Connect with us

менаџмент / маркетинг

Не работете додека сте на одмор. Сериозно.

Совети во време на пандемија (а, и по неа)

објавено

на

Поминувањето викенди или празници работејќи, го поткопува едниот од најважните фактори што одредуваат дали луѓето се истрајни во својата работа: внатрешната мотивација. Луѓето се внатрешно мотивирани кога се вклучени во активности што им се интересни, во коишто уживаат и наоѓаат смисла. Истражувањата на бизнис школата на Харвард  укажуваат на тоа дека ако работите во слободно време вие си создавате внатрешен конфликт помеѓу постигнување на личните и професионалните цели, што води до тоа луѓето помалку да уживаат во работата.

Harvard Business Review

Начинот како и кога работиме, драстично се менува. Податоците од истражувањето „American Time Use“ од 2018 година покажуваат дека 30% од вработените со полно работно време се изјасниле дека се случува да работат и за празници и викенди, што значи дека кога луѓето и официјално не се на работа, не значи дека престануваат да работат.

Уште повеќе, актуелната промена што се случува на глобално ниво поради пандемијата, а тоа е работењето од дома, само ја комплицира ситуацијата: формалните граници помеѓу работата и не – работата стануваат уште позаматени, а вработените се позбунети околу тоа кога е, а кога не е време за работа.

Многумина претпоставуваат дека флексибилноста во рамки на работните обврски би требало да ја зголеми мотивираноста. Да имате можност да си поставите свој распоред на задачите би требало да ни олесни да си ги координираме работните денови така што би ја максимизирале продуктивноста, што на прв поглед имплицира дека луѓето всушност би биле повеќе мотивирани ако можат да работат за време на викенди, празници или одмори. Дополнително, истражувањата покажуваат дека ако сте зафатени (како спротивност на не правење ништо) може да придонесе да се почувствувате продуктивни, и следствено вашата работа да ви изгледа дека има повеќе смисла, односно, работењето кога другите не работат практично да ви ја крене мотивацијата.

Меѓутоа, нашите истражувања покажуваат дека токму спротивното најчесто држи вода. Поминувањето викенди или одмори работејќи, го поткопува едниот од најважните фактори што одредуваат дали луѓето се истрајни во својата работа: внатрешната мотивација. Луѓето се внатрешно мотивирани кога се вклучени во активности што им се интересни, во коишто уживаат и наоѓаат смисла. Нашите податоци укажуваат на тоа дека ако работите во слободно време вие си создавате внатрешен конфликт помеѓу постигнување на личните и професионалните цели, што води до тоа луѓето помалку да уживаат во работата. Сепак, правејќи го ова истражување за време на нашите сопствени викенди и одмори, исто така откривме и решение за овој проблем: треба да го редефинирате слободното време како “работно време“ и со тоа ќе си помогнете во задржување на внатрешната мотивација околу работата.

Како работењето во слободно време влијае врз внатрешната мотивација?

За да одговориме на ова прашање, анализиравме податоци од репрезентативен примерок од 1.298 американски работници. Вработените наведуваа во прашалниците дали работат само од понеделник до петок, или пак и за време на некои викенди и сл. Во ова истражување, внатрешната мотивација се рефлектираше преку изјавите од типот: „мојата работа за мене е значајна“ и „работата ми овозможува да ги користам своите вештини и способности.“

Откривме дека луѓето во просек, оние што работеле некои викенди, се чувствуваат помалку внатрешно мотивирани за работа. Имајќи предвид дека овие работи беа во корелација, можно е дека постојат и други фактори што би влијаеле врз внатрешната мотивација на луѓето, како на пример работењето на пониска позиција во хиерархијата и сл. Па така, земавме предвид повеќе потенцијални надворешни фактори, како домашниот приход, ниво на образование, број на работни часови во неделата, како и општото задоволство од животот, и откривме дека врската помеѓу работното време и внатрешната мотивација беше конзистентно.

За подлабоко да ја испитаме врската помеѓу работното време и внатрешната мотивација, направивме уште четири дополнителни експерименти со вработени што работеа за викенди и студенти што учеа за време на распуст. Сите студии покажаа дека работењето кога е слободно време ја намалува внатрешната мотивација на луѓето за нивната работа.

На пример, во една студија, интервјуиравме студенти што учеа во универзитетската библиотека за време на државен празник. Во еден случај на  студентите им нагласувавме дека дента беше федерален празник („Денеска е 17 февруари, Денот на претседателот), а во друг случај не („Денеска е 17 февруари). Кога студентите беа потсетувани дека учат во време кога другите се забавуваат и сл., тие чувствуваа дека нивните материјали за учење се помалку интересни и помалку им значат – што значи, се чувствуваа помалку внатрешно мотивирани за учење.

Зошто работењето во слободно време ја поткопува внатрешната мотивација?

Слично на тоа како луѓето го сметаат понеделник за „вистински“ почеток на неделата, луѓето генерално го категоризираат своето време или како време за работа или за одмор. Кога се ангажираат работно во времето што го сметаат за слободно, како што е викенд, тие искусуваат конфликт помеѓу нивните очекувања и реалноста, и како резултат, ја доживуваат својата работа како помалку исполнувачка и помалку значајна.

Што да правите ако треба да работите во слободно време?

За жал, во многу работни позиции, повремено работење за викенди или празници, па дури и во време на годишен одмор,  може да е неизбежно. Па, што да направите за да останете мотивирани кога мора да работите во таков случај? Во нашето истражување, откривме интервентна стратегија што им помогна на студентите што учеа за време на пролетниот распуст, а на вработените што  работеа во сабота, да ја одржат својата внатрешна мотивација: стратегијата ја нарековме „означување на времето како работно време“.

На пример, во една студија, на едната група што работеа во сабота им рековме „Луѓето обично ги користат викендите да го надополнат во работата тоа што го пропуштиле или да отидат малку пред другите“, а на другата група ѝ рековме „Луѓето обично ги користат викендите за да се релаксираат и да одморат малку од работата“. Нашите наоди покажуваат дека иако и двете групи работеа во слободно време, првата група се чувствуваше повеќе заинтересирана и ангажирана во својата работа и исполнувањето на целите, затоа што на времето гледаат како време за работа (наспроти времето за релаксирање).

Дали работењето во слободно време ја поткопува целата мотивација за работа?

Треба да спомнеме и дека внатрешната мотивација не е единствениот вид мотивација што ги инспирира луѓето да работат. Луѓето работат и поради т.н. надворешна мотивација (на пример, за да добијат плата, да го издржуваат семејството, итн.). И додека работењето во слободно време имаше негативен ефект врз внатрешната мотивација за работа, нашите студии не ни дадоа доказ дека тоа влијае и врз нивната надворешна мотивација. Ако конфликтот на целите поврзан со работењето за викенди и празници го поткопува нашиот капацитет да ја доживееме работата инхерентно значајна, тој не ја менува вредноста на тоа што ќе бидеме платени за работата, ќе имаме сигурност и сл.

Меѓутоа, истражувањата на Кеитлин Вули и Аелет Фишбах покажуваат дека без внатрешна мотивација, надворешната мотивација е често недоволна за да ги држи луѓето задоволни и да ги тера да дадат се’ од себе на работното место.

Поуката од сето ова е следнава: Дали ќе уживаме во својата работа ќе зависи не само од типот на активностите во коишто сме ангажирани, туку и од тоа кога сме инволвирани во тие активности. Ако треба да работиме во слободно време, обидете се да ментално да го редефинирате тоа како работно време и така ќе си помогнете да ја одржите мотивацијата. Менаџерите исто така, може да им помогнат на своите вработени со тоа што ќе ги поттикнат да не работат „после работа“, бидејќи нашите наоди покажуваат дека работењето тогаш ја намалува внатрешната мотивација и со тоа и напорот што го вложуваат во својата работа. Решението како да се остане мотивиран отсекогаш било важно, но откако пандемијата присили многу работници да работат од дома и ги оптовари со дополнителни задачи, овие стратегии ќе бидат особено важни за да помогнат вие и вашиот тим да останете продуктивни и да се вложите себеси што повеќе.

Continue Reading
македонија6 дена ago

Бајден ги стави на црна листа противниците на Охридскиот рамковен и на Преспанскиот договор

регион1 ден ago

Крајот на ерата “Пеевски“

македонија5 дена ago

„Чукни во дрво“: Алкалоид со хуманитарен видеоспот по повод 85-тиот јубилеј

економија3 дена ago

САСА одбележа 15 години од повторното отворање на рудникот

македонија6 дена ago

Туристичките бизниси ќе може да добијат „Знак за безбеден туризам“ од ССК

економија4 дена ago

Развојна банка го продолжува грејс – периодот и рокот на отплата на кредитите од Ковид – 2 линијата

економија4 дена ago

Буџетот се наполни со пари и оптимизам

интервју4 дена ago

Стево Пендаровски: Партизацијата и етнизацијата се рак-рана на општеството

lifestyle4 дена ago

Ричард Бренсон: Вселенските патувања ќе бидат како и секој друг бизнис

банки4 дена ago

Речиси 80% од домашните банки очекуваат зголемување на профитабилноста годинава