Connect with us

економија

На Македонија ѝ е потребен механизам за заштита од влез на корозивен капитал

Скрининг на странските директни инвестиции: зошто и како?

објавено

на

Странските инвестиции што доаѓаат во Македонија треба да се „скенираат“ за корозивен капитал – финансирање, без разлика дали е државно или приватно, на кое му недостасува транспарентност и отчетност и кое наместо остварување економски бенефит, за цел има политичко влијание – се заклучоците на Институтот за демократија.

На Македонија ѝ е потребен механизам за проверка (скрининг) на странските директни инвестиции (СДИ), за да превенира влез на т.н. корозивен капитал, којшто може да предизвика повеќе штета, одошто корист за националната економија. Ова е заклучокот од анализата што ја подготви Институтот за демократија, изработена од тројца експерти, чиишто наоди беа презентирани деновиве во Скопје.

Корозивниот капитал, како што објаснија учесниците на конференцијата „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“ во организација на Институтот, претставува финансирање, без разлика дали е државно или приватно, на кое му недостасува транспарентност и отчетност и кое наместо остварување економски бенефит, за цел има политичко влијание.

„Најчесто, но не ексклузивно, потекнува од авторитативни режими и ги искористува институционалните слабости и законските недоречености за да влијае на економските, политичките и/или социјалните случувања во земјата. На тој начин, корозивниот капитал доведува до ослабување на владеењето на правото и институциите, како и засилување на олигархијата и корупцијата во државата.“, објасни Зоран Јовановски, економист и експерт, еден од авторите на анализата за скринингот на СДИ.

Тој наведе и неколку  примери за тоа како би можел да изгледа корозивниот капитал во пракса.

„Да речеме имате три најсилни ТВ куќи во државата и доаѓа странски инвеститор којшто сака да ги купи. Не само што постои опасност од монополизирање на информативниот простор во земјата и диктирање на условите на маркетиншкиот пазар и сл., туку поседувањето на најголемиот дел од медиумскиот бизнис од страна на еден сопственик ќе му овозможи доминантно влијание врз креирањето на јавното мислење, монополизирање на информациите, политичко влијание, што на крај ќе го загрози демократскиот амбиент на државата. Друг пример е инвестиција во некоја наменска индустрија, којашто може да произведува делови за воениот комплекс и сл. Замислете да дојде некој странски инвеститор со капитал од сомнително потекло и со сомнителни намери  и да купи фабрика која што е од стратешко значење за безбедноста на земјата?“, истакна Јовановски.

Корозивниот капитал, како што објаснија учесниците на конференцијата „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“ во организација на Институтот за демократија, претставува финансирање, без разлика дали е државно или приватно, на кое му недостасува транспарентност и отчетност и кое наместо остварување економски бенефит, за цел има политичко влијание.

Светски примери

Виктор Мизо, директор на Костал Македонија, една од странските инвестиции во земјава, којашто доаѓа од германски гигант во индустријата за авто делови и компоненти, истакна три примери на светско ниво каде што поради скенирањето на потенцијалниот корозивен капитал, но и реакциите произлезени од тоа, не се реализирале големи инвестиции.

„Во 2006 година Dubai Ports сакаа да купат шест пристаништа на брегот на САД. Американските институции што прават скрининг дадоа зелено светло, но одеднаш кога сето тоа се објави во јавноста имаше бурни реакции. Се дебатираше околу тоа дали треба така стратешки значајни инфраструктурни објекти да се дадат во раце на странци. И до ден денес таа трансакција уште не е случена. Затоа што ова за САД не е само економско, првенствено е безбедносно прашање. Потоа, американски Pfizer сакаше да ја купи британската Astra Zeneca. Британскиот регулатор не дозволи. Зошто? Тие си знаат, и во принцип, немаат обврска да објаснат зошто не даваат зелено светло за некоја аквизиција. Повторно, може да се работи за стратешко-безбедносни прашања на државата. Трет пример: голем синџир на супермаркети во Франција не доби дозвола да биде преземен од канадски гигант во малопродажбата. И вакви примери може да набројуваме многу, но останува заклучокот дека сите начини на инвестирање, дали е преку гринфилд, браунфилд, спојувања и аквизиции, треба да се земат предвид при скрининг процесите. “, истакна Мизо.

По урнек на ЕУ регулативата

Како еден од начините на кои ќе се спречи влез на ваков капитал во земјите од Европската Унија е преку спроведување на Европска регулатива за следење на странските директни инвестиции, истакнаа учесниците на панелот. На долг рок, воведувањето на овој механизам ќе придонесе за креирање на здраво економско ткиво отпорно на влијанија во Унијата, но и во Македонија преку процесот на пристапување во ЕУ. 

„Механизмот за скрининг на СДИ е дел од пристапните преговори со ЕУ, и како регулатива ќе треба да биде аплициран и во земјава, исто така. Затоа потребно е да биде подготвен во скоро време. Политичката одлука не е прашањето дали, туку кога. Имплементацијата на оваа регулатива бара правни, институционални и процедурални подготовки, вклучително и соодветен човечки капацитет во владините сектори што ќе бидат одговорни за донесувањето одлуки. Има и фискални импликации поврзани со примена на ваков механизам, особено ако се земе предвид чувствителноста на информациите што ќе се комуницираат од највисоко политичко ниво, а што се поврзани со потенцијалните странски инвестиции“, објасни Драган Тилев, еден од тројцата автори на анализата,  долгогодишен професионалец во сферата на ЕУ интеграциите на Македонија, инаку државен советник за европски политики и координација при СЕП и надворешен соработник во Институтот за демократија.

Да се избере модел кој најмногу одговара на македонскиот политички и административен систем

Секторите каде механизмот за скрининг на СДИ  најчесто се применува во земјите – членки на ЕУ се следните: транспорт на енергија, нуклеарни инсталации, воздушен транспорт, пристанишни активности, банкарски услуги, финансиски пазари, активности за управување со технолошки деловни кампуси, снабдување со критични ресурси, вклучувајќи енергија или суровини, безбедност на храна, медицинска и заштитна опрема, слобода и плурализам на медиумите, како и компании активни во областа на чувствителна технологија, вклучувајќи, во секој случај, провајдери  на стратешки добра (со двојна употреба и воени) од кои извозот е предмет на извозни контроли.

Инвестициите во витални провајдери и компании активни во областа на чувствителна технологија може да доведат до ризици за националната безбедност (како што се нарушување на виталните процеси и создавање стратешки зависности). Главната грижа е околу цивилно – воената интеграција на технологијата. Поголемиот дел од електронскиот сектор е потенцијално применлив за двојна употреба. Пристапот до технологијата, знаењето и производството е нешто за што владите на ЕУ се многу загрижени за сите нации со кои немаат пријателски дипломатски односи, се вели во анализата на Институтот за демократија. 

Експертите препорачаа Владата да избере модел кој најдобро одговара на македонскиот политички и административен систем, притоа овозможувајќи тесна соработка со земјите – членки на ЕУ и Европската комисија, вклучително и размена на информации преку безбедни комуникациски канали, со што ќе се спречи какво било заобиколување на националниот механизам за скрининг на СДИ.

македонија1 час ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација