Connect with us

економија

На едно место достапни сите информации за регионалната прекугранична е-трговија

објавено

на

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на  прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА. Со заедничка веб платформа за е-трговија ќе се зголемува конкурентоста на бизнисите во регионот.

Неодамна беше комплетирана – ecommerce4all.eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар за е-трговијата во ЦЕФТА регионот. Платформата се развиваше од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, како главен имплементатор на платформата, во соработка со останатите асоцијации за е-трговија во регионот. Целта на оваа веб платформа, која е бесплатна за сите и има информативен и едукативен карактер е да ја зголеми конкурентноста на бизнисите за прекугранична е-трговија во ЦЕФТА пазарите (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија).

Според информациите во 5-то издание на истражувачкиот труд „ТОП 500 прекугранични е-продавници во Европа“, издадено во март 2023 година, прекуграничната е-трговија во Европа вредела 179,4 милијарди евра во 2022 година, што претставува раст од 4,8% во споредба со претходната година. Европските онлајн продавници оствариле рекордно висок промет од 105,5 милијарди евра со прекугранично продавање, што е зголемување од 5,5% во споредба со 2021 година.

Развивањето на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА регионот е еден од приоритетите на ЕУ и на владите од регионот, а истовремено и голем предизвик за компаниите кои сакаат да го шират својот бизнис на други пазари со е-трговија т.е онлајн продажба. До сега не постоеше едно место на кое компаниите може да се информираат за сите аспекти поврани за е-трговијата во другите пазари и во главно можностите за преку-граничната е-трговија.

Веб платформата, која е прва од ваков вид, претставува уникатен ресурсен и едукативен центар кој на едно место содржи информации за сите клучни аспекти за започнување и водење на бизнис со е-трговија на едно место, структурирани во 5 модули – податоци за е-трговија, регулатива во е-трговија, е-плаќање, достава и успешни приказни од регионот. Секој од овие модули содржи релевантни информации специфични за конкретниот ЦЕФТА пазар, како и упатства, прирачници, документи поврзани со темата и видео презентации достапни и на англиски јазик и на локалните јазици од секој од овие пазари.

На веб платформата може да се погледне како да се основа бизнис со е-трговија низ неколку едноставни чекори, каков е процесот на една онлајн трансакција и кој учествува во неа, колку се безбедни онлајн трансакциите, кои се правата за заштита на онлајн потрошувачите во секој од овие пазари, кои поштенски оператори се достапни во секој ЦЕФТА пазар, кои се процедурите за увоз и извоз на производи во е-трговија, кои се успешни приказни од е-трговијата за секој ЦЕФТА пазар и можат да се најдат многу други информации и ресурси.

“Е-трговијата, како брзо растечка гранка која е интегрален дел од дигиталната економија нуди остварлива можност за проширување на бизнисите со е-трговија на други пазари и и искористување на потенцијалот на регионот. Сè уште има бројни предизвици што треба да се надминат и иако ЦЕФТА пазарите се сè уште во рана фаза на развој на е-трговијата во споредба со ЕУ, заедничките напори и соработката меѓу земјите би можеле да ја забрзаат регионалната е-трговија. АЕТМ има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија и на сите засегнати компании и организации, да придонесе кон зголемување на знаењето за е-трговија и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Регионалната веб платформа ecommerce4all.eu, е насочена токму кон зголемување на знаењето за е-трговија како во нашата земја, така и во останатите пазари од ЦЕФТА, но и кон подобрување на меѓународната соработка која го промовира регионалниот и локалниот економски развој.” – изјави Д-р Нина Ангеловска, Претседателка на АЕТМ.

Развојот на платформата „Ecommerce4All“ е поддржан од проектот за надворешна трговија на Oтворениот регионален фонд имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Европската унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ). Главна цел е да се подобри меѓународната соработка која го промовира регионалниот и локалниот економски развој и го поддржува автономното спроведување на политиките усогласени со ЕУ, насочени кон постигнување на рамномерен регионален развој на државата.

Повеќе информации за е-трговијата во нашата земја и во регионот дознајте на линкот во продолжение: ecommerce4all.eu

свет10 часа ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

македонија1 ден ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании4 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион4 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју4 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју4 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија4 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија4 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

свет4 дена ago

Пустината под вода

економија1 недела ago

„Е-commerce awards“ придонесуваат кон растот и успехот на бизнисите што функционираат во дигиталниот простор

економија4 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет4 дена ago

Пустината под вода

регион4 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју4 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

интервју4 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

економија4 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

технологии / компании4 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција