Connect with us

регион

Неум се радува на високите цени во соседна Хрватска

Единствениот босанско-херцеговски град на Јадранот очекува рекордна сезона

објавено

на

Босна и Херцеговина има едно мало делче од јадранскиот брег, каде што е лоциран градот Неум, којшто годинава очекува рекорден број на туристи, незапамтен последниве 20-тина години. Дури и од соседна Хрватска доаѓаат на летување во Неум, поради значително пониските цени.

Годинава Неум очекува рекорден број гости и посети какви што не можеше да се замислат во последните две децении, што се потврдува и со фактот дека најголемиот дел од сместувачките капацитети во единствениот босанско-херцеговски град  на море се пополнети  дури и за периодот по главната сезона.

Градоначалникот на Неум, Драган Јурковиќ, за порталот Klix.ba вели дека Неум секоја година е сѐ поатрактивна дестинација за туристите и дека овој тренд ќе продолжи и оваа година.

Според него, хотелиерите и туристичките работници, како и општина Неум, веќе се задоволни од најавите за доаѓање гости во Неум, поради што активно работат на уредување на плажите, шеталиштата и улиците, како и на бројни објекти за пречек на гостите на најдобар можен начин.

„Сега планираме да го завршиме уредувањето на шеталиштето до почетокот на  сезоната и да поставиме полуподземни контејнери со капаци кои задржуваат непријатен мирис и визуелно се многу поубави од класичните контејнери. Покрај тоа, имаме дел од шеталиштето од хотел Гранд до пазарот, односно централниот паркинг, кој исто така планираме да го уредиме до почетокот на сезоната. Се надевам дека ќе успееме во ова и дека успешно ќе ги реализираме нашите планови поврзани со брегот и најважниот дел покрај морето, којшто ќе биде подготвен да ја дочека сезоната“, изјави Јурковиќ.

„Согласно интересот на гостите и резервациите забележани од самиот почеток на годината, очекуваме дека оваа сезона ќе биде многу добра, можеби и најдобра во последните 20 години, како по бројот на гостински ноќевања, така и по сѐ друго поврзано со успешен туризам во Неум“, вели градоначалникот Драган Јурковиќ.

Активирањето на аеродромот во Мостар ќе донесе уште повеќе туристи

Што се однесува до доаѓањето на гости, како што вели тој, хотелиерите не паметат дека претходно имале толку резервации, бидејќи многумина кои планирале да летуваат на брегот на Јадранот во БиХ, според него, веќе ги резервирале своите места, па така многу  сместувачки капацитети се  пополнети, не само за претсезоната и главната сезона, туку и за периодот по сезоната.

„Согласно интересот на гостите и резервациите забележани од самиот почеток на годината, очекуваме дека оваа сезона ќе биде многу добра, можеби и најдобра во последните 20 години, како по бројот на гостински ноќевања, така и по сѐ друго поврзано со успешен туризам во Неум“, вели Јурковиќ.

Тој потсетува дека минатата година во Неум дошле голем број гости дури и од соседна Хрватска, бидејќи разликата во цените во единствениот приморски град на БиХ била за 30 до 50 отсто пониска, а судејќи според моменталната ситуација, се очекува јагмата за летување во Неум кај Хрватите да продолжи.

„Се очекува овој тренд да продолжи и оваа година, бидејќи и покрај корекциите на цените, престојот на брегот на Јадранското Море во Хрватска и понатаму е значително поскап отколку кај нас, а факт е дека на крајот цената е еден од клучните фактори за многумина при изборот на место за одмор“, вели градоначалникот.

Популарноста на Неум, смета тој, дополнително ќе порасне со заживувањето на аеродромот во Мостар, кој од април годинава воведува нови авио линии и се поврзува со остатокот од светот, што ќе им овозможи на бројните гости да стигнат до Неум на само еден час возење од Мостар по новиот автопат.

македонија3 часа ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија5 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци