Connect with us

банки

НБГ слави 180 години, а Стопанска банка – Скопје 21 година во рамки на грчката групација

објавено

на

Кредитното портфолио на Стопанска банка порасна на  1.2 милјарди евра , депозитите на 1.4 милјарди евра , со што беа постигнати извонредни резултати – Банката оствари нето-добивка за 2020 година од 32 милиони евра, вели Диомидис Николетопулос, генералниот директор на Стопанска банка – Скопје, веќе 21 година членка на грчката НБГ групација.

Националната банка на Грција (NBG) на 30-ти март одбележа 180 години постоење.

Во својата кратка изјава господин Павлос Милонас, генералниот извршен директор на NBG Групацијата рече: „Многу сме горди на нашата историја и на улогата што NBG ја има во развојот на економијата и на општеството во земјата и во регионот. Денеска продолжуваме да поттикнуваме иновации и претприемачки дух со цел создавање на подобра иднина за нашите клиенти и за нашите сограѓани.“.

Господин Милонас, исто така, се осврна и на резултатите на NBG Групацијата за 2020 година: „Наспроти пандемијата на ковид-19, финансиските резултати на Групацијата за 2020 година се одлични. На оперативно ниво, пред добивките од тргувањето и еднократните резервации поврзани со ковид-19,  оперативната добивка се зголеми за 41% на годишно ниво, достигнувајќи 328 милиони евра. Добивката е одраз на отпорноста на основните приходи и на строгото намалување на трошоците, што резултираше со годишно намалување на трошоците за околу 150 милиони евра во период од две години. На крај, добивката по оданочување достигна 591 милиони евра, што е зголемување за 26% на годишно ниво. Дополнително, благодарејќи на приходите од 1,1 милијарди евра остварени од тргувањето и од другите активности целосно можеа да бидат апсорбирани резервациите од околу 0,8 милијарди евра за кредитното портфолио поврзани со ковид-19 и со секјуритизација на кредитите.

Значајно подобрената профитабилност го прикажува нашиот висок потенцијал, кој е одразен во билансот на состојба, но и во посветеноста и фокусот на тимот на NBG. Сите наши луѓе сега уште повеќе се посветени на нашата понатамошна трансформација“.

Оваа година се означува и 21 година од стратегиската инвестиција на NBG во Стопанска банка АД – Скопје. Осврнувајќи се на овој повод, господин Диомидис Николетопулос, Генералниот извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје изјави:

„Горди сме што сме членка на NBG Групацијата, една од најважните групации во регионот, и посебно сме среќни што Стопанска банка АД – Скопје продолжува да има свое место во 180-годишната историја на NBG. Пред околу 21 година, почна успешното заедничко чекорење на две историски значајни банки во регионот, овозможувајќи ѝ на Стопанска банка АД – Скопје да прерасне во силната профитабилна банка каква што е денес, столб што ја поддржува економијата на Северна Македонија, и секако, е значен дел од  NBG Групацијата.

И покрај ковид-19 пандемијата, во 2020 година Банката ги докажа своите силни перформанси и здравата основа, при што се постигна подобар биланс на состојба. Кредитното портфолио на Банката порасна на  1.2 милјарди ЕУР, депозитите на 1.4 милјарди ЕУР, со што беа постигнати извонредни резултати – Банката оствари нето-добивка за 2020 година од 32 милиони евра.

Продолжуваме со истото темпо, како една од најважните финансиски институции во земјата, работејќи со супериорни резултати во сите области на дејствување, чувајќи ги депозитите на нашите клиенти и генерирајќи одржлива вредност за сите засегнати страни“.

економија7 дена ago

Нема да треба да се оди до Врање, Лидл ќе отвори маркети во Македонија

македонија7 дена ago

„НИКОБ“ влегува во здравствениот бизнис

банки7 дена ago

НБГ слави 180 години, а Стопанска банка – Скопје 21 година во рамки на грчката групација

економија7 дена ago

Промени во Триглав Осигурување: Војдан Јорданов назначен за нов извршен директор на местото на Словенецот Рок Пивк

економија7 дена ago

Finance Think: Хонорарните работници од повеќе сектори се најранливи во пандемијата

економија6 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

економија5 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

банки6 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

македонија5 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap