Connect with us

менаџмент / маркетинг

НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО – КОНСУМЕРИЗМОТ

Капитал во соработка со Le Monde Diplomatique

објавено

на

Консумеризмот е поврзан со секој аспект на човечкото живеење, всушност самата есенција на капитализмот и сите “негови ветувања” за подобар свет се базираат на масовното трошење на пари од консумерите. Со исклучување на оваа “религија”, нема економски раст, нема банкарство, нема економија, дипломатија… всушност нема свет каков што познаваме.

Автор:
Сергеј Зафироски
Генерален менаџер на “Инсајдер ИД” и Главен Уредник на “Le Monde Diplomatique – Македонско издание”

Да запрашаме било кој на земјината топка ќе даде некакво видување или размислување за тоа што претставува терминот “Консумеризам”. Социјалните медиуми, големиот пристап до информации, “бомбардирањето” со реклами и платена содржина, лажните вести и динамиката на денешното живеење го насочува однесувањето на луѓето во насоки за кои е дискутабилно колку се “свесни” за истиот. Сепак, колку всушност знаеме што претставува ? Во 21-виот век може да се каже дека истиот претставува светска религија, во која иако не се “крстиме” и те како ја поддржуваме и не само тоа, туку и интензивно практикуваме.

Консумеризмот е поврзан со секој аспект на човечкото живеење, всушност самата есенција на капитализмот и сите “негови ветувања” за подобар свет се базираат на масовното трошење на пари од консумерите. Со исклучување на оваа “религија”, нема економски раст, нема банкарство, нема економија, дипломатија… всушност нема свет каков што познаваме.

ШТО Е КОНЗУМЕРИЗАМ?

Една од првите книги за консумеризмот, односно којашто дава насока за негово дефинирање е издадена во 1899 година од Торстен Веблен со наслов “Теорија на лежерната класа” ги анализира раширените вредности и новите економски институции и променувањето на однесувањето со зголемување на “слободното време” во почетокот на 20-тиот век. Во неа, Г-дин Веблен “ги анализира активностите и потрошувачките навики на слободната класа од аспект на ненаситното и расипничкото трошење на материјалното богатство и креирање на отпад”.

Консумеризмот е општествено – економски поредок кој го поттикнува и охрабрува купувањето на производи и услуги во секогаш поголеми количини, за да се реализира постојаниот економски раст. Со индустриската револуција, особено во 20-итот век, масовното и прекумерното производство кое што неколкукратно ја надминува потребата на пазарот доведува до тоа производителите да располагаат со залихи на готови производи кои немаат можност и пазар да ги пласираат.

Компаниите се насочуваат кон пропагандата и маркетингот да ја креираат до определен степен нереални потреби или да ја интензивираат потребите за купување на што поголем број на производи, се со цел потрошувачката низ времето неограничено да се зголемува. Со пласманот на голем број нови, различни, подобрени, унапредени производи и услуги поттикнува постојано “трошење” на месечните буџети на ”консумерите” во производи, кое надополнето со интензивната манипулација со желбите за поседување на истите, се креира затворен циклус во кој индивидуата има постојано желби и потреби кои никогаш не се исполнуваат, додека компаниите никогаш не престануваат со пласман на нови производи. Единствено е важно индивидуата да ги троши парите со кои располага, но и не ретко со тие кои што не располага.

Консумеризмот најчесто се поврзува со материјализмот кој пак може да биде анализиран од повеќе гледишта. Од аспект на филозофски монизам, материјализмот претпоставува дека материјата е основа на целата природа, што подразбира дека и свеста и менталните состојби се резултат на интеракција помеѓу физичките материјали. Од општествен општоприфатен аспект, материјализмот претпоставува дека индивидуата му придава поголемо значење на материјалното наспроти духовното богатство. Целта е да во текот на животот да се поседуваат што е поголем број на материјални добра и постојан материјален комодитет.

Вистината е дека моменталното општество на 21-виот век на свесно ниво го одрекува материјализмот и привидно му дава значење на духовното, додека несвесно духовното богатство го постигнува исклучиво преку материјалните средства. Всушност и самите “духовни” вредности се значајно променети и се во директна корелација со материјалниот свет. Тоа го поддржува консумеризмот, каде компаниите постојано ги менуваат бизнис моделите за да ги пресретнат барањата на консументите, со единствена цел да трошат се повеќе средства и време. Поврзувањето помеѓу консумеризмот и материјализмот е и повеќе од очигледно.

Една од првите книги за консумеризмот, односно којашто дава насока за негово дефинирање е издадена во 1899 година од Торстен Веблен со наслов “Теорија на лежерната класа” ги анализира раширените вредности и новите економски институции и променувањето на однесувањето со зголемување на “слободното време” во почетокот на 20-тиот век. Во неа, Г-дин Веблен “ги анализира активностите и потрошувачките навики на слободната класа од аспект на ненаситното и расипничкото трошење на материјалното богатство и креирање на отпад”. Двете се поврзани со прикажување на статус и слика за себеси во општеството, а не на функционалност и потреба.”

Всушност во една од подоцнежните книги од Веблен “Статусна потрошувачка” јасно дефинира дека за дел од добрата (производите и услугите) цената не е креирана како последица на понудата и побарувачката, туку со зголемување на цената се зголемува и “посакуваноста” односно побарувачката за производите, концепт кој е економски нелогичен со цел стекнување на статус во општеството. Веблен на еден сатиричен начин ја појаснува “лежерната класа” и начинот на нејзиното нелогично однесување со единствена цел за проекција на општествена репутација.

Во тој случај дали консумеризмот е просто купување на материјални добра? Во последниот век е направен таков култ кон потрошувачката и кон брендовите што многу тешко може да се квалификува како едноставна активност.

ШТО НИЕ ГЛЕДАМЕ ВСУШНОСТ, РЕАЛНОСТ ИЛИ…?

Живееме во свет кој што има повеќе елементи на нереалност отколку било што реално. Слобода, човекови права, брендови, пари, финансиски институции, хуманизам, либерализам, комунизам, капитал, алтернативи, политика, масовни медиуми, филмови, континуиран страв, виртуелен свет и уште многу други сегменти од нашето постоење кои што директно влијаат во обликувањето на целокупниот наш живот и во обликувањето на самата реалност. Со самото тоа и влијаат во креирање на нашата реалност. Доколку го видиме пристапот на податоци кој што го имале Cambridge Analytica и манипулацијата со личните податоци на огромен број на луѓе, на крајот всушност се запрашуваме што е всушност тоа реалност? Дали е реалност тоа што го перцепираме преку нашите сетила? Дали е тоа што ни се сервира преку масовната комуникацијата? Тоа што ни го пренесува околината? Или, нешто што е и сосема релевантно, е дека ништо не е реално?

Многумина ќе кажат дека тоа што го перцепираат по природен пат преку своите сетила е тоа што е реално, но колку е реално чувството кога ќе сетилото за вид ќе го забележи најновиот автомобил од омилениот бренд, или пак омилениот оброк? Автомобилот и оброкот се токму изработени според желбите на примателот на пораката или ние самите и ги насочува импулсите токму кон сетилата за да се предизвика определена состојба.

Во тој случај дали импулсите добиени преку сетилата ја пренесуваат објективно реалност или пак е видно изменета? Основни секојдневни активности како оброк, патување од една до друга локација, облека ни се сервирани нереално, нивното испреплетување продуцира нешто сосема ново, имагинарен свет. Времето во кое моментално живееме и верувањата кои што ги имаме за реалноста на светот, не се ништо пореални или понереални од верувањето на мало дете во светот на бајките. При купување на нов автомобил и верувањето дека истиот ќе донесе определен статус во општеството (што е општа прифатена реалност) е ништо повеќе реално од верувањето на детето во Дедо Мраз.

Тежнеењето кон добивањето на општествен статус, во ниту еден момент не се разликува од тежнеењето на детето да го запознае Дедо Мраз. Имагинарни светови како детските се создадени за да веруваме дека тоа што го доживуваме е реално а тој свет е нереален и да го поткрепиме нашето убедување во реалноста.

Машината за илузии наречена маркетинг и масовни медиуми и  особено во последните декади дигиталните медиуми значајно го забрзуваат процесот на прифаќање на нереалноста како реалност. Ниту политиката, директната комуникација и општеството го нема променето размислувањето на масите и индивидуите до степенот кој што ги имаат направено маркетингот и медиумите, всушност сите тие се нивни робови. Треба да го поседуваш најновиот смартфон! Нов автомобил! Треба да си обезбеден станбено! Треба да заработуваш! Всушност, не треба ништо од претходното и од многу други работи кои што ги извршуваме или купуваме дека или ни се наметнати или самостојно веруваме дека се потребни. Селективната насочена комуникација, значајно го менува размислувањето и верувањето на масите за тоа што претставува реално пред се преку манипулација на чувствата на примателите на пораките.

Начинот на исхрана е еден класичен пример за брзо менување на верувањата и реалностите кај масите, каде денес еден тип на храна денес која се комуницира како здрава и најдобра за индивидуата, од утре постанува нездрава и штетно влијае, информација која што се прифаќа како реалност во моментот на нејзиното изјавување без воопшто да се анализира нејзината позадина. Прифаќањето на субјективни ставови, кои што се сервирани како реалност го поттикнува размислувањето дека индивидуите се самосвесни и дека “размислуваат со сопствена” глава, кога всушност ниту едно од размислувањата не е реално и не се потпира на објективни факти.

Во тој случај индивидуата изјавува реалност е во тоа што верува! Всушност, во тоа што верува е комбинација од многу различни илузии за реалноста, кои во ниту една ситуација или критериум не преставуваат вистинска објективна реалност. Како што ќе биде подоцна во книгата детално појаснето, единствената реалност за која сме сигурни дека ќе се појави, всушност единственото нешто за кое сме сигурни во животот е смртта. Иако, човештвото отсекогаш ја романтизира и ѝ придава посебно значење, денешницата ја обликува на посебно материјално ниво.

Толку сме заплеткани во изместената реалност, што повеќе не можеме да видиме било што реално дури и кога за тоа имаме можност. Реалност е кога гледаме обично дрво истото да го перцепираме како ништо повеќе од тоа, но најчесто со самото гледање на дрвото, чувствуваме и мир, одмор, релаксација, колку сме далеку од секојдневните проблеми, а со тоа и целата реалност на дрвото се менува. Од биолошко растение преминува во нешто многу повеќе и повторно поради работи кои се наметнати а не реални. Одморот го бараме најчесто поради тоа што маркетингот и масовната комуникација нe` убедува дека ни е потребен и се убедуваме самите во тоа, мирот се поврзува со “правење нешто за себеси” што повторно се потпира на некакви комерцијални услови кои што ние би требало да ги исполниме. Што доколку немавме познавање што е тоа одмор или што е мир или пак што е релаксација и бегање од проблемите, дали и тогаш со еден краток поглед кон едно растение ќе ги имавме истите чувства или нешто сосема друго?

Серијата од испреплетени изместени реалности кои постојано се надополнуваат како една со друга така самите себе, започнуваат да коегзистираат во една целосно нова реалност. Едноставно ние сме прифатиле дека масовниот медиум на кој му веруваме, ја пренесува пораката транспарентно. Како едноставен пример може да се појасни моменталната реалност е анализа на личноста која целосно ја искривува вистината. Започнува со една лага, потоа за секоја ситуација ја изместува вистината, за потоа да продолжи да ги изместува вистините и за последиците од претходните и така натака до моментот кога нема воопшто да се познава што е вистина што е лага и единствената можност е да се прифати приказната како што е да биде реална.

ИНДИВУДУАЛИЗМОТ КАКО ВРВОТ ВО НЕРЕАЛНОСТА!

Машината за илузии наречена маркетинг и масовни медиуми и  особено во последните декади дигиталните медиуми значајно го забрзуваат процесот на прифаќање на нереалноста како реалност. Ниту политиката, директната комуникација и општеството го нема променето размислувањето на масите и индивидуите до степенот кој што ги имаат направено маркетингот и медиумите, всушност сите тие се нивни робови. Треба да го поседуваш најновиот смартфон! Нов автомобил! Треба да си обезбеден станбено! Треба да заработуваш! Всушност, не треба ништо од претходното и од многу други работи кои што ги извршуваме или купуваме дека или ни се наметнати или самостојно веруваме дека се потребни.

Индивидуализмот е во полн ек во 21-виот век, поголемиот дел од популацијата повеќе би го живеела животот на некој друг отколку сопствениот најчесто поради материјалниот притисок кој го чувствуваме и потрагата по „фиктивни“ чувства кои би предизвикале среќа и мир. По сите параметри тоа што го бараме и очекуваме е далеку од реалноста за тоа што реално истите претставуваат. Среќата, која е досега недефинирана, субјективно е перцепирана како состојба во која се задоволени барањата и очекувањата на индивидуата за определена ситуација, период, живот. Сепак, по длабински анализирано среќата најчесто не е ништо повеќе од серија наметнати размислувања и погледи кон кои што ние целиме. Од друга страна неисполнувањето на очекувањата предизвикува фрустрација, нереализираност и негативни чувства кои со текот на времето повеќе се продлабочуваат отколку што се решаваат.

Како консумеризмот го помогна и сè уште го помага креирањето на хиперреалноста и живеењето во светот на илузијата? Моментално во втората декада на 21-виот век, човекот многу повеќе живее во свет кој нема никаква допирна точка со ништо реално споредбено со сите претходни генерации. Индивидуата е под толкав притисок од сите страни, што повеќе нема ни можност да помисли што е реално.

Во последната декада (иако и многу години претходно) слободата на човекот изразена преку либералната идеологија се повеќе се потенцира. Но всушност, доколку се размисли трезвено, со поголемото нагласување на либерализмот, индивидуата е се повеќе заробена. Либералната идеологија “го тера” човекот да го прави тоа што го прави “среќен” а најчесто среќата и нештата се поврзани со нешто материјално. Дури и кога се убедуваме дека нештата не се поврзани со материјалното, тогаш го вложуваме нашето време кое на крајот во материјалистичко општество е повторно изразено во материјална финансиска вредност. Едноставно да имате време за шетање е потребно да имате количина на средства на располагање. Дел од луѓето потенцираат дека нештата се перцепираат на материјално и духовно ниво и веруваат дека пројавуваат некаква свесност, додека таа не е ништо друго освен рефлексија на однапред дефинирани импулси комуницирани преку различни канали.

ШТО ПОНАТАМУ?

Интересно е дека поголем дел до читателите ќе го квалификуваат текстот како филозофски или пак себеси се исклучуваат од претходно изнесеното, но со мал напор за размислување сите разбираме дека сме дел од поголемиот систем кој приближно и да има детерминирано однесување и краен резултат БЕЗ ИСКЛУЧОК.

Моменталниот недостаток од алтернатива и желба за промена, консумеризмот е “религијата” според која барем уште неколку децении ќе се водат политиката, економијата, групниот и индивидуалниот социо-економски живот. Потпирањето на неприкосновениот “економски раст” врз конзумерските навики кој што сите фанатично го “бркаат” и претставува стандард во економијата дополнително ја зацврстува позицијата.

Проблемот е што во моментот не постои реална алтернатива за промена не овој начин на функционирање. Не постои ветување кое што е подобро од материјализмот и задоволување на барањето за среќа и себе-исполнување преку никогаш доволното трошење. Потрагата по фиктивната среќа преку консумирање на потребни и непотребни производи е толку навлезено што ќе биде потребна многу голема желба и самосвесност кај индивидуите, групите и економиите за да се направи промената.

Текстот е објавен во дигиталното издание на Le Monde diplomatique (www.monde-diplomatique.mk)

Continue Reading
економија7 минути ago

Пандемијата стивна и економијата здивна

интервју14 минути ago

Сашо Јовановски: Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

македонија15 минути ago

Сеавус, ИнКом, Еконет, Групер…добија нови сопственици – кој ќе ја продолжи низата?

македонија23 часа ago

Десет студентски тимови преку учество на хакатонот „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата“ ќе креираат решенија за намалување на сивата економија

економија1 ден ago

Утре почнува хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговијата

македонија2 дена ago

Комерцијална банка ќе биде спонзор на ФФМ во наредните три години

технологии / компании4 дена ago

Нова аквизиција на македонскиот ИТ пазар: Синами ја презема Еконет

интервју7 дена ago

Љупчо Николовски: На граѓаните им е преку глава од декларативни заложби. Носиме храбри одлуки, воведуваме системски и генерациски промени

македонија7 дена ago

Колку државната помош создава подобри компании?!

македонија7 дена ago

Прометот на Македонска берза во првиот квартал е за 36% помал од лани

интервју7 дена ago

Љупчо Николовски: На граѓаните им е преку глава од декларативни заложби. Носиме храбри одлуки, воведуваме системски и генерациски промени

македонија7 дена ago

Колку државната помош создава подобри компании?!

здравје7 дена ago

Следи борба за „вакцина над вакцините“ којашто ќе штити од нови вируси

технологии / компании4 дена ago

Нова аквизиција на македонскиот ИТ пазар: Синами ја презема Еконет

lifestyle7 дена ago

Мадс Микелсен: Во секој лик на негативец може да се најде нешто реалистично, а во секој херој нешто погрешно

технологии / компании7 дена ago

Да објасниме зошто е битен Етериум, блокчејн платформата што „работи“ во позадина

македонија7 дена ago

Прометот на Македонска берза во првиот квартал е за 36% помал од лани

менаџмент / маркетинг7 дена ago

6 совети како да направите добар баланс

политика7 дена ago

Ефикасни истраги за криминалот се главен тест за реформите

македонија2 дена ago

Комерцијална банка ќе биде спонзор на ФФМ во наредните три години