македонија
„НИКОБ“ влегува во здравствениот бизнис

ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ е нова компанија во областа на здравствените услуги. Од компанијата велат дека ќе бидат на располагање на граѓаните преку соодветни здравствени услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани.
Наскоро почнува со работа ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ, нова компанија во областа на здравствените услуги. Од компанијата велат дека ќе бидат на располагање на граѓаните преку соодветни здравствени услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорт и медицинско обезбедување на јавни настани.
„Покрај медицинските услуги преку ПЗУ Никоб Лаб обезбедуваме и услуги со најсовремена дијагностичка-биохемиска лабораторија и молекуларна дијагностика со можност за услуги во самата лабораторија како и лабораториски услуги во домашни услови. На располагање на нашите клиенти ќе бидат 20 врвно обучени медицински тимови, составени од доктори, медицински сестри, опремени со најсовремени амбулантни и санитетски возила во нашата држава и преку интегриран мониторинг систем поврзани со апликација која ќе може да ја поседуваат корисниците на нашите услуги за кои обезбедуваме брза, достапна и квалитетна здравствена услуга.“, велат од НИКОБ Медикал.
Од НИКОБ велат дека ова е проект на кој работеле со години, и преставува дел од нивното 25 годишно богато портфолио како лидери во услугите на обезбедување и брза реакција, а сега во сихронизација со најсовремените медицински практики ќе преставува уникатен концепт во нашата држава.