Connect with us

менаџмент / маркетинг

Не мора да сте први

Менаџерски заблуди

објавено

на

Сè што е ново не е добро, кој рано рани не мора две среќи да граби и ако ја имитирата успешната конкуренција не мора да бидете успешни ка ко неа…Капитал во овој број ќе ви претстави неколку заблуди што често се јавуваат во менаџерството, за да не ве “заведат” и вас.

  • Сè што е ново е добро

Флуктуација на менаџерите од фирма во фирма е вообичаена појава. Исто така вообичаено е новите менаџери да носат со себе идеи и менаџерски алатки од своите претходни компании. Меѓутоа, многу често, алатките што функционирале успешно во една фирма, може да се покажат неуспешни на новото работно место. Особено тоа е случај кога менаџерот претходно работел во друга индустриска бранша, различна од новата според големината и карактеристиките на вработените и организациските процеси. Има еден пример на македонски маркетинг менаџер што бил многу успешен во својата бивша информатичка бранша, а потоа ја продолжил кариерата во прехранбената индустрија.

Таму предложил примена на нов систем на наградување и известување во маркетингот, сличен на оној што извонредно фунционирал во старата компанија. Но, во новото окружување, системот се покажал неуспешен. Пред сè, се работело за поинакви производи, поинакви начини на маркетинг стратегија и дистрибуција и за поинаква култура на вработените што не го прифатиле новиот систем за наградување.
Исто така, информацискиот систем не можел да ги поддржи новите маркетинг извештаи. Контраефектот само го потврдил мислењето на вработените  дека секој нов менаџер носи со себе нови промени што ја нарушуваат конзистентноста на работењето и уште повеќе ги затвораат во однос на можните добредојдени новини.

  • Ако менаџерот стане акционер, повеќе ќе работи во интерес на компанијата

Давање на акции на менаџерските структури во рамки на планот за наградување е вообичаена пракса во западните компании, а сè повеќе и кај нас. Се смета дека менаџерите ако станат и сопственици на дел од компанијата, ќе им биде во личен интерес таа да работи добро, па така тие ќе сторат сè што е потребно за да се зголеми ефикасноста и продуктивноста, па така и пазарната цена на нејзините акции. Меѓутоа, има многу малку докази дека т.н. ”stock options” план ја поттикнува ефективноста на компанијата.
Ден Далтон од Универзитетот Индијана ги сублимирал резултатите од преку 200 студии што се обиделе да одговорат на прашањето како давањето на менаџерите удел во фирмата влијае врз нејзиниот успех. Неговата анализа покажала дека оваа пракса давала повеќе резултати во помали фирми што се во почеток од своето работење со наглесена претприемничка активност, отколку во големи конгломерати.
Иако нема цврсти докази, генерално се смета дека еланот при остварувањето на нов проект, но и неизвесноста за успехот на претприемничкиот потфат и личната исполнетотст на претприемачот се најбитни за остварување на добри резултати.

  • Кој прв, нему девојката(пазарот)

Еден од митовите што стана составен дел од повеќето учебници за стратешки менаџмент се однесува на феноменот ”first mover advantage” или на големата предност што ја има компанијата која прва се појавува на   пазарот со некој производ. Меѓутоа, не е до крај потврдено дали тоа навистина е предност и колку долго. Многу компании се соочиле со феноменот нивниот бестселер производ бргу да ја загуби својата пазарна надмоќ. На пример, Амазон не беше прва онлајн продавница за книги во светот, па знаеме што направи до сега и како завршија тие што беа први. Понекогаш и вториот, или пак третиот ја добива “девојката”, а и оној што не ранел рано, туку причекал да види како диши пазарот, па на крајот грабнал не само две среќи, туку и голем дел од пазарниот колач.

  • Спореди се и угледај се на успехот на конкуренцијата

Bencmarking е една од многу честите методи на споредба со кои што се користи мнозинството од компаниите. Да се споредите со конкуренцијата може да биде многу корисно, како и да примените некои од нејзините практики, што може да заштеди време и брзо да ја зголеми ефикасноста. Меѓутоа, опасноста при имитирањето е фирмата да стане само лоша копија на оној кого го имитира. Познат е примерот со повеќедецениската споредба помеѓу американските и јапонските автомобилски производители. Американската најчесто се споменува со Toyota, а многумина пробаа да го копираат нивниот систем на производство со ”just-in-” системот на управување со залихите, запирање на производството ако се увиди грешка, наградување на иновативните работници, иновативните  и блиски односи со добавувачите и сл. Иако некои, на прiмер General Motors, успеаја да ја подобрат својата продуктивност, сепак  и понатаму, заедно со остатокот на американската авто-индустрија заостануваат зад продуктивноста и ефикасноста на Тоyota. Причината е во тоа американските компании многу често го имитираат она што е највидливо, а што е најмалку важно. Тајната на успехот на Јапонците не е само во техничките достигнувања, туку и во целовкупната филозофија на менаџментот и  континуирано подобрување на ниво на целата компанија.

Continue Reading
економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија2 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија2 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија2 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

свет2 days ago

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

менаџмент / маркетинг2 days ago

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

менаџмент / маркетинг2 days ago

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

интервју2 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија5 days ago

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

економија4 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија2 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

економија3 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

здравје6 days ago

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

економија6 days ago

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

свет2 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

lifestyle2 days ago

Јан Коум: Правете една работа и правете ја добро