Connect with us

интервју

“Неопасен отпад што може безбедно да се преработи како суровина може да се увезува”, вели Анастас Маженковски од Царинската управа

објавено

на

Согорувањето на отпад за добивање на енергија е контроверзна тема во јавноста и има многу спротивставени мислења за неа.Во Р.С. Македонија оваа постапка е регулирана со Законот за управување со отпад. За правната рамка во управувањето, складирањето, увозот и извозот на отпадот разговараме со Анастас Маженковски, советник на директорот на Царинската управа на Р.С. Македонија.

Осврт на постапките за увоз на отпад / типови отпад што може да се увезат за да се користат (во кои постапки)?

Генерално, отпадот се класифицира според изворот на неговото создавање и неговите карактеристики, па оттаму во рамки на постапките за увоз истиот генерално се дели на опасен отпад кој подлежи на посебни дозволи и режими/забрани за увоз и т.н неопасен отпад кој не подлежи на посебни дозволи или ограничувања при увозот. Класификацијата на отпадот е дефинирана во Листата на видови на отпад донесена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). 

Увозот на отпад во државата е регулиран преку Законот за управување со отпад и подзаконските акти произлезени од него. Согласно позитивните законски одредби, прифатените меѓународни конвенции и регулативи во нашата земја, забранет е увоз на отпад на територијата на државата, за складирање и за отстранување, како и увоз на опасен отпад што е измешан со неопасен отпад или други компоненти кои ја намалуваат штетноста и опасните карактеристики на отпадот. Дозволен е увоз на отпад што може безбедно да се преработи, да се користи како суровина. Дозволен е извоз на отпад којшто може да се преработи и отстрани без опасност по животната средина, животот и здравјето на луѓето во земјата увозник.

На кој начин се контролира увезуваниот отпад (по состав и потекло)? Како се увезува отпад ?

Увоз, извоз и транзит на отпад се врши врз основа на дозвола којашто ја издава органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Дозволите за увоз, транзит или извоз на отпад ги издава МЖСПП и следствено истите се приложуваат во царинските постапки пред царинските органи.

Увоз, извоз и транзит на опасен отпад во Република Македонија се врши според Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасен отпад и негово складирање, а царината е надлежна за негова физичка контрола при внес во државата и негова споредба согласно приложената документација. Секоја пратка на опасен отпад согласно Базелската конвенција од земјата на испраќање задолжително е пропратена со меѓународно пропишан образец за прекугранично пренесување на опасен отпад согласно Законот за ратификација на Базелската конвенција за контрола на прекугранично пренесување на опасниот отпад и негово одлагање. (Сл. Весник 49/97)

Дали е легално да се увезува РДФ (горивата добиени од преработен отпад) /СРФ(цврстите горива добиени со преработка на отпад)? Која е постоечката законска регулатива за увоз на овој вид на отпад?

Согласно последните законски измени во Законот за управување на отпад (Сл. Весник 31/2020), забранет е увоз на отпад за согорување, или поинако кажано не е дозволен увоз на отпадот чија крајна намена е согорување односно користење како извор на енергија.

Како се увезува РДФ/СРФ? Која е постоечката законска регулатива за увоз на отпад?

Од 10.02.2020 година не се увезува РДФ, согласно претходно наведениот одговор.

Дали С. Македонија има акредитирани лаборатории што може да се користат од страна на Царинската управа за потребите во поглед на испитување на отпадот?

Генерално царинската лабораторија нема акредитација за контрола на опасен отпад, но за цели на царинските постапки истото и не е основната дејност на нашите лаборатории, со оглед дека отпадот во претходна постапка мора да поседува дозвола за негов увоз побарана од страна на увозникот во рамки на постапките предвидени во МЖСПП. Сепак, доколку се укаже потреба, Царинската управа во соработка со царински акредитирани лаборатории на други земји со кои има воспоставена соработка може да спроведе дополнителни проверки на одредени параметри поврзани со отпадот.

Што подразбира постапката на увоз за облагодорување?

Постапка на увоз за облагородување е царинска постапка при која одредена компанија која има одобрение издадено од страна на царината, во пропишана постапка може да увезе стока (репроматерјал) со цел негова доработка во одреден финален или полиуфинален производ и да го извезе без да плати увозни давачки.

Кои индустрии подлежат на барањата на оваа постапка?

Постапка на увоз за облагородување е царинска постапка која може да биде применета од страна на било која компанија која припаѓа на било која индустрија која го применува правилото на увоз на суровини и/или репроматерјали и нивна обработка во нашата земја и нивно извезување од државата. Генерално ваквите постапки кај нас се користат во текстилна индустрија за изработка на текстилни производи кои се доработуваат во готови производи и се извезуваат назад спрема странските партнери.

Дали во постапките за увоз за облагородување се создава отпад и како се постапува со истиот ?

Генерално, во постапките за увоз за облагородување, се појавуваат остатоци од процесот на производството на готовите текстилни производи, дел од тие остатоци се отпад дел се репроматерјали. Остатоците и отпадот согласно царинските прописи, увозникот е должен да ги извезе, да ги оцарини или да ги уништи под цариски надзор. Најчесто отпадоците од процесот на производството увозниците се одлучуваат да го уништат под царински надзор во пропишани постапки и кај компании овластени за уништување на соодветен отпад.

Дали се потребни извесни промени во постапките за уништување на овој отпад, кои се тие и дали се во тек?

Генерално, во постапките за увоз за облагородување, кога се појавуваат остатоци од процесот на производство и истите се третираат како отпад, постапката за нивно уништување следствено треба да биде во рамки на законските регулативи поврзани со третирањето на отпадот во нашата земја. Со оглед дека отпадот генериран во постапките на увоз за облагородување сеуште претставува “царинска стока“ истиот задолжително мора прво да помине низ пропишаните царински постапки и формалности и паралелно да биде третиран согласно постапките предвидени за управување со отпад во нашата земја.

Дали постои можност да се развие мрежа на субјекти кои ќе учествуваат во идниот третман на увезениот отпад, кои би биле придобивките од неговата правилна експлоатација?

Со оглед дека постапките за увоз за облагородување бараат одредени процедури за постапување, а имајќи во предвид дека отпадот во овој случај претставува царинска стока,  постојат царински постапки кои претходат и се поврзани со постапката за негово уништување и мора да се одвиваат во координација со царината. Секое вклучување на трети страни во постапките треба да биде координирано со царината и во согласност со законските одредби, а истите треба да биде релевантен и сигурен препознаен партнер кој дел од постапките за прибирање, евидентирање и уништување би ги спроведувал со почитување на законски пропишаните постапки за уништување на стоки во рамки на постапката за увоз за облагородување. Се разбира таквит компании или т.н трети страни треба да ги поседуваат сите потребни дозволи и одобренија за постапување на таквиот отпад.

Придобивките во овој случај секако би биле делумно растеретување на царинските служби во рамки на постапките и контролите, растеретување на компаниите учесници во постапките на увоз за облагородување и превземање на дел од активностите за постапување со отпадот во рамки на закоснки пропишаните одредби во нашата земја

Дали индустријата генерира доволно отпад за истиот да се искористи како алтернативно гориво?

Во нашата земја јавно е познато дека многу малку, речиси воопшто не се користи отпадот соодветно како енергенс во одредени производствени процеси, се разбира во рамки на законски пропишаните. Надвор од пропишаните постапки јасно е дека има доста злоупотреби при незакоското горење на разни видови отпадни материи и слично.

Со оглед дека постапките за увоз за облагородување генерално се однесуваат за текстилните производи, компаниите кои поседуваат интегрирани лицени и дозволи за безбедно и законски пропишано третирање и уништување на отпадот преку негово согорување, секако ќе придонесат за растеретување на досегашното неадекватно уништување на отпадот и со оглед на тековната енергетска криза дополнување во рамки на внатрешно искористување на домашните ресурси кои можат да создадат енергија за одредени производствени процеси.

Со оглед на обемот на постапките на увоз за облагородување, како и случаи на слични постапки во рамки на редовниот увоз (слободните технолошко индустриски развојни зони), секако дека постои одредена количина на ваков вид на отпад кој може и треба да биде искористен како енергија за о

економија1 ден ago

РЕС го презеде снабдувањето со електрична енергија на 250 компании за само 10 месеци постоење

регион2 дена ago

SkyShowtime сервисот за стримување достапен и во Македонија од 14 февруари

економија2 дена ago

Анѓушев: Да се градат електрани од различни обновливи извори, а решение за вишоците струја се Чебрен, батерии и водород

економија2 дена ago

За само неколку денови – повеќе од 4000 гласачи за најдобрите е-трговци во Македонија

македонија3 дена ago

„СОС Детско село“ доби 1,37 милиони денари собрани од продажбата на билети за настан организиран од РФМ

економија3 дена ago

Ковачевски: Работиме на тоа да нема поскапување на струјата, дури, во некои сегменти да има и поевтинување

македонија4 дена ago

Еко Логистик Сервис одбележа пет години работа на македонскиот пазар

македонија4 дена ago

“Година на нови можности“ – почна дводневната конференција во организација на Владата

економија4 дена ago

БРАКО ја испорача првата пратка возила во 2023 година

економија1 недела ago

ИТ компанијата Proxiad SEE отвори нова канцеларија во Скопје

македонија1 недела ago

Создадовме автентично винско туристичко доживување во радовишкиот крај!

свет1 недела ago

Франција и Шпанија се најпосетените светски дестинации

свет1 недела ago

Технолошките гиганти отпуштаат преку 50 илјади вработени

економија1 недела ago

Од специјалниот прилог „Брендови“: Како пандемијата и кризата ги променија бренд стратегиите?

интервју1 недела ago

Славица Кутиров: Со примена на новите сервиси и напредни технологии, дигиталната Царина станува реалност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Теорија, пракса и понекое пророштво

регион1 недела ago

Во Хрватска пристигнуваат три светски хотелски брендови во исто време

економија1 недела ago

ИТ компанијата Proxiad SEE отвори нова канцеларија во Скопје

економија4 дена ago

БРАКО ја испорача првата пратка возила во 2023 година

технологии / компании1 недела ago

Амазон е највреден бренд на планетава, Дојче Телеком прв во  Европа