Connect with us

свет

Најмалку 75 американски конгресмени купиле и продале акции од компании што профитирале од пандемијата

објавено

на

Десетици американски конгресмени – демократи и републиканци,  инвестирале во компании што се директно поврзани со справувањето на САД со Ковид-19 пандемијата – производители на вакцини, тестови и други медицински продукти – покажува големото истражување што Business Insider го направил врз основа на анализа на стотици јавно достапни извештаи за финансиските активности на членовите на Конгресот.

Десетици американски конгресмени – демократи и републиканци,  инвестирале во компании што се директно поврзани со справувањето на САД со Ковид-19 пандемијата, покажува големото истражување што Business Insider го направил врз основа на анализа на стотици јавно достапни извештаи за финансиските активности на членовите на Конгресот.

Во 2020 година, најмалку 13 сенатори и 35 членови на Претставничкиот дом (Американскиот Конгрес е составен од Сенат и Претставнички дом, н.з.) се стекнале со  акции во Johnson & Johnson, фармацевтскиот гигант којшто ја произведе вакцината што се прима само со една доза којашто ја примија повеќе од 15 милиони Американци.

Исто така, најмалку 11 сенатори и 34 членови на Претставничкиот дом купиле акции во 2020 година во уште еден производител на вакцини, Pfizer. Двајца конгресмени или нивни брачни другари имале акции во Moderna во истата година кога светот отиде во локдаун како одговор на пандемијата.

Американските законодавци ги имале овие инвестиции во компании поврзани со Ковид-19 кризата додека Конгресот клучен во одобрување на финансиските пакети за поддршка на справувањето со пандемијата. Во 2020 и 2021 година, членовите на Конгресот гласале за вкупно шест пакети за финансиска поддршка вредни речиси шест илјади милијарди долари. Конгресот исто така одобрил повеќе од 10 милијарди долари како директна помош на фармацевтските компании со цел да развијат и дистрибуираат вакцини, а осигурителните компании да ги покријат трошоците за вакцинација.

Конгресмените особено ги сметале вакцините развиени од Pfizer, Johnson & Johnson и Moderna – коишто секоја поединечно потрошија огромни суми на пари за лобирање во федералната влада во 2020 година – за клучни во помагањето и на други земји да се борат против пандемијата.

Овие наоди се дел од исцрпниот извештај наречен Conflicted Congress каде што за секој конгресмен поединечно се открива потенцијалот за конфликт на интереси. Истражувањето е направено врз основа на речиси 9.000 извештаи за финансиските активности на конгресмените и нивните брачни другари, како и највисоките членови на нивните кабинети.

Меѓу конгресмените што инвестирале во бизнисот со вакцини е и Мери Њуман, демократ од Илиноис, чијшто сопруг Џим Њуман, тргувал со акции на Johnson & Johnson  и Moderna во 2020 година. Нејзиното личен анкетен лист за имотот покажува дека брачниот пар имале и заеднички акции во Moderna.

Од кабинетот на Мери Њуман на Business Insider му кажале дека сопругот се грижел за овие трансакции и дека парите од акциите биле наменети за пензија, за колеџ на нивните деца и за поддршка на трошоците за здравствена нега на семејството.

Уште еден конгресмен, Џош Готхајмер, демократ од Њу Џерси, имал трансакции со акциите на Moderna. Во мај 2020, тој продал акции вредни 15.000 долари. Во јануари 2020, акциите на Moderna се тргуваа за помалку од 20 долари. Како што пандемијата се засили, вредноста на акциите експоненцијално порасна, за во септември годинава да се тргува за 455 долари. Потоа имаше остар пад, па кон крајот на септември почна повторно да расте и до почетокот на декември стигна до околу 280 долари за акција.

Карактеристично е што дури и некои конгресмени што беа гласни противници на задолжителното вакцинирање против Ковид-19, исто така инвестирале во акции на компании производители на вакцини.

Вивиен Скот, сопруга на конгресменот Остин Скот, републиканец од Џорџија, продала акции на Johnson & Johnson  во вредност од 50.000 долари, во два наврати годинава. Остин Скот е познат по тоа што го критикуваше претседателот Џо Бајден околу неговата политика за задолжително вакцинирање, но истакна дека е поддржувач на вакцините, особено затоа што имал ковид-19 во 2020 и поминал неколку денови во болница на кислородна поддршка.

„Конгресменот Скот и неговата сопруга поседуваат акции како и милиони други американски семејства,  и ги следат сите регулативи поврзани со тргувањето.“, изјавиле од кабинетот на Скот.

Републиканскиот конгресмен Мо Брукс од Алабама, продал акции од Pfizer за 50.000 долари во август 2021 и потоа доцнел еден месец со пополнување на анкетниот лист. Брукс, член на Претставничкиот дом којшто се кандидираше за место во Сенатот, е отворен поддржувач на Трамп, којшто претходно го обвини фармацевтскиот гигант дека калкулира политикантски со тајмингот на објавите околу ефикасноста на вакцините.

За уште неколку конгресмени коишто поседувале и тргувале со акции на компании поврзани со производство на вакцини, но и друга медицинска опрема, повеќе може да прочитате тука.

Уште на почетокот од пандемијата, некои конгресмени јавно ги осудуваа поединците што сакаа да заработат од активности поврзани со борба против пандемијата.

Том Малиновски, член на Претставничкиот дом, демократ од Њу Џерси, кажа за MSNBC во април 2020: „Сега не е време некој да профитира од продажбата на респиратори, маски, вакцини, лекови и други медицински продукти, било каде во светот.“

 Но, токму Малиновски е еден од нив: конгресменот продал акции за 15.000 долари, од Chembio Diagnostics, компанија што продава комплети за тестирање за ковид-19, во првите месеци од пандемијата.

Во 2020, тој не ги прикажал дузината трансакции со акции, со што го прекршил законот од 2012 година, наречен Stop Trading on Congressional Knowledge, којшто наведува дека е забрането за членови на Конгресот да се инволвираат во инсајдерско тргување. Овие трансакции тој ги објави дури откако Business Insider извести за неговите трговски активности.

Некои од конгресмените изјавија дека ги купиле своите акции во компании што профитираа од пандемијата, долго време пред таа воопшто да се случи. Други, пак, се ваделе на фактот дека лично не управувале со своите финансии, туку имале инвестициски советници и брокери задолжени за тоа.

Според Business Insider, тргувањето со акции на компании што профитираа од борбата против пандемијата ги покренува прашањето за етиката и конфликтот на интереси.

Но, Стенли Бренд, којшто има искуство како советник на Претставничкиот дом во Конгресот, вели дека новата регулатива којашто треба им забрани на законодавците што се во различни комисии, да тргуваат со акции од компании и индустрии коишто тие комитети ги покриваат, би можела да креира “регулаторен кошмар“.

„Така можете да дисквалификувате буквално половина комисија ако го примените тоа правило. Можно е да нема кворуми, во зависност од тоа што сe’ поседуваат тие луѓе како акции во компании.“

Овие проблеми нема да се решат во скоро време, заклучува Business Insider. Фармацевтските компании што се во средиштето на борбата против пандемијата веќе потрошија многу пари во своите лобирачки напори и значително донираа во политичките кампањи изминативе две години.  

свет4 часа ago

Русија касни со плаќање на долгот кон странство. Министерот за финансии: тоа е фарса

економија3 дена ago

Развојната банка воведе нова кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Рекоа за…продуктивноста

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Зошто предолгото работење од дома може да е штетно за вашата кариера?

менаџмент / маркетинг3 дена ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

технологии / компании3 дена ago

Инженер на Google откри дека компанијата поседува вештачка интелигенција што станала свесна, па го пратија дома

свет3 дена ago

Ако пукне балонот со недвижности во Кина, ќе се оствари кошмарот на сите економисти

македонија3 дена ago

Виталиа е единствениот производител  со оцена А на престижниот BRC сертификат за квалитет

start up3 дена ago

Запознајте ги „ангел – инвеститорите“ што ги поддржаа наградените стартапи

македонија4 дена ago

За македонските граѓани најсигурна инвестиција е во станови, нивната цена пораснала за 20% за 3 години и нема да се намалува

start up5 дена ago

Македонскиот стартап Qpick започнува интернационална експанзија!

интервју3 дена ago

Роза Балфур: Условот за добрососедство мора да важи и за членки  – не може со вето да решаваат билатерални проблеми

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

македонија4 дена ago

Ковачевски во Брисел го отрфли францускиот предлог

свет3 дена ago

Ако пукне балонот со недвижности во Кина, ќе се оствари кошмарот на сите економисти

економија3 дена ago

Од висока инфлација и економска стагнација добиваме стагфлација

економија3 дена ago

Акциските фондови со пораст од 57% и покрај хаосот на светските берзи

економија3 дена ago

Развојната банка воведе нова кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

менаџмент / маркетинг3 дена ago

Зошто предолгото работење од дома може да е штетно за вашата кариера?