Connect with us

технологии / компании

НА META (FACEBOOK) НЕ МУ ЦУТАТ РОЗИ

Закерберг најави најголеми отпуштања во 18-годишната историја на компанијата

објавено

на

Оваа година, поради бројните деловни предизвици, инфлацијата, зголемените каматни стапки и падот на буџетите на огласувачите, компанијата изгуби повеќе од 500 милијарди  долари од својата пазарна вредност.

Малку постарите веројатно се сеќаваат на репликата од славниот лик на директорот Среќко Шоиќ во легендарниот филм “Тесна кожа“: “А не цутат рози ниту во нашето претпријатие“. Марк Закерберг, основачот и извршен директор на Meta, претходно Facebook, сигурно не е ноторен “хохштаплер“ како филмскиов јунак, но и тоа како има причина да си ги врти овие мисли во својата глава деновиве.  Откако минатата недела  беше објавен нов пад на приходите на корпорацијата, втор по ред, сега се најавуваат масовни отпуштања, најголемото отпуштање во 18-годишната историја на Meta.

Оваа година, поради бројните деловни предизвици, инфлацијата, зголемените каматни стапки и падот на буџетите на огласувачите, компанијата изгуби повеќе од 500 милијарди  долари од својата пазарна вредност.

Секако, тоа не можеше да помине без последици, меѓу другото и најавените отпуштања. Речиси сите платформи поддржани од реклами, како што се Facebook,  и Google на Alphabet, страдаат од намалување на трошењата на огласувачите, а тоа особено важи за Meta, која во голема мера се потпира на парите за дигитални реклами, кои досега се вртеа во износи од стотици милијарди долари.

Сепак, далеку се тие од тоа да ги сожалуваме. И покрај тоа што најголемиот дел од тие пари доаѓаат од големите компании, од кои се очекува прво да ги намалат своите маркетинг трошоци и буџети, на Meta и понатаму ѝ остануваат милиони мали и средни бизниси кои продолжуваат да трошат помали, но редовни суми.

Маки и со конкуренцијата

Во овој случај, Meta  ја мачи и конкуренцијата како Tik Tok, но и големата загриженост околу ненормалното трошење на метаверзумот, од кое што Закерберг очигледно нема намера така лесно да се откаже. Тоа го покажува и неговата изјава во која рече дека „очекува дека ќе бидат потребни десетина години инвестициите во метаверзумот да дадат позитивни резултати“. Во меѓувреме, вели тој, мора да ги реорганизира тимовите за да ги намали трошоците.

Веќе штом излегоа разочарувачките резултати од третиот квартал, тој најави дека бројот на вработени може драстично да се намали.

„Во 2023 година нашите инвестиции ќе ги насочиме на мал број области со висок приоритет. Ова значи дека некои тимови значително ќе пораснат, но повеќето други тимови ќе останат исти или ќе се намалат во текот на следната година. Севкупно, очекуваме да завршиме во 2023 година или како приближно иста големина или дури и малку помала организација отколку што сме денес“, рече Закерберг.

Мета моментално има околу 87.000 вработени ширум светот кои работат на различни платформи, вклучувајќи ги Facebook, Instagram и WhatsApp. Компанијата уште во јуни ги намали плановите за ангажирање инженери за најмалку 30 отсто, а акционерот на Мета, Altimeter Capital Management, претходно во отворено писмо го предупреди Закерберг дека „компанијата мора да се рационализира со намалување на бројот на работни места и капитални расходи“.

Акционерите  додадоа и дека Meta ја изгубила довербата на инвеститорите бидејќи ги зголемила трошоците и почнала да се фокусира на метаверзумот. Очигледно, на акционерите не им се допаѓа идејата на Закерберг за метаверзум, како и најавената десетгодишна потрошувачка од десет милијарди долари за него.

Може да бидат отпуштени 10-20% од вработените

Аналитичарите очекуваат Meta  да отпушти околу 10 отсто од своите вработени, но додаваат дека од сегашните 87.000 вработени, 42.000 од нив биле вработени во последните две години или од почетокот на пандемијата. Ваквиот брз раст секако не бил добар, а аналитичарите заклучуваат дека ниту тие 10 отсто нема да бидат доволни и дека треба да се зборува за најмалку 20 отсто за да се „стабилизира“ компанијата.

Акциите на Мета на берзата ја задржаа цената од околу 93 долари по најавата на отпуштањата, а веројатно иднината на Meta како и цената на нејзините акции ќе зависи од иднината на метаверзумот.

За крај да се додаде дека освен Meta, отпуштања најавуваат и други технолошки компании. Ова минатата недела го објавија компаниите од Stripe и Lyft. Amazon  сè уште не го објави тоа, но тие ги замрзнаа сите нови вработувања во нивните корпоративни канцеларии, додека Илон Маск отпушти приближно половина од 7.500 вработени веднаш штом го презеде Twitter.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија3 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

економија6 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

свет6 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?