Connect with us

менаџмент / маркетинг

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец

Експерт за регрутирање кадри советува

објавено

на

„Како директор на Центарот за кариерен менаџмент при Келог школата за менаџмент и поранешен регрутирач на кадри со 10 години искуство, имам сфатено дека и најквалификуваните кандидати пропуштаат да се истакнат себеси во однос на конкуренцијата со тоа што не прашуваат помалку незгодни, но сепак промислени прашања. Подолу е сет од пет прашања коишто искрено би сакала повеќе кандидати да имаат смелост да ги прашаат додека се интервјуирани по повод некој оглас за работа.“

Лиза Киркпатрик
Келог школа за менаџмент

Многу луѓе забораваат дека интервјуата за работа се „двонасочна улица“ – и дека, ако се реализираат како што треба, може да прераснат во плодна конверзација помеѓу кандидатот и интервјуирачот.

Како директор на Центарот за кариерен менаџмент при Келог школата за менаџмент и поранешен регрутирач на кадри со 10 години искуство, имам сфатено дека и најквалификуваните кандидати пропуштаат да се истакнат себеси во однос на конкуренцијата со тоа што не прашуваат помалку незгодни, но сепак промислени прашања. (Обично, тие прашуваат само некакви генерички прашања за коишто лесно може да се најдат одговори со обично пребарување на Гугл.)

Подолу е сет од пет прашања коишто искрено би сакала повеќе кандидати да имаат смелост да ги прашаат додека се интервјуирани по повод некој оглас за работа. И додека некои од нив се чинат премногу непријатни за да се постават, во секој случај не само што ќе го импресионирате со нив менаџерот за човечки ресурси што ве интервјуира, туку и ќе го напуштите интервјуто чувствувајќи се многу посамоуверено и со подобри сознанија за самата работна позиција.

  1. Кои се најголемите предизвици со коишто ќе се соочам во првите 90 дена, и како ќе биде мерен успехот?

Ако ве интервјуираат за повисока позиција, ова е прашање што неретко може вам да ви го постават. Но ако не, тогаш вие прашајте ги нив. Деведесет дена е обично пробниот период во којшто компанијата определува дали тоа што ве ангажирала е добра одлука. Затоа е добро да сте подготвени и потполно да разбирате кои се очекувањата од вас и  дали вашето искуство и способности се доволен индикатор дека сте вистинската личност за работното место.

Немојте да се возбудувате премногу ако предизвиците ви се чинат претешки, затоа што како новоангажирани на позицијата, не мора да значи дека веднаш ќе ви го оценуваат знаењето. Ако навистина ја сакате работата, мора да сте спремни да учите и да направите се’ што треба за да влезете во колосек и да станете одлични во тоа што го работите.

  • Има ли нешто во мојата биографија што прави да се колебате дали да ме пуштите понатаму во процесот на селекција?

Менаџерите за регрутирање кадри обожуваат кога кандидатите го поставуваат ова прашање, затоа што покажува чувство за самосвест. Одговорот што ќе го добиете можеби е тешко сварлив, но подобро е да знаете сега, во раната фаза од интервјуто, за да имате време да ја коригирате перцепцијата на работодавачот и да го смените наративот.

На пример, ви кажат нешто вакво: „Се плашам дека нема да бидете среќни со оваа работа затоа што не e позиција каде што имате директен контакт со клиентот.“ Вие можете веднаш да се снајдете со следниов одговор: „Ја разбирам вашата загриженост. Но, токму затоа јас и се пријавив за оваа работа. Во позиции со директна интеракција со клиентите сум во најголем дел од мојата кариера, и сега сакам да правам нешто поинакво.“

Никогаш не треба да сте неинформирани околу тоа како вашите вештини се носат со оние на конкуренцијата. Ако интервјуирачот спомне некоја област каде што се чини дека сте послаби, вие објаснете како вашето искуство ги обезбедува тие посакувани вештини. Или, може да користите обратна тактика и да дискутирате за уникатните вештини што ги имате, а останатите кандидати веројатно ги немаат.
  • Како ви изгледа мојот бекграунд во споредба со другите кандидати што ги интервјуирате?

Никогаш не треба да сте неинформирани околу тоа како вашите вештини се носат со оние на конкуренцијата. Ако интервјуирачот спомне некоја област каде што се чини дека сте послаби, вие објаснете како вашето искуство ги обезбедува тие посакувани вештини. Или, може да користите обратна тактика и да дискутирате за уникатните вештини што ги имате, а останатите кандидати веројатно ги немаат.

Доколку не го поставите ова прашање, може две работи да се случат:

  • Да отидете во следна фаза на процесот, но да ги истакнете сите погрешни поенти зошто сте најквалификуваната личност за позицијата.
  • Да не отидете понатаму…и да немате поим зошто.
  • Знам дека пандемијата предизвика досега невидени нарушувања за многу компании. Како вие како менаџер се справувате со ситуацијата?

Прашањево внесува човечка димензија, којашто е ретка при овој тип разговори. Барате од интервјуирачот да се помести за момент од компаниските точки на гледање и наместо тоа, да го рефлектира своето лично искуство.

Добар одговор на менаџерот би бил искрен и автентичен . Исто така би покажал дека тој/таа имаат квалитети како што е емпатија и емоционална интелигенција.

Еве одличен пример за тоа: „Забележав дека не е лесно да се менаџира тим од далечина. Сега повеќе сфаќам колку е тешко да се балансира помеѓу работата и семејството кога работите од дома. И го направив (тоа и тоа) за да биде текот на работата поефикасен и помалку стресен за мојот тим.“

Работодавците би можеле дури и вас да ве прашаат како се справувате со пандемијата, со тоа овозможувајќи да се поврзете со нив на подлабоко, повеќе персонално ниво.

  • Според вашето искуство, што направила компанијата за да промовира различност, еднаквост и инклузија?

Некои луѓе се колебаат да го постават ова прашање, затоа што не сакаат да изгледа како да го ставаат работодавецот „под рефлектор“. Но, ова прашање е апсолутно потребно!

Целта е да се добие лична перспектива што ја рефлектира компаниската посветеност кон различноста, еднаквоста и инклузијата. Дали компанијата направила некакви промени минатата година? Дали има посебен тим што се грижи за промовирање на еднаквоста од сите видови? Дали резултатите се добри?

Одговорот ќе ви помогне да одредите колку е работодавецот целно насочен и дали нивните вредности се поклопуваат со вашите.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет2 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки5 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа