Connect with us

свет

На Германија очајно ѝ требаат работници – буквално за се’

објавено

на

За да се пополнат актуелните дупки на пазарот на трудот, би требало годишно да доаѓаат и да останат во Германија околу 400 илјади доселеници.

Без разлика дали се работи за индустрија, болници или занаети – недостигот на работна сила е се’ поголем проблем во Германија. Доаѓањето на работници од странство не функционира како што се замислувало. Сега треба да се реформира Законот за имиграција, пишува Дојче веле.

Се откажуваат возови поради тоа што нема машиновозачи. На аеродромите се трупаат куфери бидејќи нема персонал што ќе ги истовари. На  аеродромските безбедносни контроли  расте гневот на патниците кои поради тоа што со часови чекаат да поминат контрола  испуштаат летови.  Градинките не примаат деца бидејќи нема доволно воспитувачки.

Истражувањето на Германската трговска и индустриска комора, која ги застапува интересите на неколку милиони компании од индустријата, трговијата и услужните дејности, покажува дека 56% од нив се жалат на недостаток на работници и ова го опишуваат како еден од најголемите деловни ризици.

Агенцијата за вработување наведува дека во моментов има тесни грла кај 148 бранши, а се набљудуваат уште 122 бранши. На пример, на еден старечки дом во просек му требаат до осум месеци да најде негувателка, а на градежните фирми им требаат околу шест месеци за да најдат работници за нискоградба. Во цела Германија има огласено над 1,7 милиони слободни работни места.

За да се пополнат актуелните дупки на пазарот на трудот, би требало годишно да доаѓаат и да останат во Германија околу 400 илјади доселеници. Лица од т.н.трети држави надвор од ЕУ. Од 2012 академските стручни сили може преку т.н. сина карта да дојдат во Германија. Во 2020 на сила е и Законот за доселување на стручна работна сила во кој се вклучени и  неакадемски професии.  Но, законот не ги донесе посакуваните ефекти и не само затоа што мали и средни претпријатија и натаму имаат проблеми да вработат странци. Во 2020 дошле 30.000 лица како стручна сила во земјата, но 20.000 други ја напуштиле.  Истражувачот на пазарот на трудот, Брикер, зборува за „разочарување”.

Сојузната влада сака да го реформира законот и во септември да ги поднесе првите темели за реформата. Во тоа е вклучено и  отворање на пазарот за работници  кои имаат договор за работа, но не и призната диплома во земјата. Тоа го најавија министерката за внатрешни работи Ненси Фезер и министерот за труд, Хубертус Хајл. Признавање на дипломата би можело да се направи и подоцна со помош на германскиот работодавач. 

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки24 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас