економија
Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Продолжување на мерката субвенции на платите во износ од 14.500 денари најмалку до месец Март 2021; зголемување на фондот на Развојната банка на РСМ, за кредити со ниски каматни стапки; за производните компании, увозот на суровини да се изврши со 0% акциза; се само дел од мерките што СКСЗМ ги бара од Владата со цел надминување на последиците од пандемијата во најпогодените економски сектори.
Сет мерки и предлог стратегија кон што треба да се фокусира Владата следниот период со цел закрепнување на економијата, предлага Стопанската комора на Северозападна Македонија.
„Неколку месеци не делат од заокружување на една година од кога Северна Македонија, како и многу земји во светот, беа опфатени од пандемијата на коронавирусот – Ковид 19, носејќи големи економски последици и пад на макроекономските показатели.“, велат од СКСЗМ.
За да се врати економијата во нормалната траекторија, од СКСЗМ препорачуваат дека Владата во претстојниот период треба да се фокусира на:
- Започнување на процесот на вакцинација против Ковид 19, со цел отворањето на економијата да се случи што е можно побрзо и да бидеме во чекор со земјите од регионот и пошироко;
- Реализирање на капиталните расходи во стапка од минимум 85%; на начин кој ќе ја стимулира економската активност, вклучувајќи ги поврзаните дејности;
- Основање на посебен фонд за компаниите од најпогодените сектори, како што се: производствена индустрија, градежништвото, трговијата на големо итн;
- Намалување на царинските стапки како мерка за општа поддршка на економијата,
- отстранување на нетарифните бариери што ја попречуваат трговската размена на стоки и услуги со соседните земји;
- Поттикнување на извозот, преку поддршката кон производителите ориентирани кон извоз, како и нивното промовирање преку дипломатските мисии кои ги промовираат домашните производи;
- Таргетиран пристан на владината поддршка кон домашните компании;
- Транспарентност на расходот на буџетските средства за борбата против пандемијата предизвикана од Ковид 19.
„Иако економијата во целост беше погодена, за разлика од другите сектори, Туризмот и ХОРЕКА иако најмногу беа оштетени, сеуште продолжуваат да работат под ограничувања, што ги спречува да ја искористаат и ова зимска сезона. Ние како СКСЗМ апелираме до владата да обезбеди протоколи за работа, со цел да овие компании можат да ја извршуваат својата дејност да обезбедат ликвидност и зачувување на работните места бидејќи овој сектор вработува над 30.000 лица во земјата.“, вели Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ.
Како резултат на горенаведеното, ние како Комора ги предлагаме овие мерки, додава Хоџа:
- Да се отворат делумно затворените сектори (Туризам и ХОРЕКА) и донесување на протоколите во согласност со здравствените препораки на Светската здравствена Организација.
- Продолжување на мерката субвенции на платите во износ од 14.500 денари најмалку до месец Март 2021, како најсоодветна мерка за зачувување на работните места.
- Зголемување на фондот на Развојната банка на РСМ, за кредити со ниски каматни стапки;
- За производните компании, увозот на суровини да се изврши со 0% акциза;
- Да се предвидат финансиски средства за компаниите кои инвестираат во дигитализација и зголемување на технолошките капацитети;
- Укинување на данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата;
- да се поништат одлуките за укинување и мораториум на Деталните Урбанистички Планови во Општините, со кои одлуки се спречуваат градежните инвестициони проекти, кои достигнуваат вредност од над 500 милиони евра.
Прочитај Уште...
-
Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани
-
Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи
-
Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“
-
Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава
-
10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија
-
„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година



Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Македонската економија на среден и долг рок (2)

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Јан Коум: Правете една работа и правете ја добро
