Connect with us

економија

На секои три евра од европските фондови сме искористиле само по едно

Слаба искористеност на претпристапите фондови од ЕУ

објавено

на

Податоците што ги добивме од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), покажуваат дека од алоцирани 360 милиони евра од ИПА 2 програмата која што важи од 2014 до 2020 година, досега имаме реализирано само 110 милиони евра. Од нив, пак, исплатени се само половина, односно 55 милиони евра. Ова е значително послаб резултат отколку реализацијата на претходната седумгодишна програма ИПА 1, од 2007 до 2013, кога износот на финансирани проекти со европски пари достигнува 326 милиони евра од вкупно алоцирани 615 милиони евра. По одделни програми, искористеноста варира од максимално повлекување на парите во годишните програми од 2015 до 2018 година, додека пак најслаба искористеност има во делот на проектите од животна средна и финансирање на земјоделство и рурален развој. Индивидуалните земјоделци и компаниите од овој сектор досега искористиле 23,4 милиони евра од европските претпристапни фондови за поддршка на земјоделството, односно ИПАРД 2 програмата. Или, тоа е околу 30% од вкупно расположливите 80 милиони евра.

Индивидуалните земјоделци и компаниите од овој сектор досега искористиле 23,4 милиони евра од европските претпристапни фондови за поддршка на земјоделството, односно ИПАРД 2 програмата. Или, тоа е околу 30% од вкупно расположливите 80 милиони евра. Споредено со ИПАРД 1 програмата којашто се реализираше од 2007 до 2013 година, а македонските земјоделци на 12 јавни повици искористиле само 16 милиони евра, односно 17% од вкупната сума, сега искористеноста се зголемува.

На секои три евра што ни биле на располагање од европските фондови, државата досега успеала да искористи само по едно евро преку таканаречената ИПА или Инструментот за претпристапна помош на ЕУ.

Податоците што ги добивме од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), покажуваат дека од алоцирани 360 милиони евра од ИПА 2 програмата која што важи од 2014 до 2020 година, досега имаме реализирано само 110 милиони евра. Од нив, пак, исплатени се само половина, односно 55 милиони евра.

Ова е значително послаб резултат отколку реализацијата на претходната седумгодишна програма ИПА 1, од 2007 до 2013, кога износот на финансирани проекти со европски пари достигнува 326 милиони евра од вкупно алоцирани 615 милиони евра.

Меѓутоа, оваа сума значително ја крева финансирањето на доизградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, која освен грант од ИПА вклучува и заеми од европските бани. Така што доколку се изземе овој проект, доаѓаме до слична искористеност на европските фондови од околу 100 милиони евра и во претходниот период.

Сумарно за двете досегашни ИПА програми, од 2007-ма досега – сме имале можност да повлечеме речиси една милијарда евра, но искористеноста е вкупно 436 милиони евра.

По одделни програми, искористеноста варира од максимално повлекување на парите во годишните програми од 2015 до 2018 година, додека пак најслаба искористеност има во делот на проектите од животна средна и финансирање на земјоделство и рурален развој.

Индивидуалните земјоделци и компаниите од овој сектор досега искористиле 23,4 милиони евра од европските претпристапни фондови за поддршка на земјоделството, односно ИПАРД 2 програмата. Или, тоа е околу 30% од вкупно расположливите 80 милиони евра.

Споредено со ИПАРД 1 програмата којашто се реализираше од 2007 до 2013 година, а македонските земјоделци на 12 јавни повици искористиле само 16 милиони евра, односно 17% од вкупната сума, сега искористеноста се зголемува.

За искуството со аплицирањето и користењето на европските претпристапни фондови за земјоделството, менаџерот за производство на тетовската компанија од месната индустрија, Лекер, Крсте Поповски вели дека компанијата досега два пати реализирала инвестиции финансирани со помош на ИПАРД во вредност од околу 600 илјади евра, и повторно аплицирала на последниот повик.

Поповски вели дека користењето на овие фондови од ИПАРД и помогнало на компанијата да го модернизира производството и да понуди на пазарот поконкурентен производ каков што од нив очекувале потрошувачите. Тој ги охрабрува компаниите и индивидуалните земјоделци да се обидат да направат добри проекти коишто ќе наидат на зелено светло кај институциите кои ги одобруваат фодовите.

Нов повик за ИПАРД

Објавен е последниот јавен повик од програмата ИПАРД 2 мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“, информираа на заедничката прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.

До 22 август претпријатијата, занаетчиите, фармерите и сите претприемачите од руралните области ќе можат да аплицираат на овој јавен повик.

Вкупната финансиска поддршка во рамки на овој јавен повик изнесува 9,6 милиони евра со можност во текот на повикот износот да се зголеми. Средства се обезбедени со поддршка од 75 посто од ЕУ фондовите и 25 посто национално кофинансирање, а вкупно прифатливи трошоци на инвестицијата нема да надминуваат повеќе од 65 проценти.

Главна цел на оваа мерка, како што рече Бачовски, е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности, и мотивирање на руралното претприемништво.

Приоритетни сектори кои се поддржани од оваа мерка се инвестициите во алтернативно земјоделско производство, инвестиции во производство на прехранбени и непрехранбени производи, инвестиции во занаетчиски дејнсоти, инвестиции во услуги на рурално население и во руралниот туризам.

„Како корисници на мерката 7 се прифатливи физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија, а повратот на инвестициите е во висина од 65 проценти од вкупните прифатливи трошоци. На последниот повик преку мерка 7 склучивме 80 договори со вкупна поддршка од 8,5 милиони евра. Овие договори се зачеток на нови инвестиции во земјоделството, нови индустриски капацитети во руралните средини, нови сместувачки и угостителски комплекси кои ја збогатуваат лепезата на домашната туристичка понуда“, потенцира Бачовски.

Министерот Хоџа ги повика сите заинтересирани физички и правни лица да аплицираат за оваа мерка и нагласи дека со реализацијата на овој јавен повик целосно ќе ги искористат средствата кои се на располагање од ИПАРД 2 програмата. Посочи дека искористувањето на финансиските средства од ЕУ во земјоделството и руралниот развој се на највисоко можно ниво од почетокот на ИПАРД програмите кај нас.

Оваа година, додаде тој, е трета по ред во која имаме максимална искористеност и нема да враќаме неискористени средства.

Најави дека во тек се активности за подготовка на ИПАРД програмата 2021-2027 или т.н. „ИПАРД 3“ преку која се очекува нашата држава да добие за 60 отсто повеќе средства од ИПАРД 2 програмата, а за истата Хоџа посочи дека очекуваат да биде проширена за дополнителни четири мерки.

„Веќе се започнати консултации по однос на приграмскиот документ и предвидените мерки. Се очекува Европската комисија да ја усвои новата ИПАРД програма 2021-2027 за нашата држава во декември оваа година, веднаш потоа ќе биде објавен првиот повик од ИПАРД 3 програмата. И во новата програма верувам дека ќе бидеме лидери во регионот“, нагласи Хоџа.

Слаб апсорпциски капацитет

Клучниот одговор за досегашните слаби резултати е апсорпцискиот капацитет на нашите институции.

Сега се очекува усвојувањето на новата ИПА 3 програма 2021 – 2027, и според проценките најмалку 600 милиони евра би бил предвидениот износ на европски фондови за земјава во следните седум години.  Ова е добра можност за домашната економија особено во постпандемиски период со значително намалена економска активност, и релативно потрошен фискален простор за задолжувања, да дојде до свежи пари за инвестиции.

Инаку, целата ИПА 3 програма, која што е наменета за сите земји од Западен Балкан плус Турција, е превидено да стави на располагање 14,1 милијарди евра, но таа допрва се очекува да биде одобрена од Европската Комисија, Советот и Европскиот парламент.

Експертите постојано сугерираат нашиот фокус да биде кон зајакнување на апсорпциските капацитети на државава и нејзините институции, на макроекономско, на програмско и проектно ниво. Потребно ни е добро стратешко планирање, издржани макроекономски проекции, но пред се технички добро и целосно подготвени проекти. Новиот Економски и инвестициски план на ЕУ како и новата ИПА 3 програма, се базираат на натпревар меѓу државите со квалитетни проекти, како и на систем на награди за успешност на реформите, така што предизвикот но и ризикот за загуба на пари ќе биде, уште поголем

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија15 часа ago

На агро – прехрамбениот сектор му треба нов модел на развој

банки20 часа ago

Стопанска банка-Битола наплатила отпишани побарувања, добивката за првите 9 месеци изнесува 6,2 милиони евра

коментари3 дена ago

Што се случи? Многу просто!

македонија4 дена ago

Куштрим Рамадани, генерален директор на АД МЕПСО: Енергетската состојба во земјава е алармантна – или ќе го зголемиме домашното производство на струја, или ќе плаќаме увоз по вртоглави цени

банки6 дена ago

„Промотивен депозит прогрес“на Шпаркасе банка – растечки и гарантирани каматни стапки за депозити во евра на 24 месеци

свет7 дена ago

Фабриката на Фолксваген во Волфсбург произведува најмалку возила од 1958 досега

македонија7 дена ago

Директорот на Одделот за статистика на ММФ: Во последните две години, Народната банка оствари исклучителни успеси во сферата на статистиката

технологии / компании7 дена ago

Компанијата Singular стана дел од најголемата светска iGaming групација

македонија1 недела ago

Ангеловска: Работиме со полна пареа, најавувам одлична Годишна конференција за е-трговија, четврта по ред

lifestyle1 недела ago

„Божиновски часовници и накит“ со нов изглед на својот салон на ул. Македонија во Скопје

македонија7 дена ago

Директорот на Одделот за статистика на ММФ: Во последните две години, Народната банка оствари исклучителни успеси во сферата на статистиката

свет7 дена ago

Фабриката на Фолксваген во Волфсбург произведува најмалку возила од 1958 досега

банки6 дена ago

„Промотивен депозит прогрес“на Шпаркасе банка – растечки и гарантирани каматни стапки за депозити во евра на 24 месеци

македонија4 дена ago

Куштрим Рамадани, генерален директор на АД МЕПСО: Енергетската состојба во земјава е алармантна – или ќе го зголемиме домашното производство на струја, или ќе плаќаме увоз по вртоглави цени

коментари3 дена ago

Што се случи? Многу просто!

технологии / компании7 дена ago

Компанијата Singular стана дел од најголемата светска iGaming групација

банки20 часа ago

Стопанска банка-Битола наплатила отпишани побарувања, добивката за првите 9 месеци изнесува 6,2 милиони евра

македонија15 часа ago

На агро – прехрамбениот сектор му треба нов модел на развој