Connect with us

свет

Најдобрата работа во Америка (а и не само таму) е софтвер девелопер

објавено

на

Софтвер девелоперите стануваат се повеќе клучни за одржливиот раст и успехот на бизнисите во различни индустриски сектори.

Најдобрата работна позиција во Америка е софтвер девелопер, со годишна средна плата од 121.000 долари, релативно ниско ниво на стрес и здрав баланс помеѓу работата и приватниот живот. Ова се наодите на U.S. News and World Report , базирано врз податоци од федералното Биро за трудова статистика (BLS) и уште неколку извори за висината на платите во САД, меѓу кои и CareerBuilder.  Во правењето на листата на најдобри работни места биле земени предвид седум критериуми: проектиран број на работни места во следните 10 години; процентот на раст на бројот на работни места следните 10 години; средна плата; стапка на вработеност; изгледите за иднината; нивото на стрес; и балансот работа – приватен живот.

Софтвер девелоперите стануваат се повеќе клучни за одржливиот раст и успехот на бизнисите во различни индустриски сектори. BLS проектира раст во бројот на овие работни позиции за 25% до 2030 година.  Потребата од оваа професија расте затоа што расте бројот на продукти и услуги што се потпираат на софтверски решенија. Во САД, но и во многу други земји може да студирате 3-4 години на факултет за софтвер девелопер  или пак да одите на обуки што траат од 5-6 до 18 месеци, според Studydatascience.org.

“Без професионално искуство, аплицирањето за ваква позиција може да е предизвик. Софтверското инженерство бара специфични вештини. Треба да имате добро познавање на основните програмски јазици како C++, HTML, JavaScript, како и основно искуство во програмирање“, наведува веб порталот.  Софтвер девелоперите имаат слична работа со програмерите, но сепак постојат разлики: програмерот е ИТ специјалист што се фокусира на пишување софтверски кодови, т.н. кодирање, додека софтвер девелоперот е во принцип дизајнер или проект менаџер којшто исто така може да кодира. Тој всушност го  користи кодот за да испланира задачи што компјутерот ќе ги исполни со цел да ги задоволи потребите на корисниците.

Меѓутоа, како што пишува MarketWatch не е се’ розово околу оваа работна позиција. Освен високите квалификации и искуството, тука се и бескрајните часови поминати пред компјутер. Бидејќи најчесто работните ангажмани на девелоперите се врзани за проектни задачи, па не  се ретки и прекувремените работни часови,  како и бројните рокови.

Број 2 во категоријата „најдобра работа“ во САД е квалификуван медицински негувател (медицинска сестра/брат) со средна плата од 123.780 долари според BLS. На трето место е менаџер за здравствени услуги со 101.340 долари и лекарски асистент со 121.530 долари. И покрај, или можеби поради предизвиците изминативе три години, работните позиции во здравствената заштита продолжуваат да доминираат во рангирањата на „најдобрите работни места“. Натпросечно високите плати, ниската стапка на невработеност и сигурната иднина за најголемиот дел од овие позиции секако го рефлектираат тоа.

банки4 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите