Connect with us

македонија

„Нептун“ отвора нов продажен салон во Ист Гејт Мол

објавено

на

Продавницата во Ист Гејт Мол е 26. продажен салон на брендот „Нептун“, кој на македонскиот пазар е присутен веќе 23 години во 21 град во Македонија.

„Нептун“, лидерот во малопродажбата на иновативни технологии и бела техника во земјава, го отвора најмодерениот продажен салон од овој бренд во најголемиот трговски центар во регионот, Ист Гејт Мол во Скопје. Софистицираниот продажен простор е специјално дизајниран за да ги задоволи потребите на сите потрошувачи, нудејќи ги најновите производи и технолошки иновации на врвните светски брендови како Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Philips, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и др.  

Новиот продажен салон на „Нептун“ е носечка продавница во Ист Гејт Мол која се простира на површина од 1.500 метри квадратни. Стратешката позиција на „Нептун“ во трговскиот центар овозможува лесен пристап до продажниот салон и со автомобил, што го олеснува транспортот на купените производи и придонесува за максимално удобно купување. Продажниот салон на потрошувачите им нуди најголем избор на врвни апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди и други технолошки иновации, а стручниот тим од 35 вработени ќе им го олесни изборот на потрошувачите со своите совети и препораки. Работното време на продажниот салон е секој ден од 10 до 22 часот.  

Отворањето на новиот продажен простор во Ист Гејт Мол е круна на досегашната работа на „Нептун“. Како најголем малопродажен синџир за иновативна технологија и бела техника и апсолутен лидер на пазарот, креиравме простор во кој фокусот е ставен на унапредување на купувачкото искуство според највисоките светски стандарди. Создадовме простор кој луѓето навистина ќе сакаат да го посетат поради сето она што го нуди – совршена локација, модерен ентериер со инсталирани најнови технологии од кои некои за прв пат може да се видат на нашиот пазар,  присуство на сите водечки светски брендови за техника на едно место и врвна услуга. Ни претставува огромна чест што продажниот салон на „Нептун“ е една од носечките продавници во најрепрезентативниот трговски центар во целиот регион. Тоа е уште една потврда за нас дека врвните брендови и компании го препознаваат и високо го вреднуваат квалитетот на „Нептун“ – истакнува Горан Цветинов, генерален директор на „Нептун Македонија ДОО“

Продавницата во Ист Гејт Мол е 26. продажен салон на брендот „Нептун“, кој на македонскиот пазар е присутен веќе 23 години во 21 град во Македонија. Применувајќи ги светските практики во малопродажбата, „Нептун“ на своите клиенти им нуди и широка палета на услуги, како што се happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, комфор и премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy Card. Големото портфолио на меѓународни брендови застапени во продажните салони, широката палета на услуги и врвните услови за пазарување, изминативе години го позиционираа „Нептун“ како апсолутен лидер на пазарот во државата, најголем малопродажен синџир за бела техника и електроника и бренд кој секојдневно ја ужива лојалноста на илјадници задоволни клиенти.

банки8 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет4 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија4 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет4 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки4 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад