Connect with us

свет

На повидок нов “технолошки“ меур?!

„Ситуацијата на пазарите во САД продолжува да потсетува на 1999 и 2000 година, пред избувнувањето на дот – ком меурот.

објавено

на

„Ситуацијата на пазарите во САД продолжува да потсетува на 1999 и 2000 година, пред избувнувањето на дот –  ком меурот. Централните банки уверуваат дека парите се прелеваат на пазарите, а последното соопштение на ФЕД укажува дека поддршката ќе продолжи и во иднина.Инвеститорите сметаат дека немаат алтернатива поради ниските каматни стапки. Работата на технолошките компании е добра, стапките на раст се високи, но јазот помеѓу растот на бизнисот и растот на цените е (премногу) голем и покрај последната корекција, а причините се наоѓаат во веќе споменатата релаксирана политика на централните банки и ниските каматни стапки. Високите процени на пазарите, а особено на технолошките акции укажуваат на претпазливост.“, анализираат од Генерали Инвестментс.

Третата недела од септември повторно донесе поголема нестабилност на берзите, коментираат портфолио менаџерите на Генерали Инвестментс во својот редовен извештај.

„На повеќето големи пазари на капитал, бевме сведоци на мала корекција на вредноста на цените на акциите. Очите на глобалната инвестициска заедница беа свртени кон најголемата централна банка, американските Федерални резерви, што не е толку изненадувачки со оглед на тоа што поголемиот дел од годинешниот раст на цените на акциите се припишува на поплавата од пари која тие ја креираа.“, велат од Генерали.

Клучното прашање, според нив,  што сите со нетрпение го поставуваат е дали ФЕД ќе ги исполни ветувањата дадени на јавноста во текот на летото за борба против негативните ефекти од пандемијата Ковид-19, односно колку долго ќе трае печатењето на пари и одржувањето на каматните стапки на екстремно ниско ниво. Со оглед на исклучително дарежливите процени, секое негативно изненадување за раното напуштање на крајно релаксираната монетарна политика може да доведе до малку поголема корекција на цените на акциите, особено за акциите на технолошките компании чии процени се на нивоата што последен пат ги видовме при врвот на технолошкиот меур на почетокот на милениумот.

„За среќа на инвеститорите, ФЕД објави дека и покрај охрабрувачките знаци од економијата, не планира да ја менува политиката подолго време и дека потребно е да бидат уверени дека американската економија работи со полна пареа пред да донесат одлука за промени во политиката. Пандемијата сè уште не покажува знаци дека се ближи крајот, а вирусот сè уште ја обликува како судбината на нашите животи, така и на она што се случува во реалната економија. Со подоброто познавање на вирусот имаме и подобар одговор на него, но сепак постои страв од тоа што ќе донесе доцната есен и зима, кога на вирусот ќе му се приклучи периодот на настинка и грип.“, велат од Генерали.  

Закрепнувањето нема да е така брзо

Минатата недела се објавија охрабрувачки вести за закрепнувањето на потрошувачката во Кина, каде макроекономските податоци постепено се подобруваат веќе некое време. Кина е една од првите земји каде аналитичарите малку ги подобрија прогнозите за растот на БДП, особено за 2021 година. Негативната реторика меѓу САД и Кина продолжува и не покажува знаци на брза поправка.

Земјите продолжуваат силно да го избегнуваат заострувањето и обемот на ограничувања и карантини бидејќи тоа има силно негативно влијание врз економијата, но неизвесноста во некои сегменти е значителна и затоа прогнозите за идната економска активност остануваат прилично несигурни. Туризмот, авиопревозничката  индустрија и сродните услуги продолжуваат да работат со загуби. Есенската сезона на тој начин ќе биде сериозно ограничена во Европа и ќе зависи главно од локални (домашни) гости. Економската активност ширум светот продолжува да покажува знаци на закрепнување, но сите индикации се дека закрепнувањето ќе трае подолго отколку што очекувавме пролетта. Минатата недела се објавија охрабрувачки вести за закрепнувањето на потрошувачката во Кина, каде макроекономските податоци постепено се подобруваат веќе некое време. Кина е една од првите земји каде аналитичарите малку ги подобрија прогнозите за растот на БДП, особено за 2021 година. Негативната реторика меѓу САД и Кина продолжува и не покажува знаци на брза поправка.

Солидната состојба на европската економија и затишјето на политичката сцена продолжуваат да го зајакнуваат еврото во однос на доларот што сè повеќе ја загрижува ЕЦБ, а преговорите за Брегзит кои не само што се во застој, туку очигледно назадуваат со заострената реторика и можат да го задушат растот на еврото во споредба со доларот.

Ситуацијата на пазарите во САД продолжува да потсетува на 1999 и 2000 година, пред избувнувањето на dot –  com меурот. Централните банки се уверуваат дека парите се прелеваат на пазарите, а последното соопштение на ФЕД укажува дека поддршката ќе продолжи и во иднина. Инвеститорите сметаат дека немаат алтернатива поради ниските каматни стапки. Работата на технолошките компании е добра, стапките на раст се високи, но јазот помеѓу растот на бизнисот и растот на цените е (премногу) голем и покрај последната корекција, а причините се наоѓаат во веќе споменатата релаксирана политика на централните банки и ниските каматни стапки. Високите процени на пазарите, а особено на технолошките акции укажуваат на претпазливост.


Совет за инвеститорите

Продолжете со балансиран пристап кон вложувањата

И покрај релативно слабата позиција на глобалните економии и неизвесната есен, трендот на раст на пазарите може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД како и тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани.

„Повторно ги задржуваме препораките што ги повторуваме со недели. Некои индустрии и акции се многу скапи, но со скапи обврзници и негативни приноси од банка, инвеститорите немаат вистинска алтернатива. Сепак, не е време за екстремности во портфолијата. Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото. Препорачливо е да се диверзифицираат средствата во портфолиото и да се распредели во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Ликвидносната поддршка како за обврзниците, така и за акциите продолжува и покрај корекциите минатите две недели, го принудува растот пред се на цените на технолошките акции, но намалувањето или повлекувањето на поддршката може брзо да донесе силна корекција.“, велат од Генерали Инвестментс.

И покрај релативно слабата позиција на глобалните економии и неизвесната есен, трендот на раст на пазарите може да продолжи. Политичката несигурност се зголемува пред изборите во САД како и тензиите меѓу САД и Кина. Потребен е балансиран пристап кон инвестициите, со поголем фокус кон индустриите кои подобро ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Тука главно се вклучени акциите од здравствениот сектор, секторот потрошувачка и нега, како и технолошкиот сектор, но делови од оваа индустрија се преценети и покрај натпросечниот раст на бизнисот.

„Затоа, советуваме поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор. И покрај неколкудневната корекција, се намали само августовскиот раст, а приносите на овие акции уште се над просекот од почетокот на годината. Диверзификацијата на портфолиото е од суштинско значење за  намалување на ризикот. Долгорочните инвеститори треба да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума треба да ја распределат во подолг временски период. Бидејќи цените на некои акции нагло се зголемија во последните месеци и уште се високи и покрај последната корекција, добивките на хартија се големи, а можниот посилен пресврт на трендот може да донесе до брза и длабока корекција.“

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“