Connect with us

економија

Нема да треба да се оди до Врање, Лидл ќе отвори маркети во Македонија

објавено

на

Од менаџментот на Лидл денеска се сретнаа со премиерот Заев, министерот Бочварски и градоначалникот Шилегов. Освен во Скопје, Лидл ќе отвори маркети и во неколку поголеми градови во земјава. Првата инвестиција ќе биде логистички центар за снабдување на маркетите.

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, одржаа состанок во Владата со менаџментот на германскиот трговски синџир „Лидл“, којшто има веќе свои маркети во Србија, Бугарија и Грција.

На состанокот се дискутираше за новата инвестицијата на трговскиот ланец „Лидл“ во нашата земја, за што компанијата веќе е регистрирана во Северна Македонија.

Премиерот Заев истакна дека новите инвестиции се од голема важност за земјава, во насока на зголемување на понудата, нови вработувања, како и подобрување на севкупната економија. Тој ги поздрави позитивните практики препознатливи за „Лидл“ во поглед на пазарот на труд, обучување на своите вработени, како и практикување на модерен начин за водење трговија. Воедно премиерот Заев ја потенцира важноста од натамошно унапредување на работата со Сојузна Република Германија, која е наш прв трговски партнер и истакна дека над 200 германски инвеститори вработуваат повеќе од 28.000 лица во нашата земја.

Менаџментот на компанијата „Лидл“, претставуван од Волф Тиедеман, член на Управниот одбор, Милена Драгијска извршен директор на „Лидл“ – Бугарија и „Лидл“-Северна Македонија, Бисер Инчовски – директор на централните служби како и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги презентираа плановите за новата инвестиција во земјава.

Од менаџментот истакнаа дека компанијата планира својата прва инвестиција во Северна Македонија да ја реализира преку изградба на сопствен модерен логистички центар кој ќе ги поседува сите меѓународни сертификати на „Лидл“ и кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети. Опремата која ќе се користи во центарот за логистика е според најсовремените стандарди во Европа.

На средбата во однос на стратегијата за експанзија, беше истакнато дека сите маркети кои „Лидл“ планира да ги отвори во земјава ќе бидат позиционирани во градовите со одржлива демографска и економска моќ.

Плановите на „Лидл“ за инвестициите во Северна Македонија се да оствари долгорочна, одржлива, одговорна соработка, како со своите клиенти, деловни партнери, така и со своите вработени, но истовремено да делува како општествено одговорна компанија со одговорност кон животната средина. Менаџментот на компанијата Лидл истакна дека се надева на конструктивна соработка со македонските институции и во иднина.

економија6 дена ago

Алексова, ТУК: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

економија6 дена ago

Помала премија за речиси 5% или 8,5 милиони евра во 2020

банки6 дена ago

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

македонија6 дена ago

Опасниот вирус на лагите е сојузник на Ковид – 19

економија6 дена ago

Властите задоволни од ефектот на антикризните мерки, бизнисот бара уште

технологии / компании1 ден ago

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Управување со ликвидноста и cash gap

свет6 дена ago

Како еден град станува паметен?

македонија6 дена ago

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

lifestyle6 дена ago

Марк Кјубан: Станете експерт во тоа што го работите. Тоа ќе ви даде предност затоа што повеќето луѓе не го прават тоа.