Connect with us

коментари

Неби Хоџа: Заокружуваме година на тешки искушенија, но и значајни јубилеи за нас како бизнис комора

Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија

објавено

на

Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија

„Во година кога македонската економија и целиот свет беа ставени на своевиден тест на издржливост и мерење на капацитетот за справување со тотално непредвидливи околности предизвикани од пандемијата Ковид – 19, Стопанската комора на Северозападна Македонија беше тука за своите членки. Да им помогне со релевантни информации  кога вистинската информација беше попотребна од било кога, со вистински совети кога беа најскапоцени, и со сета останата поддршка. Истовремено, успеавме по 10-ти јубилеен пат да ја издадеме нашата позната ТОП 100 едиција на најуспешни бизниси, прославувајќи го воедно и вториот голем јубилеј – 15 години од основањето на СКСЗМ.“

Секоја организација е посебна поради својата природа, мисија и визија, додавајќи ги тука и причините за нејзиното постоење. СКСЗМ, од нејзиното основање во 2005-та година, 15 години по ред е пример за општеството како се постигнува непрекинат раст, кога врз своите плеќи  носи сеопфатна чесна мисија која оди подалеку од поддршката на членството, т.е. економскиот раст и развој на државата.

Компаниите членки на СКСЗМ се уникатни примери не само во Северна Македонија, туку нивните  блесоци од посебен тип ги надминаа сите географски граници, кои за многумина беа и останаа инспирација. Имајќи ги предвид тогашните временски, социјални и економски околности, вклучувајќи ги и тие политички, бизнисите предводени од сега наши членки, во поранешна Југославија беа подложени на неправеден третман и на селективен пазар со двојни стандарди.  Во меѓувреме,  многу бизниси кои во тие периоди ја поминаа и транзицијата и приватизацијата, денеска се примери со кои се гордееме поради достигнувањата како наши членки,  што  претставуваат резултат на жртвување и непрекината работа спроти сите пречки и предизвици со кои се имаат соочено во тоа време.

Во 2005-та година се појави идејата и желбата да се создаде институција која ќе биде старател и лидер за бизнисите,  пред се’ во северозападниот дел од земјата. На деловната сцена се појави Стопанска Комора на Северозападна  Македонија, која беше поддржана главно од бизнисите предводени од успешни албански претприемачи во земјата, пренесувајќи ја пораката дека нашите бизниси силно се организираат со цел да ги добијат правата и привилегиите кои им припаѓале, а од кои претходно биле лишени.  

Промовирањето на нашата активност одекна и за многу брзо време СКСЗМ стана синоним за пружена рака за бизнисите, првично за бизнисите предводени од Албанците во Македонија, но по влегување на втората декада од постоење, и вистински заштитник на правата на микро, малите и средните претпријатија од цела Северна Македонија. Активностите, лобирањето и влијанието на Комората во земјата, во политичките одлуки кои влијаат врз бизнисите започнаа да бидат дел од секојдневниот живот на јавноста. Многу закони и подзаконски акти беа изменети како резултат на работата на Комората во областа на укажувањето помош на бизнисите и тие во земјата веќе имаат адреса каде можат да се обратат, да тропнат на сигурна врата за помош и поддршка.

Преземањето на раководството како претседател на СКСЗМ беше привилегија и чест што ми ја дадоа членките и Управниот одбор по втор пат.  Првиот мандат не беше лесно да се биде наследник на двајца многу успешни претседатели како што беа  г. Џемаил Даути и г. Мендерес Кучи – сопственици на добро познати и успешни компании во земјата. Во мојата кариера имав можност да се соочам одблизу со тешкотиите и погодностите за водење бизнис не само во земјата, туку и пошироко.  Кога тоа се комбинира со традиција, образование и професионализам зачинети со трпение, мудрост и чесност тогаш успехот е неизбежен.

Товарот на одговорноста којшто  го  носам врз моите плеќи  беше тежок, затоа што самите почетоци на Комората беа свети и нејзиното основање беше ексклузивно за колективни права и интереси на бизнисите, кои од тогаш до денес, но и во иднина продолжуваат да остануваат исти и секогаш настојуваме кон подобрување на услугите кои ги нудиме за бизнисите. Малите економии се изложени на надворешни влијанија и исто така се прилично кревки, затоа треба да бидеме брзи и да се прилагодиме за да останеме на пазарот.  Јас ја гледам адаптацијата и трансформацијата како институционална сила, при што согласно моето искуство како претседател го зголемив капацитетот на активностите и со тоа и СКСЗМ  како институција.

Што претставува СКСЗМ денес

Денес, СКСЗМ застапува околу 2.000 бизниси кои доаѓаат од сите сектори и категории, вклучувајќи ги тука сите региони во земјата. СКСЗМ претставува локомотива на промоција на бизнисите, но истовремено е и синоним за заштита, стимулирање и подобрување на економските текови во земјата. И тоа го прави преку конструктивна критика на макроекономските политики, но и на сите законски решенија кои треба да го подобрат амбиентот за работење на сите бизниси.

Во последниве неколку години, СКСЗМ се етаблираше како многу релевантна институција во земјата. Ова е резултат на нашите долгогодишни напори да влијаеме врз макроекономските политики, се’ со цел да овозможиме поволна клима за водење бизнис во земјата, со цел да им овозможиме на компаниите да постигнат успеси и да бидат дел од економијата на земјата. Целта на СКСЗМ е да биде конструктивен партнер на државните институции, кај кои ќе придонесеме со споделувањето на наши идеи, препораки за подобрување на социо –  економските сегменти во нашата земја. Како претседавач на платформата за  јавно приватен дијалог со Владата на Северна Македонија и четирите стопански комори, СКСЗМ се докажа како сериозен и клучен фактор на креирање на многу економски политики во нашата земја. Настојуваме да докажеме дека секогаш ќе стоиме зад сите донесени одлуки од релевантните институции во земјата, но и ќе настојуваме да поткренеме двонасочна комуникација за да можеме да ги постигнеме најдобрите решенија. Предлозите кои ни ги доставуваат нашите членки, се составен дел од сите дописи кои ги проследуваме до надлежните институции.  Нашиот пристап ќе биде секако инклузивен за сите чинители т.е. ние се трудиме да одржиме силна соработка во рамки на  триаголникот влада –академија – бизнис сектор,  за да нашите политики не се насочуваат само кон доброто на бизнисот, туку за доброто на целото општество.

По 29 години независност на Република Северна Македонија, таа за жал  се’ уште не е на патеката на вистински економски развој, особено во последните години во услови на светска економска криза и сега во моменталните околности на светска пандемија.  Причините што ја прават економијата се’ уште во „транзиција“ очигледно се  се’ уште исти: ограничениот географски простор на местото каде што работат бизнисите;  разни ограничувачки развојни фактори;  наследството на ниското ниво на економски развој, како и недостигот на соработка и современа економска активност.

Затоа, потребно е веднаш да се подобрат условите за деловно работење во земјата, да се зголеми продуктивноста, конкуренцијата и признавањето на нашата земја како привлечно опкружување за инвестиции, во споредба со другите земји во регионот на Југоисточна Европа и пошироко како конкурентни земји за привлекување инвестиции.

 Сега како членка на НАТО и во пресрет на преговорите за членство во ЕУ, перспективата е гарантирана, затоа мора да ги засукаме ракавите и да се насочиме кон иднината и да не се справуваме со минатото. Комората е спремна своето знаење и искуство добиено од постојаниот контакт со членките, да го пренесе во надлежните институции при примена на законодавството на ЕУ.

Од 2017 година СКСЗМ е стратешки партнер на WEF(Светскиот Економски Форум) при што  врз основа на прибирање и анализирање на податоци од компании од Северна Македонија за области како што се институции, вработувања, инвестиции, корупција и друго, ја рангираме нашата земја во склоп на 140 држави во светот. Овој извештај се базира на 11 основни параметри  за правење бизнис и е еден од најбитните економски показатели за привлекување на странски инвестиции. Ние сме особено горди што ја вративме Северна Македонија во овој извештај после две години апстиненција. Со тоа покажуваме дека за нас како институција е особено важно да придонесеме при идентификација на реалните проблеми на државата и истите да се пресликаат во релевантни извештаи кои треба да ни служат како своевиден „рендген“ на нашата економија.

„Денес, СКСЗМ застапува околу 2.000 бизниси кои доаѓаат од сите сектори и категории, вклучувајќи ги тука сите региони во земјата. СКСЗМ претставува локомотива на промоција на бизнисите, но истовремено е и синоним за заштита, стимулирање и подобрување на економските текови во земјата. И тоа го прави преку конструктивна критика на макроекономските политики, но и на сите законски решенија кои треба да го подобрат амбиентот за работење на сите бизниси.

Пандемијата го стави капацитетот на СКСЗМ на тест

Исто така, оваа година се соочивме со еден од најголемите предизвици на модерното време – пандемијата на КОВИД-19.  Околностите создадени од пандемијата во нашата земја, но и глобално, како резултат на истата, беа толку невообичаени и невидени за сите нас, што за многу краток период тие целосно го сменија начинот на живот и функционирање, и истото се рефлектираше во огромна криза што го зафати целиот свет предизвикувајќи сериозни економски и социјални последици особено за приватниот сектор.

Улогата на СКСЗМ како релевантна институција во земјата се докажа во најтешките моменти, кога деловните субјекти и приватниот сектор имаа многу поголема  потреба за нашата поддршка и помош. Тој период ништо не функционираше во земјата, бидејќи повеќето институции беа затворени поради новонастанатата ситуација и пристапот на бизнисите до најважните информации беше многу ограничен, да не речам и невозможен, но СКСЗМ секогаш настојуваше да им служи на бизнисите на најдобар можен начин.

Со самиот факт дека истовремено се ширеа и многу неточни информации за самата пандемија, во тој период целта на СКСЗМ беше да ги информира компаниите во реално време за сите новини и официјални одлуки на надлежните институции, не оставајќи простор за погрешно толкување и опасност да бидат жртви на злоупотреби како резултат на непоседување официјални информации. Исто така, во тој период, Комората играше една многу активна улога во подготвувањето  на пакетите со економски мерки и во координација со членките, се доставија над 12 дописи, со над 60 предложени мерки преку платформата за јавно приватен дијалог и индивидуално како комора.

Голема улога за време на пандемијата одиграа  и новите услуги кои ги нуди СКСЗМ во последните 4 години. Дескот на услуги за членството, кој се појавува како примарна точка на контакт помеѓу компаниите членки и нечленки, преку кои тие се информираа за сите работи поврзани со одлуките на Владата, како и за економските мерки. За периодот на пандемијата па и ден денес, Дескот на услуги за членството на Комората беше контактиран над 5.000 пати и со гордост може да кажеме дека компаниите ни се обраќаат во секакви ситуации и околности, што  значи дека станавме извор на точни и кредибилни информации.

Оваа година е јубилејна  година за Комората затоа што ја претставува 15-годишнината од основањето на нашата институција, додека сите овие години се и ќе останат како сведоштва  за успесите и резултатите што произлегоа од жртвата направена од сите членки на Комората.

„Бевме неправедно тестирани со цел да ни ги откријат нашите слабости, но тоа резултираше во откривање на силата и довербата што беше под урнатините на занемарувањето“.

СКСЗМ оваа година ја продолжува реализацијата на својот голем и значаен проект, ТОП 100. Континуираното подобрување и унапредување на овој проект е документирано низ годините, почнувајќи од 2010-та година кога започна да се реализира овој проект, а оваа година покрај економската природа и промоција на бизнис членовите, таа добива и нијанса на гордост затоа што оваа година се одбележуваат 15 години од основањето на СКСЗМ, но и 10 години ТОП 100.

Оваа година и ова издание на ТОП 100, ја наоѓа нашата институција на многу повисоко ниво отколку што беше, исто така и во други околности затоа што нашата земја сега е членка на НАТО, но приоритетите како што се помошта и унапредувањето на бизнисите во земјата и пошироко,  не се завршени. Најточни индикатори за текот на работата на Комората, што јас ја претставувам, се постигнатите успеси како и воспоставувањето на институцијата на највисоко национално и регионално ниво.

Ставовите и политиките на СКСЗМ сега се составен дел од политичката и економската актуелност во земјата. Ова беше потврдено и од економската криза создадена од пандемијата Ковид – 19, каде што прво ја демонстриравме високата колективна општествена одговорност, а потоа ја игравме улогата на патоказ за понатамошни чекори во борбата против кризата со Ковид – 19. Имајќи предвид дека нашето членство ги опфаќа сите можни деловни сектори, нашите позиции и предлози беа точни и релевантни и затоа беа разгледувани од државните органи за понатамошни чекори.

Релевантноста произлегува од професионалноста, непристрасноста, транспарентноста и искуството, и токму поради оваа причина успеавме да ги факторизираме, помогнеме, унапредуваме, но и да водиме многу важни социо -економски процеси во земјата.

„Топ 100“ едицијата како круна на работата

Во оваа прилика не треба да се занемари важноста на успехот на компаниите што ние ги претставуваме. Како важен елемент за домашната економија, но и за СКСЗМ, борбата против сивата економија, растот и развојот на компаниите се следи во континуитет и токму проектот ТОП 100 ја прави оваа анализа, ги рангира и наградува најуспешните компании, а оваа година истата  се организираше по десетти пат по ред. Покрај бројните податоци и финансиски резултати од коишто се состои овој каталог, очигледни се и сите други аспекти на придонесот што го даваат компаниите членки на Стопанската комора на Северозападна Македонија во областа на намалување на невработеноста, развојот и економскиот раст итн.

ТОП 100 рангираните компании од ова издание, во 2019 година имаат реализирано годишен обрт од над 900 милиони евра, што е за 20% повеќе во споредба со 2018 година. Само ТОП 10 компаниите од оваа категорија реализираа промет од 384 милиони евра. Овие бројки се неспорни докази за важноста на овие бизниси во домашната економија. Истите имаа позитивно влијание врз намалувањето на невработеноста преку создавање нови работни места, каде што првите 100 компании во 2019 година вработија околу 8.378 луѓе, што го докажува уште еднаш високото влијание на овие компании во социо -економската благосостојба.

Исто така, во категоријата нето добивка, ТОП 100 рангираните компании остварија добивка од 66 милиони евра, што го надминува за 17% профитот од претходната 2018 година. Во 2019 година, тие исто така реализираа инвестиции од 304 милиони евра, потврдувајќи го прогресивниот начин на размислување на деловните субјекти и нивните лидери.

Како институција која фанатично ги брани економските и деловните интереси на земјата, докажавме дека знаеме да им излеземе во пресрет на нашите членови. Како раководител на оваа институција, многу ја ценам сериозната соработка на членството, Собранието, Управниот одбор, Надзорниот одбор и персоналот на извршната канцеларија предводена од извршниот директор. Сите овие достигнувања би биле невозможни доколку тие не би ја имале оваа посветеност што ја имаат докажано досега. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам од се’ срце, а во исто време им посакувам на членството и на органите на Комората, оваа 15-годишнина да биде почеток на нова ера за СКСЗМ, во која ќе бележиме уште поголеми успеси.

Од друга страна економските проекции се многу неизвесни во сегашната ситуација, бидејќи во голема мера зависат од перформансите на КОВИД-19 пандемијата и какви мерки ќе преземат владите на регионот и пошироко и од тука и брзината на економското закрепнување ќе зависи од брзината на запирање на пандемијата. Во овој поглед се очекува побрзо нормализирање на здравствената состојба во развиените земји, коишто се  главни пазари за македонскиот извоз, и како резултат на тоа гледам зголемување на оптимизмот  кај деловните субјекти во нашата земја.

Позитивниот развој на откривање на вакцината против Ковид – 19 ќе има позитивно влијание врз глобалното население. Економијата функционира врз база на очекувањата, ако има позитивни очекувања, ќе  има нови инвестиции, нови проекти, нови партнерства, вложување на нови технологии, и слично, се надеваме дека за време на вториот квартал тоа и ќе се рефлектира  во една бавна,  но позитивна динамика на економското раздвижување. Дефинитивно, 2021 година ќе биде позитивна од макроекономски аспект, бизнисите ќе се соочат со големиот предизвик на трансформација и адаптација во новите околности и ние како комора сме спремни да спроведуваме најдобри обуки за дигитализација и трансформирање за фирмите, додека државата треба да креира нови мерки кои ќе имаат позитивни ефекти врз економијата. Да се насочат мерките во бизнисите кои имаат извозен капацитет и таму каде што истите ќе имаат додадена вредност врз секторот, индустријата и економијата. Кризата не’ научи дека ќе преживеат тие што се најспособни да се прилагодат, во секоја криза постои можност, паметните ќе излезат посилни од оваа криза. На сите наши сограѓани и бизниси им посакувам среќна Нова Година, 2021 да биде позитивна, да бидеме солидарни и да ја завршиме годинава со вратена надеж која ќе се рефлектира во позитивни чекори и нови иницијативи за развој и раст на државата.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија24 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал