Connect with us

свет

Ништо не ги колеба туристите од ЕУ да одат на одмор летово: Медитеранот руши рекорди со број на посети

објавено

на

Грција бележи невиден промет на островите, Шпанија исто како и Хрватска пополека ја стигнува рекордната 2019-та, додека Турција привлекува огромен број на германски туристи.

Ниту поскапувањата, ниту растот на ковид случаите,  ниту хаосот по аеродромите, ниту пак црните економски прогнози за есенва, ништо засега не ги поматува плановите на европските граѓани да одат на својот летен одмор, ако се суди според статистиките што доаѓаат од познатите летувалишта на Медитеранот.  Како што пишува хрватски Пословни дневник, Грција бележи невиден промет на островите, Шпанија исто како и Хрватска пополека ја стигнува рекордната 2019-та, додека Турција привлекува огромен број на германски туристи.

Меѓународните пристигнувања на популарните грчки острови Родос, Кос, Санторини, Миконос и останатите, ги надминаа нивоата од пред пандемијата во првите 10 дена на јули за 25%, објави Јужноегејската туристичка иницијатива (SATI).

Познатото турско летувалиште Анталија, пак, до крајот на првата седмица од јули примило повеќе од еден милион германски туристи, и тоа е за првпат Германците да ги престигнат по бројност руските туристи, традиционално најбројни во Турција.

Доколку не се случи некоја вонредна ситуација околу пандемијата, од најсилната турска туристичка регија планираат да ги гостат германските туристи до ноември – според проценките таму оваа година ќе одмораат три милиони Германци, првпат после 2015 година, кога дојдоа најголем број германски туристи во историјата, 2,9 милиони.

И шпанското туристичко лудило потврдува дека европските граѓани засега ги спроведуваат своите планови за одмор. Здружението на туристичката индустрија Exceltur предвидува дека секторот во 2022 ќе има приходи од 152 милијарди евра, што е речиси исто како и во 2019.

Во Хрватска, нивната централна банка сигнализира дека домашниот туристички сектор годинава би можел да се опорави до ниво пред пандемијата. За илустрација, во првата седмица на јули цела Хрватска бележи речиси исти бројки како и пред пандемијата, односно само 3% помалку ноќевања.

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал