Connect with us

македонија

Ниту една третина од бизнисите не вршат процена на ризиците врзани со човековите права

објавено

на

Македонските фирми помеѓу декларативните заложби и праксата

Со намера да се зголеми свесноста за сообразување на политиките за човекови права со глобалните принципи на ОН, како и да им се оддаде признание на компаниите што веќе направиле значителни напори во тој поглед во Македонија, невладината организација „Конект“ во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од ЕУ, награди неколку домашни компании.

Иако според Водечките принципи на Обединетите нации за почитување на човековите права во бизнисот (ВПОН), нивното почитување е обврска на сите сопственици на бизниси, менаџери и вработени, истражувањето што на оваа тема го спроведе здружението Конект, покажува дека речиси половина од компаниите опфатени во анализата не презентираат интерес за човековите права, освен декларативни заложби во поедини случаи. Повеќе од една третина од компаниите немаат објавено информации поврзани со почитувањето на човековите права, а само 29% од нив вршат процена на ризиците врзани за човековите права. Утврден пристап кон клучните ризици имаат само 13,6% од нив.
„Резултатите од мониторингот и анкетата го наметнуваат заклучокот дека постои релативно ниска свесност за и сообразување со ВПОН меѓу компаниите. Ова не имплицира дека отсуството на механизми за почитување на човековите права – повеќе законски акти и политики кои го регулираат работењето на компаниите, обезбедуваат широка рамка за почитување на човековите права. Сепак, бројните констатирани предизвици, врзани за имплементација на законите, како и обезбедувањето на ефективни судски вонсудски механизми за заштита и надоместување во случаи на кршење на човековите права, наметнуваат потреба од системски пристап за поттикнување на деловно работење кое го инкорпорира почитувањето на човековите права.“, вели директорката на Конект, Никица Кусиникова.
Токму со намера да се зголеми свесноста за сообразување на политиките за човекови права со глобалните принципи на ОН, како и да им се оддаде признание на компаниите што веќе направиле значителни напори во тој поглед во Македонија, Конект во рамки на проектот како дел од проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од ЕУ, награди неколку домашни компании.
На Денот на одговорни бизниси што пред неколку денови се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите ним им беше оддадено признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот на компаниите коишто применуваат добри практики и заштита на човековите права им е главна одредница во работењето. Им беше оддадено признание и на компаниите што го спроведуваат Mamforce стандардот како алатка за родова рамноправност.

Непочитувањето на човековите права носи ризик за губење на бизнисот
„Алкалоид“, „ЕВН“,„Интер Партес“, „Novomatic group of companies МК“ и „Прилепска Пиварница“ „Фармахем“, „Цементарница УСЈЕ“ добија признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот.
„Наградата ја воспоставивме за да укажеме на значењето на почитувањето на човековите права во бизнисот и да ја зајакнеме посветеноста на нашите компании во оваа насока. Очекуваме воспоставените критериуми да им укажат на компаниите како поефективно да ги насочат своите политики и практики за да се усогласат со Водечките принципи за бизнисот и човековите права на ОН и со Целите за одржлив развој. Денес речиси сите компании вработуваат работници, имаат добавувачи и деловни партнери од странство, вклучително и од земји по ниско почитување на човековите права. Тие нудат бројни производи и услуги и потребно е да знаат како да осигурат дека тие нема да бидат злоупотребени за нарушување на човековите права. Поради тоа креиравме пакет за поддршка на компаниите којшто ќе им помогне да ги идентификуваат клучните ризици во нивната компанија во однос на човековите права и да вградат политики и мерки што ќе осигурат дека ризиците нема да се реализираат“, рече Кусиникова при доделувањето на наградите.
На настанот се истакна дека бизнисите влијаат на човековите права без разлика каде се и какви се поединостите на нивното работење. Тие имаат одговорност да ги почитуваат човековите права во сите сегменти од своето работење од работните. Компаниите кои само декларативно се придржуваат кон овие обврски, ризикуваат да изгубат бизнис.
Mamforce, или зошто родовата рамноправност е важна за успешен бизнис
За спроведување на Mamforce стандардот признанија добија компаниите Коузон, Фармахем, Реплек, Овејшн и Лион од Свети Николе. Стандардот е алатка за родова еднаквост и на компаниите им овозможува да ги надградат практиките во доменот на семејната одговорност. На компаниите, признанијата им ги додели, иницијаторката на проектот Mamforce, Диjана Кобас – Дешковиќ од Хрватска и ги запозна присутните како родовата рамноправност е важна за успешен бизнис.
„Меѓународните истражувањата покажуваат дека жените се недоволно застапени на пазарниот труд, ги нема на менаџерските позиции и покрај тоа што се образовани, што значи дека како општества губиме неискористен потенцијал. Економските анализи покажуваат дека до 2050 година, доколку се имплементираат стратегии кои тргнуваат од родовиот елемент, БДП на ЕУ ќе се зголеми за 9,6%“, истакна Кобас – Дешковиќ.

MAMFORCE стандардот во државава го имплементира Конект. Процесот на имплементација се спроведува преку ревизија на компаниите во коишто се испитуваат работните услови на вработените со посебен акцент на прилагодувањето на работните услови на родителите со мали деца (работно место, работно време, дополнителни сервиси, поддршка од компанијата и колегите), можност од постепено враќање од породилното отсуство (скратено и флексибилно работно време, работа од дома, повремена работа од дома, можност за отсуство поради болест на дете), како и можност за понатамошно усовршување, напредување и родова еднаквост на највисоките управувачки позиции. Компаниите по спроведената ревизија изработуваат акциски план за воведување на дополнителни мерки со коишто се остварува право стандардот. По одреден период се прават проверки и компаниите имаат можност да се стекнат со повисок стандард.
Активностите на Ден на одговорни бизниси се дел од проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис Конфедерација и во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија”.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација