македонија
Никоб Медикал лидер на домашно и меѓународно ниво во медицинскиот транспорт на пациенти

Работното време на медицинскиот транспортен центар е 24 часа, 7 дена во неделата. Пациентите можат да не контактираат на телефон 15515 во текот на цело деноноќие и да обезбедат сигурен, безбеден и професионален медицински превоз согласно своите потреби.
Согледувајќи ја потребата од здравствена подршка на нашите сограѓани, како и реалната состојба со која се почесто се соочуваме во нашата земја, бевме поттикнати да обезбедиме високо квалитетни медицински возила наменети за медицински транспорт на неподвижни лица и на лица со потешкотии во мобилноста.
Никоб медикал е лидер во земјава со реализиран домашен и меѓународен медицински транспорт со над 8000 пациенти и поминати над 50 000 километри.
Имаме воспоставено соработка во земјата и во странство со дијагностички центри, здравствени домови, приватни клиники, лаборатории како и терапевтски центри за вршење на медицински транспорт на пациенти.
Работното време на медицинскиот транспортен центар е 24 часа, 7 дена во неделата. Пациентите можат да не контактираат на телефон 15515 во текот на цело деноноќие и да обезбедат сигурен, безбеден и професионален медицински превоз согласно своите потреби.
Вршиме медицински транспорт на тешко подвижни и неподвижни пациенти со медицинско возило во земјата и во странство до сите старечки домови, бањи-терапевтски центри, приватни и државни здравствени установи со возила кои се климатизирани, безбедни и удобни, опремени по европски стандарди и располагаат со најсофистицирана опрема како и сите потребни медицински материјали за професионален, удобен и сигурен медицински транспорт на нашите пациенти.
Тимот кој го врши транспортот во и надвор од земјава, е составен од Доктор на медицина, медицинска сестра/техничар и професионален возач на амбулантно возило.
„Целта на нашето постоење како здравствена установа е да им помагаме на граѓаните, да имаат избор, достапност и квалитет на здравствените услуги по најприфатливи цени,, изјави Кирил Лазаров, сопственик на Никоб Групацијата и додаде „посебно сме горди дека обезбедуваме висококвалитетни услуги во делот на медицинскиот транспорт на домашно и меѓународно ниво, за кој верувам дека сме лидери во нашата земја. Исто така, значително го помогнавме државниот здравствен систем со нашите брзи медицински интервенции и нашите капацитети. Наш најголем успех е задоволството на нашите пациенти. Секој пациент со насмеано лице за нас е поттик дека ни е дадена довербата, а со тоа ја поткрепуваме и идејата се повеќе да инвестираме и да се прошируваме во медицинскиот сектор.
Би сакал да истакнам дека инвестиравме и задржавме млад здравствен кадар – доктори, медицински сестри и техничари, на кој им обезбедивме дополнителни обуки за самостојна работа на терен.
Денес во рамките на Никоб групацијата повеќе од две години успешно функционира ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ и повеќе од една година ПЗУ НИКОБ ЛАБ, која е опремена со hi-tech технологија, софистицирана апаратура за испитување на биохемиски и молекуларно – дијагностички анализи.
Водени од потребата и интересот на нашите граѓани, би сакале да ве информираме дека набрзо ќе се прошириме во здравствениот сектор со отварање на Поликлиника на секундарно ниво која ќе им нуди на нашите пациенти специјалистички услуги во склоп на нашата здравствена установа.
Комерцијален ПР текст