Connect with us

македонија

На 25.12 „Капитал“ повторно во принт верзија, сега заедно и со новиот бренд „Менаџер“

објавено

на

По неколкумесечна пауза во издавањето на печатениот неделник  Капитал од оправдани причини поврзани со ковид – кризата, решивме да ви понудиме уште подобар магазин, луксузно „спакуван“  и печатен на 140 страници, којшто е во петок ќе биде пред вас. Креиран со многу љубов и посветеност на целиот наш тим, со врвен дизајн и квалитетни содржини, впрочем онакви какви вие сте се навикнале да консумирате изминативе две и повеќе децении. Само што сега направивме и екстра напор, за да ви понудиме и дополнителна вредност, а тоа е  новиот бренд „Менаџер“, на чијшто развој исто така работевме изминативе месеци.

Колку и да звучи веќе како излитена фраза, но кризата е навистина истовремено и шанса. Тоа се покажа и оваа, уште отсега слободно може да ја наречеме историска, 2020 година. Пандемијата го затече светот очигледно неспремен и покрај сета технолошка база со која моментално располага човештвото. Големиот број на заразени и починати луѓе од “еден обичен грип“, руинираните економии, милионите останати без работа, зголемената сиромаштија…длабоки се лузните што ќе ги остави оваа најнова мега криза.

Некои пак, ја искористија приликата и во „новото нормално“ ќе влезат побогати за десетици милијарди долари.  Amazon е најексплоатираниот пример периодов за тоа што значи искористување на кризата како шанса. Технолошкиот император Безос го мобилизираше своето онлајн царство  годинава со 400 илјади нови вработени, што е апсолутен рекорд во светската корпоративна историја, за да го задоволи гладот на широката популација за купување на се’ и сешто, додека рестриктивните анти – Ковид мерки ја беа заковале истата дома  пред телевизор.

Што останува за сите нас што не сме Безос?  Па, за почеток да сфатиме дека ништо повеќе нема да биде исто. Животот продолжува, но од нас зависи како ќе го живееме во пост – пандемичната ера и дали ќе ги искористиме своите шанси.  Или уште подобро, сами да ги создадеме. Дали ќе се „вооружиме“ со нови вештини што ги бара дигитализацијата, ќе го зголемиме личниот капацитет и ќе станеме конкурентни на пазарот што всушност ќе биде целиот свет, или типично, по балкански терк, ќе ја закопаме главата во песок и ќе го обвинуваме, пак истиот тој цел свет за сите наши проблеми.

Почитувани пријатели и читатели, со цел да ви (си) помогнеме на патот кон трансформацијата за новото време, ние во Капитал Медиа Гроуп решивме да направиме синергија од тоа што е неминовната сегашност и иднина и она што нас не’ направи препознатлив бренд на македонската медиумска сцена.

По неколку месечна пауза во издавањето на печатениот неделник  Капитал од оправдани причини поврзани со ковид – кризата, решивме да ви  понудиме уште подобар магазин, луксузно „спакуван“  и печатен на 140 страници, којшто е во петок ќе биде пред вас. Креиран со многу љубов и посветеност на целиот наш тим, со врвен дизајн и квалитетни содржини, впрочем онакви какви вие сте се навикнале да консумирате изминативе две и повеќе децении. Само што сега направивме и екстра напор, за да ви понудиме и дополнителна вредност, а тоа е  новиот бренд „Менаџер“, на чијшто развој исто така работевме изминативе месеци.

Како што и самото име сугерира, нашиот нов продукт ќе биде фокусиран на содржини од доменот на управувањето. Управување со самите себе, управување со своите вештини, емоции, со својот тим, сектор, стартап, корпорација… Управување со новата реалност што ја носи дигиталното време. Би сакале да ви помогнеме во тие процеси, се разбира, со помош на експертизата на  нашите соработници од најразлични професионални сфери, докажани стручњаци од Македонија, регионот и светот.

За првиот број од новиот магазин  се потрудивме да направиме избор на содржини што ќе бидат интересни за читање, но и корисни како своевидно know – how. Ги имаме локалните политички и бизнис лидери, банкарите, инвеститорската фела, стартап претприемачите…сите со своите визии и прогнози за она што следува во 2021. Генерално, умерениот оптимизам преовладува кај сите, што е добра вест, со оглед на предизвиците со коишто се соочивме годинава. Секако, ги опфативме и светските аспекти на она што се нарекува пост – пандемичен раст и развој, преку корпоративни стратегии, изјави на најголемите менаџери на денешницата и визионери.

Ве покануваме  на ова ново возбудливо патување заедно со изданијата на КМГ и Ви посакуваме на сите среќна Нова година.

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија2 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија2 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија2 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

свет2 days ago

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

менаџмент / маркетинг2 days ago

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

менаџмент / маркетинг2 days ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија5 days ago

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

економија4 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија3 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

здравје6 days ago

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

економија6 days ago

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

lifestyle2 days ago

Јан Коум: Правете една работа и правете ја добро