банки
НЛБ Банка воведе можност за бесконтактни трансакции на банкоматите
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Станува збор за надградба на банкоматите со бесконтактни читачи, кои нудат можност за подигнување на готовина и проверка на состојба со доближување на бесконтактна картичка или мобилен телефон преку NLB Pay мобилниот паричник (или преку друга апликација за мобилен паричник).
НЛБ Банка воведе можност за бесконтактно користење на услугите на своите банкомати. Оваа иновативна придобивка е достапна за сите корисници на бесконтактни платежни картички, како и за сите корисници кои имаат апликација за мобилен паричник. Во моментов услугата за бесконтактни трансакции е достапна на 80 НЛБ банкомати низ земајва.
Бесконтактните банкомати овозможуваат едноставни, брзи и безбедни трансакции. Станува збор за надградба на банкоматите со бесконтактни читачи, кои нудат можност за подигнување на готовина и проверка на состојба со доближување на бесконтактна картичка или мобилен телефон преку NLB Pay мобилниот паричник (или преку друга апликација за мобилен паричник). Принципот на бесконтактно подигнување на готовина е сличен на процесот за бесконтакно плаќање, односно корисникот треба само да ја доближи својата картичка или мобилниот телефон на означеното место на банкоматот каде е поставен знакот за бесконтактни трансакции. За секое подигнување на готовина на овој начин, без разлика на износот, неопходно е корисникот да го внесе својот ПИН код заради дополнителна заштита.
„Со воведувањето на новата функционалност за бесконтактните трансакции на нашите банкомати направивме, уште еден чекор кон унапредување на нашите услуги, а на клиентите им овозможуваме едноставна, брза и сигурна услуга. Новите функционалности на банкоматот се во прилог на новонастанатата ситуација со Covid вирусот, каде клиентите се почесто сакаат да ги користат дигиталните услуги, но и бесконтактниот начин за вршење на транскации. Преку оваа функционалност повеќе нема ризик банкоматот да ја одземе картичката, а дополнително клиентите имаат можност и воопшто да не носат картичка со себе, туку да извадат готовина само преку својот мобилен телефон.“ – изјавија од Банката.
Прочитај Уште...



A1 со нова понуда: 30 GB мобилен интернет за нов постпејд договор

Годината почнала со поголем извоз за 15,4% и увоз за 5,3%

„Џонсон Мети“ во Македонија доби нов директор

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Стравот од инфлација им пресуди на акциите

Македонската економија на среден и долг рок (6)

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.
