набавки како и давање/нудење поткуп за побрзо да се заврши работа со административните служби – дозволи, царински постапки, вадење документи и сл. – се најчестите форми на корупција коишто ги посочуваат компаниите, е заклучокот од обуките за борба на бизнис секторот против корупција што се одржуваат изминатиов период во Македонија.

Овие типови на корупција со години наназад се посочуваат и во јавноста и се системски проблеми, велат организаторите на обуките,  Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Конект и Здружението на даночни советници, коишто  на 17  и 18 септември преку видеоконференциска врска поради состојбата со пандемијата,  ja организираа десеттата по ред во серијата обуки „Заштити го твојот бизнис од корупција“.

Обуките се одвиваат во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ со финансиска поддршка од Европската Унија, а спроведуван од горе споменатите три организации.  Досега над 130 претставници од македонски бизниси ги завршиле обуките со што се стекнале и со можноста да користат дополнителна поддршка преку http://www.bezkorupcija.mk. Во уште пет наврати бизнисите ќе имаат уникатна можност ваквите специјализирани обуки да ги следат бесплатно благодарение на финансиската поддршка на ЕУ, велат организаторите.

Почетокот на справувањето со корупцијата е во ‘сопствениот двор’

„Но, она што го утврдуваме на обуките е дека корупцијата е значително присутна и во односите компанија со компанија. Исто така широко се распространети деловните практики коишто сами по себе се законски, но можат да бидат злоупотребени за прикривање на корупцијата како што се подароци, репрезентација, угостителски услуги, патувања и сл. па затоа се нарекуваат ‘сиви зони’. Токму во односите помеѓу компаниите и во сивите зони самите компании имаат директна контрола и може да извршат големо влијание. Значи, почетокот на справувањето со корупцијата е во ‘сопствениот двор’ што ќе ѝ помогне на компанијата да гради култура на интегритет во своето опкружување.“, вели Никица Кусиникова, директор на здружението Конект, еден од организаторите на обуките.

Целта на обуките е да им се помогне на компаниите да воспостават и да ги подобрат своите програми и практики за спречување на корупцијата, усогласеност со регулативите и етичко управување. Обуките се дел од поширока иницијатива на горе споменатите организации, да креираат заедницата на компании и лица од бизнис секторот, коишто сакаат бизнис без корупција. Во оваа насока, на обуките се дискутира и за тоа што би ги мотивирало компаниите, да ѝ се спротивстават на корупцијата и што заеднички може да направат за да промовираат бизнис интегритет помеѓу компаниите во земјава.

„На обуката компаниите се здобиваат со знаење како да ја препознаат корупцијата во сите нејзини форми, особено кога станува збор на т.н. сивите зони и како да ги идентификуваат ризиците што нивната компанија ги има од аспект на корупција. Исто така добиваат методологија и вештини како во својата компанија да воспостават програма којашто ќе промовира нулта толеранција кон корупцијата, ќе ја превенира и ќе ја спречува. Преку програмата и мерките за спречување на корупцијата компанијата всушност ги штити своите вработени и им помага да знаат како да постапат кога ќе се најдат во можна ситуација на коруптивно делување.“, објаснува Кусиникова.

Бизнисите избираат дали ќе бидат соучесници

Препознавањето на корупцијата е првиот аспект на коишто со овие обуки се настојува да се влијае врз градењето на капацитетите на бизнис секторот. Нашите соговорници велат дека каналите на корупција стануваат се’ пософистицирани и позадскриени од класичноto нудење или примање мито во кеш.

„Во односот фирма – држава правилата на игра се формални и отстапувањата од правилата на тој однос релативно полесно се идентификуваат. Во случај на корупција важно е компаниите да се охрабрат да ги користат механизмите на заштита што постојат. Во односот фирма – фирма до вистински израз доаѓа можноста компанијата да ја постави контролата и да влијае на отстранување на коруптивното делување.“, објаснува Виктор Мирчевски, програмски раководител во Конект.

Дотолку повеќе, додава тој, бизнисите имаат можност позитивно да делуваат на своите добавувачи и соработници креирајќи обврски за воведување политики и практики за интегритет. Во обата односи бизнисите избираат дали ќе бидат соучесник. Најголем кочничар, според неговите зборови, е несомнено културата на клиентелизам која произведе во кои на корупцијата се гледа како на неодминлив трошок во водењето бизнис и „нормална работа“.

„Бидејќи ова не смееме да го дозволиме неопходно е да изградиме заедница на бизниси со интегритет кои гласно ќе се спротивстават и ќе охрабрат други да ги применуваат решенијата што низ искуство ги креирале. Сликата несомнено ќе се измени ако заговорниците на корупцијата почесто се соочуваат со одбивање и пријавување наместо со прифаќање.“, вели Мирчевски.

Компаниите си споделуваат искуства и разменуваат решенија

Нашите соговорници велат дека кај вклучените компании во овие обуки за откривање и борба против корупцијата, очигледен е ефектот на подобро препознавање што го забележуваат и го добиваат како повратна информација. На самите обуки практично се креира безбеден простор каде што компаниите ги споделуваат своите предизвици и случаи каде се соочиле со корупцијата, но си разменуваат и решенија за постапување.

„Случаи за кои често се дискутира се потплаќањата за олеснување, конфликтите на интерес, наложени вработувања, преговарања што ја оневозможуваат конкуренцијата во процеси на набавки, злоупотреби на угостителски услуги и деловни подароци итн. Преку обуките, експертската поддршка и реалните искуства и грешки се дефинира како да не дојде до ваквите случаи (мерките за превенција), како и начините на постапување ако тоа се случи. Ваквите применливи сознанија се важен исчекор во градењето на бизнис што е отпорен на корупција.“, велат од Конект.

Обуките ги спроведуваат искусни обучувачи од водечки компании во земјата врз основа на експертиза, техники и најдобри практики од целиот свет. За најновата обука обучувачки беа  Ружица Панарин Паздријан, национален офицер за усогласеност од ЕВН и Марија Шеќероска, раководителка на служба за правни работи од ГД Гранит АД Скопје.

Проектот им обезбедува на учесниците  пристап до најдобрите светски ресурси и материјали на темата што ќе можете практично да ги користите, заедно со интерактивна поддршка на http://www.bezkorupcija.mk и вмрежување со над 120 компании – корисници. По завршетокот на обуката сите учесници ќе добијат сертификати ќе веруваат дека бизнисот може да се одвива без корупција.

Целта на програмата е да ги поддржи заинтересираните компании  да можат да воспостават програми и практики за спречување на корупција, етичко управување и усогласеност со прописи.

Трошоците за обуката (154 евра по учесник) целосно се покриени од страна на организаторите на проектот.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал