Connect with us

македонија

На агро – прехрамбениот сектор му треба нов модел на развој

објавено

на

Новиот систем треба да биде прилагоден на спецификите, локалните услови и потребите на секторот, но истовремено треба да ги вгради искуствата и позитивните практики од водечките светски развиени земјоделски системи, каков што е италијанскиот.

Неопходни се нови политики, правила и модел што ќе овозможат одржлив развој на македонското земјоделство и прехранбена индустрија. Новиот систем треба да биде прилагоден на спецификите, локалните услови и потребите на секторот, но истовремено треба да ги вгради искуствата и позитивните практики од водечките светски развиени земјоделски системи, каков што е италијанскиот. Истовремено, новиот систем треба да биде дизајниран да одговори на сите акумулирани проблеми со кои се соочуваат земјоделството и секторот за произвдство на храна во земјава, со актулните предизвици предизвикани од Ковид-19 пандемијата и со влијанието на климатските промени кое и понатаму сѐ повеќе ќе се зголемува.

Ова  се дел од заклучоците и клучните препораки од учесниците на конференцијата организирана од М6 Едукативниот центар, во партнерство со Амбасадата на Република Италија, посветена на градење отпорни и одржливи земјоделско-прехранбени системи на земјите од Западен Балкан.

Маурицио Мартина, поранешен министер за земјоделие на Италија, а сега специјален советник на генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство (FAO), ја започна конференцијата  со илустрација на приоритетните мерки што треба се имплеменираат на глобално ниво за да се надминат предизвиците со кои се соочува индустријата за снабдување со храна на глобално ниво, под влијание на корона-кризата и климатските промени.

Амбасадорот на Република Италија во Скопје, Андреа Силвестри, го илустрираше италијанското искуство во земјоделскиот и прехранбениот сектор, кои се меѓу најразвиените во светот, а во италијанскиот БДП учествуваат со 15%. „Тајната“ на успехот на овој систем се големите вложувања во зголемување на технолошкиот, иновацискиот и организацискиот капацитет на системот, со што се овозможува висока стапка на развој и извоз на храна кој достигнува и до 50 милијарди евра годишно. Тој модел се инспирира од принципот на висок квалитет, одржливост, почит кон локалното производство, биодивезитетот и иновациите во служба на традицијата и поднебјето, а се покажа дека е издржлив и во неповолните услови предизвикани од Ковид кризата. „Подготвени сме нашето искуство да го споделиме со Северна Македонија“, додаде Амбасадорот.

Светозар Јаневски – претседател на „М6 инвестиции”, Стефано Вакари – генерален директор на Советот за истражувања во земјоделството и анализа на земјоделската економија (CREA), Горан Дамовски – тим-лидер во Проектот за регионален економски развој, Бобан Илиќ – генерален секретар на Работната група за регионален рурален развој во ЈИЕ (SWG), Ѓорѓи Петрушев – генерален директор на „Бимилк” и Елена Младеновска Јеленковиќ од М6 Едукативен Центар, се обратија во сесиите кои следеа потоа, говорејќи за состојбите, трендовите и потребата од трансформација на агро-секторот, како и за можните начини како таа да се направи.

„Во изминатите две децении во македонското замјоделство вложени се над една милијарда евра во форма на субвенции, а земјата секоја година увезува и до 90% од своите потреби за храна во вредност од над 700 милиони евра. Ваквата парадоксална состојба укажува на потребата од неодложна промена на земјоделскиот систем“, истакна Светозар Јаневски, наведувајќи ги проблемите со кои се соочува домашниот агро-сектор, како што се: раситнетото земјоделско земјиште, недостигот на работна сила и едуциран кадар, технолошката застареност, недоволната организација, несоодветните стандарди за производство, недоволно ефикасниот модел на субвенционирање и потребата за подобра контрола за начинот на користење на средствата, како и губењето на пазарите за пласман на производството.

„Неопходно е сите ние да преземеме лидерство и да почнеме да се менуваме и при тоа да го менуваме постојниот земјоделско-прехранбен систем кој не е доволно одржлив. Неопходни се големи вложувања во знаење и наука, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на земјиштето и создавање ефикасни кооперантни односи, во нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка на развојот на земјоделство. На тој начин треба да се зголеми продуктивноста и додадената вредност во земјоделството, неговата конкурентност и вредноста на извозот, како и наговата отпорност, почнувајќи од актуелните предизвици што ги наметна Ковид-19, како и на оние што се предизвикани од климатските промени“, истакна Јаневски.

Оваа конференција е втор настан организиран во рамки на платформата „М6 Чекор напред“ на М6 Едукативниот центар и e дел од Проектот за храна, земјоделство и животна средина „ААА“ (Alimentare, Agricultura, Ambiente) за развој на земјоделското производство, кој е инициран и организиран од Амбасадата на Италија.

банки8 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет4 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

економија4 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет4 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки4 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад