Connect with us

македонија

НЛБ Банка  под мотото „Свет полн со добрина е свет полн со можности“ помогна на пет граѓански организации и институции

Иницијатива на Амчам и Конект во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“
Најдобри практики за корпоративна филантропија

објавено

на

Во Македонија на пет невладини организации и институции официјално им беа врачени донации во вкупна вредност од 150.000 евра (30.000 евра за секоја). Добитниците беа избрани од вработените во Банката преку интерна анкета, препознаени како организации и институции кои носат позитивни промени и се силна поддршка во локалната заедница.

Во НЛБ Банка велат дека се особено горди на традицијата на поддршка што им се нуди на општествено корисни организации и институции кои носат позитивни промени и се силна потпора на локалната заедница.

„Работејќи на принципот на транспарентно известување за проектите што ги поддржуваме и нивното спроведување од страна на организациите, изградивме систем со кој ревносно го следиме напредокот и резултатите од нашето инвестирање во заедницата. И бидејќи преку тие организации успеваме да ги реализираме нашите заложби за подобар свет, таквата поддршка ќе ја продолжиме и во иднина. Веруваме дека на тој начин можеме да придонесеме за подобрување на квалитетот на животот и подигнување на свесноста за оние на кои им е потребна помош.“,  истакнуваат од НЛБ Банка

Приказната насловена како „Свет полн со добрина е свет полн со можности“ е токму приказна која со сите свои елементи го најде своето место, повеќе од било што друго, под „чадорот“инвестиции во заедницата и филантропија

А приказната оди вака…

Донација од по 30.000 евра од НЛБ Банка добија: Здружението за цистична фиброза, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство, Црвениот крст на град Скопје и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.

Иницијатива на ниво на цела НЛБ Групација

Во НЛБ не случајно велат дека овој регион е нивниот дом. Тука се нивните семејства, пријатели, соработници, соседи, спортисти за кои навиваат, гостилничари кои знаат како го пиеме кафето…

„Овде можеме да дишеме со полни гради, да создаваме, да доживееме подеми и падови, да градиме релации. Затоа е сосема природно што сакаме активно да учествуваме, да влијаеме и да го подобриме квалитетот на животот во нашиот дом –преку создавање можности онаму каде што недостасуваат. Нашиот свет е многу поубав и пошаренолик кога стоиме еден до друг и создаваме нови можности со нашата поддршка.“, велат од НЛБ.

Како што беше најавено при презентирањето на деловните резултати за првиот квартал од оваа година, НЛБ Групацијата одлучи да донира вкупна сума од 1,35 милиони евра на сите пазари во нивниот матичен регион каде што работи. Вработените во Групацијата предложија речиси 100 организации и со гласање на крајот избраа повеќе од 30 приматели, меѓу кои различни здруженија, хуманитарни организации и групи на кои ќе им бидат доделени средствата.

Во Македонија на пет невладини организации и институции официјално им беа врачени донации во вкупна вредност од 150.000 евра (30.000 евра за секоја). Победниците беа избрани од вработените во Банката преку интерна анкета, препознаени како организации и институции кои носат позитивни промени и се силна поддршка во локалната заедница. Приматели на донации се: Асоцијација за цистична фиброза, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство, Црвениот крст на град Скопје и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“.

Со истата мисија НЛБ Групацијата со донации на сите пазари каде што работи ја заврши минатата година. Во Македонија, НЛБ Банка со донација од вкупно 50.000 евра им ги разубави новогодишните празници на  три организации: Универзитетската клиника за детски болести, Центарот за поддршка на лица со попреченост „Пркос“ и Асоцијацијата за цистична фиброза, чиј патрон Банката е, од минатата година.

Поддржани општествено корисни проекти што ќе направат разлика

Петте организации кои ги примија донациите, средствата ги наменија за општествено корисни проекти кои можат да направат разлика.

На пример, Црвениот крст ги намени средствата за реновирање на Едукативниот центар „Солферино“, кој е единствен објект каде што ранливите категории граѓани може да ги уживаат човековите права и да учествуваат во  корисни работилници организирани од обучен кадар, без надомест. Дел од средствата се наменети за организирање работилница за психолошка поддршка на 60 лица во трето доба, како и работилница за деца и млади на тема „Врсничко насилство“.

Во отсуство на помош и лекови од Фондот за здравствено осигурување, донираните средства на Асоцијацијата за цистична фиброза ќе бидат наменети за набавка на: опрема за физикална терапија, инхалатори и витамини за пациентите со ЦФ.

Со донираните средства Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ ќе поддржи 12 корисници на Центарот за АТ и ќе опреми две работни единици кои вклучуваат: компјутери со монитори на допир, маси со подесување на висина, достапни столчиња, проектор и лаптоп компјутери.

Имајќи предвид дека предвремено родените бебиња се особено изложени на зголемен ризик од морбидитет и морталитет поради незрелоста на нивните телесни системи и фактот дека има многу предвремено родени бебиња, а недоволно инкубатори, Клиниката за гинекологија и акушерство, со донираните средства, ќе набави инкубатор.

Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство ќе ги намени средствата за Интервентниот фонд за жени и Центрите за поддршка на жените. Донацијата ќе ги поддржи жените и девојките – жртви на родово и семејно насилство кои се финансиски ранливи (невработени, со ниски примања, приматели на социјална помош), како и самохраните мајки и жени и девојчиња во ризик од бездомништво во процесот на нивна ресоцијализација и привремено обезбедување на средства и услуги за задоволување на егзистенцијалните потреби.

„Живееме во време кога солидарноста и заедништвото се поважни од кога и да е. Сведоци сме на голем број тажни и тешки животни приказни. Без разлика за какви потешкотии и препреки станува збор, доколку сме сами во битките, мала е веројатноста дека ќе успееме. Ние во НЛБ знаеме дека не можеме сами да го промениме општеството на подобро, туку само здружени и заедно со поединци и организации кои веќе работат на општествено корисни проекти. Ние сме посветени на проекти кои овозможуваат одржливост и придонесуваат за добробит на заедницата. Ваквите активности ќе продолжат и во иднина затоа што навистина сакаме да го подобриме квалитетот на животот во нашиот регион, за денешните, но и за генерациите кои доаѓаат.“, истакна Претседателот на УО на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ на настанот по повод доделувањето на донациите.

Маргарита Гулевска од „Отворете ги прозорците“ смета дека моќна заедница е онаа во која секој придонесува на најдобар начин, а успехот доаѓа кога ќе ги здружиме силите.

„Отворете ги прозорците 18 години преку асистивната технологија делува за да им се даде на луѓето со попреченост можност за квалитетно образование, што е основа за квалитетно вклучување во заедницата. Голема благодарност до НЛБ што се вклучи на тој пат и ни се придружи за заедно да го подобриме квалитетот на животот на нашите корисници.“

Елена Димушевска од Националната мрежа против насилството врз жените и семејното насилство, истакна пак, дека донацијата од НЛБ  е најголемата што ја имаат добиено досега.

„Преку двата наши фонда се обезбедува помош на повеќе од 800 корисници, а добиената сума од НЛБ Банка ќе ни овозможи да продолжиме да ја исполнуваме нашата мисија и да помагаме на што поголем број жени и деца да живеат живот без насилство“.

Ивана Атанасовска од Асоцијацијата за цистична фиброза вели дека НЛБ Банка им дала поддршка во време кога надежта за солидарност полека згаснувала. „Откако станаа наш патрон, НЛБ Банка многупати ни помогна и среќни сме што таа помош продолжува и е неселективна. Свеста за цистична фиброза е на повисоко ниво благодарение на НЛБ.“

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи