Connect with us

коментари

Неда Коруновска: Расизмот кон Ромите e луксуз кој не смееме да си го дозволиме бидејќи е погубно за нашата економија и ја разорува демократската срж

објавено

на

Неда Коруновска, директор на оддел, Канцеларија за Ромски иницијативи при мрежата на фондации Отворено општество

Доколку младите Роми добијат шанса и поддршка, тие може да бидат основа на економското закрепнување и развој. Доколку се намали дискриминацијата на Ромите во Македонија, државата може да ги зголеми приходите на Буџетот од 42 до 116,2 милиони евра годишно. Меѓутоа нивниот успех зависи од надминување на анти-циганизмот  кој сега преставува пречка, која тие самите не можат да ја надминат.

Јавните политики во регионот, Ромите ги третираат единствено како социјален проблем кој треба да се реши, или кој најчесто се игнорираа. Отсуствува визија и лидерство да се види потенцијалот кај Ромите, и тие да бидат препознаени како важен ресурс за регионот. Тоа, донекаде, и ја објаснува економската стагнација и слабоста на демократската срж. Барањето на излези од кризата во која сега се наоѓаме поради пандемијата, е можност, работите конечно да се сменат. 

Високата цена на расизмот

Пред околу десет години, Светска банка ѝ укажа на Бугарија дека дискриминацијата на Ромите и нанесува буџетски загуби од најмалку 370 милиони евра годишно. За најсиромашната земја во Европската унија, ова е, благо речено, луксуз. Од друга страна, доколку се намали дискриминацијата на Ромите во Македонија, државата може да ги зголеми приходите на Буџетот од 42 до 116,2 милиони евра годишно. Имено, вкупните буџетски придобивки од продуктивноста се меѓу 27,9 и 101,7 милиони евра, додека даночните приходи се во опсег помеѓу 4,0 и 14,5 милиони евра (во зависност дали се користат податоци од Пописот од 2002 за ромското население, или проценките на Советот на Европа од 2012).

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, неодамна за Фајненшл тајмс изјави дека демографскиот пад е најголемата закана за целиот регион. Според Светската банка, во последните две децении од Македонија си заминале 450 илјади жители, а според некои анализи овој број е дури 600 илјади. Од друга страна, демографските трендови кај Ромите се позитивни. Ромите се најмладата и најдинамична популација и во Европа и на Балканот. Ова важи дури и за земјите од регионот кои имаат релативно помладо население, како што се Албанија и Косово. Во Северна Македонија, на пример, бројот на жители на возраст под 30 години е скоро двојно поголем кај Ромите, споредено со останатите.

Во Република Северна Македонија, бројот на образовани млади Роми е најголем во споредба со останатите земји во регионот. Државата го презеде моделот на стипендирање на Роми, од донаторски иницијативи, и иако има уште големи разлики во степенот на образование и потребни се дополнителни напори, досегашните мерки се патоказ што може да се направи. Доколку младите Роми добијат шанса и поддршка, тие може да бидат основа на економското закрепнување и развој. Меѓутоа нивниот успех зависи од надминување на анти-циганизмот кој сега преставува пречка, која тие самите не можат да ја надминат.

Безбедносен ризик

Расизмот не предизвикува само економска загуба, тој претставува и ризик за националната безбедност. Политичката моќ на десничарските екстремисти и националистичките популисти расте врз основа на инструментализацијата на негативните предрасуди кон Ромите за освојување гласови. Со напади врз Ромите, неонацистичките партии како унгарскиот Јобик, Наша Словачка или Северната лига во Италија ја зголемија својата база во електоратот. Ова е рецептот што екстремно десничарските групи како Левијатан, Српска чест се обидуваат да го искористат.

По терористичкиот напад на екстремната десница во германскиот град Ханау, канцеларката Ангела Меркел, претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле и министерот за внатрешни работи Хорст Шехофер јасно ставија до знаење дека расизмот е отров на општеството и дека екстремната десница е најголемата закана за државата, демократијата и владеењето на правото. Покрај тоа, ваквите групи и политички формации низ Европа работат синхронизирано со Русија, што им обезбедува идеолошка, финансиска и дигитална поддршка. Нив ги поврзува истата цел, а тоа е дестабилизација и ослабување на Европската унија преку ослабување на нејзините земји-членки и земјите кои се на пат кон членство. Колку е поголемо игнорирањето на расизмот против Ромите, толку се поголеми безбедносните ризици за дестабилизација и зајакнување на екстремизмот во нашите земји.

Слично, во Северна Македонија, за жал, се поголем е бројот на екстремно националистички групи. И покрај промовирањето на мулти-етничкиот карактер на државата со уставните измени од 2001 година, во реалноста албанските лидери не се залагаа за малцински права туку претежно инсистираа само на сопствените права. Тоа создаде револт кај дел од Македонците, а разочараност и чувство на измаменост кај помалите етнички заедници. Ако на ова се додаде договорот со Грција и актуелниот спор со Бугарија, кои оспоруваат дел од македонскиот идентитет, не ме изненадува фактот што се поголем број на Македонци сметаат дека сме „загрозени“ во сопствената држава. Тоа е истата група на Македонци на која не и е по ќеиф дека веќе не е прифатливо нивните сограѓани да ги викаат „шиптари“ и „цигани“. Тие сметаат дека Македонија ќе биде подобро место за живеење ако е моно-етничка држава, иако никогаш во својата историја не била таква, и тоа што сме денес е резултат на културното богатство на сите народи кои живеат во неа.

Можноста за Северна Македонија

Политичката моќ на десничарските екстремисти и националистичките популисти расте врз основа на инструментализацијата на негативните предрасуди кон Ромите за освојување гласови. Со напади врз Ромите, неонацистичките партии како унгарскиот Јобик, Наша Словачка или Северната лига во Италија ја зголемија својата база во електоратот.

Често пријателите ме прашуваат до кога планирам да работам на прашањата кои ги засегаат Ромите, алудирајќи дека сепак е тоа споредна работа, и треба да се занимавам со поважни прашања. За жал, се уште не е општо прифатено дека прашањата кои ги засегаат Ромите, всушност не’ засегаат и нас. Ковид-19 пандемијата тоа најпластично го прикажа, бидејќи состојбата во една населба, не може да се изолира од друга. Преку состојбата на Ромите, како најмаргинализирана заедница во Македонија, можеме директно да видиме како системот (не) функционира, каде се пропустите, кои прашања се запоставени. Работејќи на нив, единствено може да изградиме „праведно општество за сите“. Меѓутоа, поради постојните предрасуди, ова ретко кој го согледува.

Во Северна Македонија, дополнително има „институционален замор“ од афирмативни мерки за малцинства. Уште еднаш, Ромите може да бидат губитници, бидејќи тие се единствена заедница кај која правичната застапеност е многу лимитирана. Народниот правобранител, кој е задолжен за следење на оваа темелна вредност, со години наназад укажува на ова. Отсуството на Роми од администрацијата, не е само прашање на правична застапеност, туку прашање на квалитетно одлучување. Во услови кога Ромската заедница е изолирана во своите маала, тешко е да се воочат нивните проблеми, или да се разбере како одредени одлуки ќе влијаат врз нив. Позитивно е што и Претседателот Пендаровски и Премиерот Заев во своите кабинети назначија млади Роми за свои советници, кои делумно можат да ја надоместат „празнината“ додека државата треба го приоретизира вработувањето на младите образовани Роми особено во клучни сектори: здравство, домување, полиција.    Несовршеноста на Европската унија и демократијата во Европа, Република Северна Македонија ја осети директно неколку пати до сега, од азилот на Груевски во Унгарија, блокадата на Франција минатата година, до последно, ветото од Бугарија. Една од проблемите кои Европската унија ќе треба да ги реши во иднина се нееднаквоста, и јакнење на социјалната кохезија, особено со малцинствата. Мулти-етничкиот концепт на општество во Северна Македонија е богатство и Македонија има шанса да покаже како соживотот може да го надмине национализмот, и да биде пример, не само за Западен Балкан туку и за Европската унија. 

Continue Reading
економија2 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

банки2 дена ago

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

економија2 дена ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

македонија5 дена ago

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

економија3 дена ago

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

интервју18 часа ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари18 часа ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

економија18 часа ago

Македонската економија на среден и долг рок (5)

економија18 часа ago

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

економија18 часа ago

Кои се најголемите ризици за финансиските компании