Connect with us

свет

Најдобри изуми во 2021 година

Избор на магазинот Time

објавено

на

Како и секоја година, американскиот магазин Time прави листа на најдобрите изуми коишто светот го прават подобро, попаметно, па и позабавно место. Врз основа на критериумите оригиналност, креативност, ефективност, амбициозност и влијание, Time ни претставува 100 револуционерни изуми во 2021 година, а ние направивме една мала селекција на пронајдоци во неколку главни категории,  коишто во иднина ќе го сменат начинот на којшто работиме, мислиме и живееме.

Категорија: Пристапност

OrCam Read
Претворање  на текст во аудио

Читањето е сериозен предизвик за десетици милиони луѓе на планетава, без оглед дали страдаат од оштетување на видот, дислексија или други тешкотии. Преку користење на компјутерски вид и вештачка интелигенција, уредот OrCam Read (2000 долари) може да прочита било какво парче текст на глас. Корисниците треба само да ja насочат ласерската рамка на уредот кон страница од книга, мени, реклама или текст прикажан на екран, да притиснат копче и уредот веднаш го вокализира текстот, со глас што звучи прилично природно. Исто така, уредот може да чита текстови на повеќе јазици. А, бидејќи има можност да реагира на гласовни команди, може да побарате да прочита, на пример, телефонски број од некој рекламен оглас или работното време на вашата омилена продавница.

Permobil Explorer Mini
Мобилност за најмалите дечиња

Кај дечињата што се бавни при одот поради болести како мускулна дистрофија, церебрална парализа или Даунов синдром се покажало дека когнитивно и социјално може да напредуваат ако се движат наоколу со помош на моторизиран уред. Проблем: повеќето моторизирани инвалидски колички се премногу големи за најмалите деца. Затоа, некои родители се обидуваат со модификација на автомобили – играчки да им помогнат некако на своите најмили. Со цел да излезе во пресрет на овие потреби, создаден е Permobil Explorer Mini (2.700 долари), моторизиран уред што доби одобрение и од американската Агенција за храна и лекови (ФДА), наменет за деца од 1 до 3 годишна возраст. Децата може да ја контролираат оваа количка преку џојстик. Идејата е, како што вели Ејми Морган, педијатриски физикален терапевт и проект менаџер на Permobil, да се забрза физичкиот развој на овие деца.

Категорија: Вештачка интелигенција

NVIDIA Omniverse
Вештачката интелигенција станува реална

Виртуелните светови се многу повеќе од обично играње видео игри  – тие се корисни за планирање на инфраструктура како што се патишта и објекти, а може да се користат и за тестирање на автономни возила. Проектот Omniverse на технолошкиот гигант NVIDIA, го олеснува креирањето на ултра – реалистични виртуелни простори за ваквите намени од реалниот свет.

Платформата ја комбинира технологијата на т.н. графичко рендерирање што симулира физичко однесување на светлината, применета во најновите единици за графичко процесирање на NVIDIA, со низа open-source алатки за колаборација во живо во фотореалистичните 3-Д светови.
Архитектонските фирми како Foster+Partners веќе ја користат оваа технологија со цел да визуелизираат детали од објектите во порана фаза на процесот на дизајнирање, додека BMW направи „дигитална близначка“ на една од своите фабрики, со што си овозможи да тестира поефикасни можности за монтирање на автомобилите.

Caption AI
Сонограмот поедноставен

Сонограмите за срце може да помогнат при дијагностицирање на состојби како ревматична  срцева болест од којашто умираат 1,4 милиони луѓе годишно – но голем број сиромашни земји немаат доволно ултразвучни машини и техничари обучени за работа со нив. Софтверот за машинско учење на Caption AI може да помогне. Софтверот е замислен да работи со новата генерација на рачни ултразвучни апарати  и самиот ги наведува техничарите низ малите подесувања потребни за да се добие слика на срцето што докторот може да ја прегледа за евентуални проблеми.
„Не може секој човек да го праќате на кардиолог секоја година“, вели Килиан Кепсел, ко-основач на Caption Health  и главен директор за технологија. „Но, може да одите на редовен преглед кај вашиот матичен лекар и со помош на овие технологии тој да ви направи скрининг многу подобро одошто досега беше возможно.“

Категорија: Засилена реалност и Виртуелна реалност

Lenovo ThinkReality A3 Smart Glasses
Пет екрани одеднаш

Кога ќе седнете на вашето работно биро во некоја блиска иднина, наместо да го вклучите мониторот или да го отворите лаптопот, ќе може едноставно да си ставите еден пар од паметните очила  ThinkReality A3 на Lenovo (1.500 долари). Ќе ги поврзете очилата со компјутер или смартфон, и екраните со висока резолуција вградени во леќите ќе ви се покажат пред очи како пет различни виртуелни десктоп екрани. Додека ја движите главата за да ги видите различните десктопи што се вртат пред вас, може да си продолжите со мултитаскинг помеѓу табелите од Excel или Word документите како што нормално би користеле стандардна тастатура, тракпад или маус, сето тоа додека стримувате плејлисти од Spotify преку вградените звучници во очилата.

Google Maps Live View
Гледајте каде одите

Колку пати сте лутале низ непозната локација, гледајќи во мапата на вашиот телефон и прашувајќи се каде да скршнете? Како пешак, ориентацијата низ просторот потпирајќи се на птичја перспектива не е баш интуитивно. Live View модот на Google Maps го решава тоа, користејќи засилена реалност (augmented reality) со цел да ви даде инструкции згора на тоа што го гледате во живо на улицата преку viewfinder-от на камерата од вашиот смартфон. На тој начин, ефективно се усогласува вашата мапа со реалниот свет, вели Андре Ле, водечки дизајнер во Live View. Досега, Google постигна Street View покриеност на околу половина од планетава, додека Live View беше лансиран во сообраќајните јазли на повеќе нивоа во Токио, како и аеродромите и моловите непосредно пред Олимписките игри. (исто како и во Цирих). Компанијата се’ уште прави тестирања во внатрешни локации во САД, како што се шопинг молови, но десетици милиони луѓе веќе го користеле Live View глобално.

Категорија: Потрошувачка електроника

Framework Laptop
Лаптоп што може да го поправите

Решението на Framework (750-1000 долари) не е некоја сензационална технологија што ги прави постарите лаптопи непотребни. Напротив, овде можете да ја извадите  батеријата, тастатурата и останатите делови со цел да ги поправите или надградите, со тоа што ќе му го продолжите векот на вашиот лаптоп.
Директорот на Framework, Нирав Пател, кој порано развивал софтвер за Apple, смета дека луѓето сакаат алтернатива за „продукти кои се залепени, запечатени, дизајнирани да бидат за фрлање“. Американската Public Interest Research Group, лидер во движењето „право на поправка“ кое што се бори против производители што ги прават нивните продукти непоправливи, проценува дека Американците би заштедиле 40 милијарди долари годишно доколку ги поправаат, наместо да купуваат нови електронски уреди. Секако, тука е  и еколошкиот ефект во тоа што ќе се испраќаат помалку уреди и нивните токсични хемикалии на депониите.

Syng Cell Alpha
Звучник што „ја чита“ собата

Основачот на Syng, Кристофер Стрингер, поминал 22 години во Apple, каде што придонел во дизајнирањето на iPhone, iMac и останатите легендарни продукти. Сега се надева на уште еден хит со својот Cell Alpha, безжичен звучник со напреден дизајн (1.800 долари)  којшто продуцира звук со квалитет достоен за аудиофили. Додека се сетира за работа, Cell Alpha – којшто потсетува на Death Star од Star Wors – користи тонови и микрофони за да се калибрира себеси на формата и акустиката на просторијата со цел да постине максимален квалитет на звукот. Тогаш бас вуферите  и драјверите емитуваат звук што се чини дека доаѓа од сите правци. Ако го поместите звучникот, тој автоматски ќе направи ново сетирање на звукот. Ако пак, имате два вакви звучници, тие ќе се калибрираат и еден со друг.

Категорија: Образование

The Learning Passport
Онлајн учење, ама офлајн

Ковид-19 пандемијата принуди многу ученици низ светот да се снаоѓаат додека нивните училишта беа затворени, а домашното школување беше отежнувано од бавниот интернет, којшто во многу места и го нема воопшто. Решението на Learning Passport e следново: да им се даде на учениците можност за часови базирани на апликација или интернет пребарувач, коишто не бараат постојана интернет врска. Наместо тоа, студентите пристапуваат до платформата кога ќе можат, даунлодирајќи ги своите лекции што може да ги поминат подоцна, офлајн. Развиен со заеднички сили на UNICEF и Microsoft, Learning Passport им овозможува на едукаторите да аплоудираат локални наставни програми – што значи работи со  повеќе јазици, субјекти и старосни групи. Првпат употребен во Тимор – Лесте во 2020 година, Learning Passport сега има околу 1,6 милиони корисници во 13 земји.

Sphero indi
Учење на децата да кодираат

Во својата суштина, кодирањето е решавање на некаков проблем и препознавање на образец. Sphero indi подучува и на двете – не е потребен екран. Наместо тоа, децата уште од 4-годишна возраст може да користат различно обоени плочки со цел да ја поместат роботската кола од точка А до точка Б – зелените плочки ја зголемуваат брзината, розовите кажуваат да свртите лево, виолетовите да свирнете со свирката, итн.
„Ние сакавме да ги пренесеме овие апстрактни концепти во физичкиот свет“, вели Џеф Вајнкрот, еден од главните инженери што работеше на продуктот. Еден комплет за учење чини 125 долари и се состои од автомобилче и 20 обоени плочки што им помагаат на децата да составуваат пазл мозаици засновани на програмирање.

Категорија: Здравје во домот

Mila
Пречистувач со убав изглед

Среде се’ поголемата загриженост во светот околу загадувањето и болестите што ги предизвикува, продажбата на домашни пречистувачи за воздух енормно расте. Но, додека ХЕПА филтрите покажаа дека редуцираат поголем дел од крупните честички во воздухот, бактерии и сл., има еден проблем: „Повеќето пречистувачи личат на фрижидери што стојат во аголот од собата“, вели Грант Приже, директор и основач на Mila. Па така, Приже реши да направи нешто што изгледа исто толку добро, колку што е и ефикасно. Познатиот прeчистувач од неговата компанија (350 долари) не само што зрачи со елеганција и естетика, туку поседува и некои функции што ги нема кај конкуренцијата, како на пример, системот што открива кога има луѓе во просторијата, па ја намалува бучавата. Поддржана од Electrolux  и Vulcan Capital, Mila исто така продава и специјални филтри за сопственици на миленичиња, луѓе склони кон алергија, итн.

EcoQube
Паметен детектор на радон

Харприт Кохан никогаш не се потресувал многу околу радонот – се’ додека негов близок пријател не починал од рак на белите дробови, најверојатно поради изложеноста на овој радиоактивен гас во неговиот дом.

Генериран од подземните наслаги на ураниум, радонот предизвикува околу 20.000 смртни случаи годишно во САД, според американската Агенција за заштита на животната средина. Со цел да помогне во откривањето на оваа невидлива опасност, Ecosense, компанијата во која Кохан работи, го креираше уредот EcoQube (183 долари), којшто овозможува да го мониторирате нивото на радон во вашиот дом со помош на апликација. Малата црна кутија користи јонска комора да го идентификува смртоносниот гас, а независни тестови покажале дека расположливата технологија има перформанси слични на многу поскапите професионални детектори на радон.

Категорија: Одржливост

Huue
Синиот џинс станува „зелен“

Џинсот е вечен моден фаворит, со повеќе од 4,5 милијарди пара фармерки продадени секоја година. Но, неговата синтетичка индиго боја штетна е за околината, загадувајќи ја водата со токсични хемикалии. Биотехнолошката компанија Huue креираше специјална бактерија што ги претвора природните шеќери во боја идентична на индиго – без штетно влијание врз околината – преку имитирање на тоа како ензимите во растенијата креираат бои. Во септември годинава, компанијата се здружи со платформата Ginkgo Bioworks со цел да го зголеми производството, и планира да ја испорачува бактеријата до производителите нас џинс до крајот на годинава.

EcoFlow DELTA Pro
Портабл електрична централа

Како што екстремните временски услови предизвикуваат сe’ почести прекини во снабдувањето со струја, така расте побарувачката за домашни генератори на електрична енергија. Иако повеќето вакви генератори се бучни и напојувани од нафта, тоа не е случај со EcoFlow DELTA Pro уредот (3.600 долари), тивок генератор напојуван од батерија, којшто е голем колку едно фрижидерче за пиво. DELTA Pro може да се наполни со струја од штекер за три часа, а исто така може да се полни и од соларни панели или постојки за полнење на електрични возила. Со капацитет од 3,6 киловати може да одржува работа на домашните апарати околу 24 часа, а повеќе единици може да се поврзат заедно со што ќе го снабдуваат домот со струја со денови.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал