Connect with us

економија

Најмногу пари се оставаат кај Amazon, Booking и Wizz Air

Каде и колку купуваат онлајн Македонците кај странски трговци?

објавено

на

Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авионски билети и резервации на хотели онлајн.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната банка, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што претставува пораст од 46.31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авионски билети и резервации на хотели онлајн.

Покрај вредноста, расте и бројот на е-трансакции кои ги направиле Македонците купувајќи онлајн во странство кој изнесува 3.66 милиони во 2022, што преставува пораст од 21.1% во однос на 2021 година. Поради поголемиот пораст на вредноста на направените трансакции во однос на бројот на направени трансакции во странство во 2022 година се зголемува износот на просечната онлајн трансакција, која од 35.3 евра се зголемува на 42.65 евра во 2022 година. Кај бројот на остварени онлајн трансакции физичките лица учествуваат дури со 89% во вкупниот број и имаат просечна вредност по остварена трансакција од 32.4 евра наспроти 124.1 евра остварена од правните лица.

Најмногу се плаќало онлајн кон В. Британија, Унгарија и Холандија

Со македонски платежни картички најмногу се плаќало онлајн кон Велика Британија, Унгарија и Холандија.

„Очекувано е и понатаму да продолжи растот на вредноста и бројот на реализирани онлајн трансакции од Македонците кон странски е-трговци, особено за патувања, што се гледа од растот остварен во 2022 година во однос на минатата година кон Холандија (114%) и Унгарија (82.4%). Зголемено е и учеството на вредноста на е-купувањата во странство од 24% во 2021 година на 28% во 2022 година во вкупно остварената вредност на е-трансакции направена со домашни и странски платежни картички кон домашни и странски е-трговци.“, вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, д-р Нина Ангеловска.

„Важно е да се менуваат навиките и сѐ повеќе граѓаните да ги користат картичките за онлајн плаќања и купувања, бидејќи кога тоа го прават за купување билети, резервации на хотели и порачки на производи од странски е-трговци сѐ повеќе ќе се навикнуваат да го прават и од домашните.“ – д-р Нина Ангеловска, претседателка на АЕТМ.

Секој пораст на е-трансакциите е важен за развојот на македонската е-трговија, додава таа. Важно е да се менуваат навиките и сѐ повеќе граѓаните да ги користат картичките за онлајн плаќања и купувања, бидејќи кога тоа го прават за купување билети, резервации на хотели и порачки на производи од странски е-трговци сѐ повеќе ќе се навикнуваат да го прават и од домашните.

„А кога има поголема побарувачка, тоа ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите” , заклучува Ангеловска.

Две третини, или 67% од вкупната вредност на е-трансакциите (156.2 милиони евра) кои Македонците во текот на 2022 година ги потрошиле онлајн за пазарење во странство и 78% од вкупниот број на направените трансакции (3.66 милиони) се реализирале во корист на 7 земји: Велика Британија, Унгарија, Холандија, Ирска, САД, Луксембург и Германија. При тоа, од вкупно остварената вредност на онлајн трансакции, 14% е направена во Велика Британија, 13% во Холандија и во Унгарија.

Кои се неприкосновените трговци за Македонците?

Македонците во 2022 година потрошиле најмногу пари во Велика Британија (21.8 милиони евра), додека во Луксембург направиле најголем број на трансакции (865.9 илјади). Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија односно 142.5 евра, додека во Луксембург Македонците направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 11.2 евра.

Најголемата вредност реализирана од Македонците кон Велика Британија, Унгарија и Холандија е очекувана ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Велика Британија), WizzAir (Унгарија) и Booking.com (Холандија). Ако се има предвид дека во Луксембург се регистрирани европските филијали на Amazon и АliExpress преку кои се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од европските земји, без Велика Британија, очекуван е и најголем бројот на направените трансакции во Луксембург со најмала просечна вредност.

Реализираните трансакции со повисока просечна вредност најверојатно се должат на уплата на авионски карти во Унгарија (седиштето на Wizzair), резервирање хотелски услуги во Холандија (пр. Booking.com) и сл. Ако се анализира пак порастот на направените е-трансакции од страна на Македонците во странство може да се забележи дека најголем пораст во 2022 година е остварен во Холандија, како на вредноста така и на бројот на направените онлајн трансакции.

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 ден ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 ден ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион1 ден ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија1 ден ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија1 ден ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија1 ден ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија1 ден ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 ден ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

банки1 ден ago

Дигиталната трансформација не е само модел за успех, туку и модел за опстанок

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

банки1 недела ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

македонија5 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија4 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија1 ден ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 ден ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија1 ден ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

свет1 ден ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

македонија1 ден ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро