Connect with us

технологии / компании

На „Стартапувај 3“ обезбедена најголема финансиска поддршка за стартапите во историјата на ФИТР

објавено

на

Новите 70 стартап проекти, поддржани со вкупно 2,6 милиони евра неповратни средства, претставуваат најголема финансиска поддршка за старт-ап и спин-оф компаниите во историјата на ФИТР, истакна директорот на ФИТР Коста Петров, на денешната презентација на резултатите од јавниот повик „Стартапувај 3“.

Новите 70 стартап проекти, поддржани со вкупно 2,6 милиони евра неповратни средства, претставуваат најголема финансиска поддршка за старт-ап и спин-оф компаниите во историјата на ФИТР, истакна директорот на ФИТР Коста Петров, на денешната презентација на резултатите од јавниот повик „Стартапувај 3“.

Петров додаде дека поради големиот број на квалитетни проекти, Комитетот за одобрување на инвестиции, побарал првично предвидениот вкупен буџет од 2 милиони евра, да се зголеми со дополнителни 630.000 евра.

Вкупниот обем на инвестиции во овие проекти изнесува 3 милиони евра, од кои вкупно 385 илјади евра се средства кои ќе ги инвестираат самите компании.

„Ова е година на рекордни финансиски инвестиции во македонските стартапи. Поддршката преку инструментот „Стартапувај“, во текот на трите циклуси бележи неверојатен раст. Па така, ако на првиот повик кофинансиравме со околу 1,2 милиони евра, денес зборуваме за поддршка која изнесува повеќе од двојно. Со новата бројка од 70 стартапи, бројката на поддржани стартап компании, во целокупното портфолио на ФИТР достигна 393 компании со заеднички инвестиции од дури 32 милиони евра. Според анализите кои ги направивме, кај стартапите во период од една година пред користење на финансиите, до 2 години по нивното искористување, просечните приходи имаат раст од 197%. Во истата временска рамка просечните расходи се имаат зголемено за 220%“, посочи Петров.

Деведесет отсто од поддржаните компании се нови корисници на Фондот, додека само 7 компании се поддржани по втор пат. Со цел поголема пристапност до финансиска поддршка, на овој јавен повик ФИТР  воведе новина, односно можност да аплицира и проектен тим кој се состои од најмногу 5 физички лица. Од 70 кофинансирани проекти, вкупно 31 се од апликанти составени од проектни тимови кои, пред да започнат со реализација на проектите имаат обврска да регистрираат трговско друштво.

На повикот, овој пат доминираат четири нови сектори: машинство, креативни индустрии земјоделство, технолошки индустрии. Од поддржаните проекти иновации бележат од фарматек и здравствената индустрија со иновативен софтер за фармацевтските компании, концепт за анализа на генетски податоци, прва бионичка рака во државата. Од агротехнологијата поддржани се проекти со софтвери за следење и автоматизација на земјоделски производи во затворен простор, прецизно земјоделство и дронови. Од областа на Вештачката интелигенција во чиишто развој ФИТР интензивно инвестира, поддржани се нови проекти за поддршка за анализа на неструктуирани текстови од локални јазици, софтвер со вештачка интелигенција за стоматолошката индустрија, како и софтвери за примена на вештачката интелигенција во земјоделството.

(Целосната листа на поддржани проекти е достапна на веб страната на ФИТР.)

На прес конференцијата директорот на ФИТР Петров, ги најави и планираните активности на Фондот за 2022 година, особено за стартап компаниите. Следната година планиран е јавниот повик Стартапувај 4, поструктуирано инвестирање во нови категории на стартапи: дип тек и бизнис импакт стартапи. Најавени се и комерцијализација на земјоделските технологии како и нов повик за акцелератори со фокус на инвестициската подготвеност на македонските стартапи. Следната година ФИТР за првпат ќе инвестира и во стартап хабови.

Најголемата поддршка за македонските стартапи во 2022 година, ќе дојде преку Хибридниот инвестициски фонд од 27 милиони евра во кој државата ќе инвестира 10 милиони евра. Инвестицискиот фонд ќе биде менаџиран од интернационален фанд менаџер според регулативата на ЕУ и истиот ќе инвестира од 100.000 до 1,5 милиони евра во македонски стартапи.

економија8 часа ago

Уште една одлична година за Алкалоид: раст на продажбите, извозот и добивката

банки2 дена ago

Супер камати за супер брзите бизнис кредити од УНИБанка!

свет2 дена ago

Време е за купување на NUCOR!

свет1 недела ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки1 недела ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија1 недела ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании2 недели ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион2 недели ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју2 недели ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство