македонија
На 25 декември стартува новиот магазин на Капитал Медиа Груп
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Луксузно „спакуван“ и печатен на 140 страници, креиран со многу љубов и посветеност на целиот наш тим, со врвен дизајн и квалитетни содржини, впрочем онакви какви што нашата публика навикнала да консумира изминативе две и повеќе децении. Само што сега направивме и екстра напор, за да ви понудиме и дополнителна вредност, а тоа ќе биде новиот бренд „Менаџер“, на чијшто развој исто така работевме изминативе месеци.
Почитувани пријатели и читатели на „Капитал“,
Како што веќе и сами можевте да забележите, изминативе неколку месеци откако започна кризната ситуација во земјава поврзана со ковид – пандемијата, содржините на магазинот „Капитал“ допираа до вас исклучиво преку електронско издание. На таков чекор бевме принудени поради отежнатите услови за печатење и дистрибуција што ги наметнаа вонредните околности во коишто сите се најдовме.
Се разбира, ние не престанавме да го работиме она што најдобро го знаеме и умееме сите овие изминати 21 година откако опстојува „Капитал“ на пазарот – да креираме содржини од областа на бизнисот и политиката, коишто информираат, но и едуцираат. Освен во електронското издание на магазинот, нив можевте континуирано да ги следите и на нашиот корпоративен веб портал. Ви благодариме за довербата и лојалноста како наши читатели, како и за разбирањето што го имавте поради прекинот на печатењето на неделникот.
Сега дојде време повторно да го активираме печатеното издание на „Капитал“, откако се создадоа услови за тоа. Кризата не е сe’ уште завршена, но се надзира „светлото на крајот од тунелот“. Добрите вести што стигаат од светот околу ефикасноста на новите вакцини против Ковид – 19, влеваат надеж дека човештвото релативно брзо ќе се врати во нормала.
Покрај сите лоши последици што ги остави, а и допрва ќе ги остава пандемијата, направи и барем едно нешто позитивно за сите нас, а тоа е дека имавме прилика да подзастанеме малку, да земеме здив, да ги преиспитаме своите приоритети и да размислиме како сакаме да продолжиме понатаму.
Ние во „Капитал“ решивме дека сакаме да ви понудиме уште подобар магазин, луксузно „спакуван“ и печатен на 140 страници, којшто ќе стартува во продажба на 25 декември годинава. Креиран со многу љубов и посветеност на целиот наш тим, со врвен дизајн и квалитетни содржини, впрочем онакви какви што нашата публика навикнала да консумира изминативе две и повеќе децении. Само што сега направивме и екстра напор, за да ви понудиме и дополнителна вредност, а тоа ќе биде новиот бренд „Менаџер“, на чијшто развој исто така работевме изминативе месеци.
Како што и самото име сугерира, новиот продукт на Капитал Медиа Груп ќе биде фокусиран на содржини од доменот на управувањето. Управување со самите себе, управување со своите вештини, емоции, со својот тим, сектор, стартап, корпорација… Управување со новата реалност што ја носи дигиталното време. Би сакале да ви помогнеме во тие процеси, се разбира, со помош на експертизата на нашите соработници од најразлични професионални сфери, докажани стручњаци од Македонија, регионот и светот.
Во компанијата сме потполно свесни дека интернет револуцијата и дигитализацијата го сменија засекогаш функционирањето на медиумите, и дека традиционалната форма на печатење весници отстапи пред дигиталните содржини. Точно, отстапи, но не исчезна. Исто како што и радиото не исчезна пред налетот на телевизијата, иако многумина тоа го предвидуваа, туку само се прилагоди на новата ситуација.
Прилагодувањето во нашиот случај ќе биде токму овој исчекор што сега го правиме, односно, понуда на уникатен печатен магазин, којшто ќе се издвои од остатокот на пазарот, преплавен со дигитални содржини. Тој ќе функционира во синергија со нашиот корпоративен веб портал, кого што исто така го претставивме во ново издание неодамна. Порталот продолжува да биде местото за објава на дневни актуелности, вести, анализи и коментари, а подготвуваме и новитети со коишто допрва ќе ве изненадиме.
Ве покануваме на ова ново возбудливо патување заедно со изданијата на КМГ.
Ваш „Капитал“
Прочитај Уште...
-
Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите
-
Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01
-
“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници
-
Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани
-
Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи
-
Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Македонската економија на среден и долг рок (2)

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата